Голем годишен хороскоп за 2021 година

Голем годишен хороскоп за 2021 година
Голем годишен хороскоп за 2021 година

Како ни се наклонети ѕвездите во 2021 година? Дали следната година ќе биде подобра од оваа и што ни носи на полето на работата, здравјето и љубовта?

Овен

Венера во Јарец ќе придонесува за подобрување на вашиот друштвен живот особено на почетокот на 2021 година. Ова ќе ви донесе нови пријатели во првите неколку месеци.

Новата година ќе ја започнете со романтика и љубовни можности кои не треба да ги одбивате. Но, ова не е добро време само за романтика бидејќи Меркур во знакот на Јарец ви носи успех на секое поле. Ќе уживате во својата самодоверба, волја да учите и да се усовршувате.

Венера влетува во Бик на 4 мај што ви носи многу можности за патување на места кои не сте ги посетиле досега. Ќе бидете склони кон авантури и ќе имате смирен ум, но и добро здравје и расположение и ќе трагате по различни возбудувања.

Плутон престојува во Јарец во текот на целата 2021 година, што придонесува кон тоа да имате силна потреба да го промените својот живот. Можеби ќе чувствувате како да постои некоја борба за моќ во различни области на вашиот живот, особено на полето на кариерата, но семејните односи. Преземете иницијатива да внесете промени во вашиот живот, но имајте на ум дека ова некогаш може да делува тешко, но е исправно за вашиот живот.

Ова е година во која ќе морате да се свртите кон себеси и да се дистанцирате од луѓето кои не ве поддржуваат. Ќе знаете кој е на ваша страна и кому можете да верувате. Можни се мали проблеми со блиските пријатели, но и во љубовта околу 2 јули кога Меркур се сели во Вага.

Љубов

Изминатите неколку години беа тешки за Овните на ова поле. Можеби поминавте низ раскинувања, разидувања а некои Овни се чувствуваа осамено. Иако е можно да дојде до затегнати и тешки односи на полето на љубовта кои највеќе се должат на специфичниот карактер на Овните, сепак бидете подготвени оваа година да ви донесе една од најголемите љубови во вашиот живот.

Конечно ќе сфатите дека не е сè во работата и дека хармонијата лежи и во слатката романса и идилични љубовни односи. Така, ќе направите напор да се отворите кон другите луѓе и да им покажете колку ви значат.

Ако сте во врска, ќе бидете подготвени да ги решавате проблемите како што доаѓаат и да не дозволувате гордоста да влијае на односите во вашата врска. Вашата комуникација ќе биде отворена, искрена и ќе се држите до она што е најважно за да изнајдете компромис во врската. Ќе ви годи да минувате време со саканата личност и да не мислите на работата, но и да се дружите со пријателите. Почетокот на годината ви носи време кога ќе морате да поставите некои тешки прашања, а по 2 февруари ќе се чувствувате сакано и ценето и тоа ќе ве направи среќни и исполнети.

Средината на годината носи мали недоразбирања во врската поради соларната еклипса во Близнаци. Тоа може да донесе сомнежи и љубомора кои ќе предизвикуваат кавги. Но, август и септември носат решавање на овие проблеми.Планетата Јупитер која е главен владетел на среќата престојува во вашата брачна куќа во поголемиот дел од годината така што можен е почеток на заеднички живот или брак за многу Овни.

Ако сте слободни, февруари ви носи познанство со личност која е сосема различна од сите луѓе кои ги познавате и која е оригинална. Ќе бидете привлечени од нивниот слободен дух, но и тоа како отворено ги искажуваат своите чувства. Вашиот однос полека ќе се развива од дружење, па се до љубовна романса во која ќе бидете среќни што постои баланс во чувствата.

Кариера

Овните се еден од знаците за кои кариерата е многу важна. Сакате да се натпреварувате, па потешкотиите кои се јавуваат се често предизвик за Овните да се докажат на ова поле. Иако ги почитувате авторитетите и хиерархијата, вие верувате дека никој не може да ве пофали како што можете вие самите.

Венера во почетокот на јануари влегува во знакот на Јарец во вашето поле на кариера и успеси, така што ви доаѓаат големи можности за зголемување на приходите. До март бидете внимателни како располагате со вашите финансии. Многу ќе созреете на ова поле и тоа ќе ви се исплати многу во однос на вашите планови.

Март е најдобар период за да се посветите на некој проект кој одамна сакате да го реализирате. Иако работите нема да бидат идилични на почетокот, не се откажувајте. Останете позитивни и фокусирани и не дозволувајте малите пречки да ве спречат да стигнете до една голема победа. Како што Венера во Јарец ќе ви помогне во подобрување на љубовните и пријателските односи, така и ќе ја подобри вашата комуникација на работното место.

Соларната еклипса во јуни носи откажување на некои договори а други важни преговори нема да вроди со плод. Избегнувајте ризични вложувања овој период и одбегнете отпочнување нов бизнис. Во јули ќе работите на повеќе проекти истовремено и тоа ќе ви донесе голема самодоверба поради успехот кој ќе го постигнувате.

За некои Овни доаѓа до напуштање на работното место поради лошите услови во текот на април, но мошне брзо ќе се најдете на ново работно место каде ќе се чувствувате поценети.Невработените Овни ќе имаат можност да се вработат во месеците март, август и септември.

Здравје

2021 година ќе донесе добро здравје и весело расположение за родените во овој знак. Меѓутоа, бидете внимателни околу тегобите кои ќе се појават во текот на годината и задолжително посетете лекар ако тие траат повеќе од 2 недели. Немојте да бидете премногу опуштени кога станува збор за здравјето дури и кога навидум ви изгледа дека сте здрави како дрен.

Можни се мали проблеми со здравјето на почетокот на февруари, особено кај зглобовите и кај оние Овни кои имаат проблеми со артритисот. Јуни носи мали проблеми поврзани со дишењето.

Избегнувајте физичко и ментално истоштување и не заборавајте на рекреацијата и спортот. Вие сте познати по тоа што работите до истоштување, но сега не е време за тоа, поработете на тоа да се опуштите и да развиете добар имунитет.

Оваа година е особено важно да внимавате на своето ментално здравје. Размислете за активности кои не сте ги пробале досега, сето она што одговара на вашата личност, а може да ви помогне да го намалите нивото на стрес.

Хороскоп по месеци

Јануари: Јануари ви носи обновено чувство на енергија во вашиот живот. Ќе сакате да напредувате на некој нов начин, но ќе уживате и во повратената енергија и ќе уживате во времето поминато со најблиските. Само напред!

Февруари: Февруари ви носи фокус на вашите односи. Ова ги вклучува вашите врски, како и една ситуација со личност која одамна ви се допаѓа. Можен е почеток на врска која ќе резултира со брак. Не се плашете, ова е шанса која морате да ја искористите.

Март: Ова е месец кој ќе ве вознемири и ќе ви донесе малку потешка енергија. Ќе чувствувате бес и ќе очекувате голема помош од пријателите. Ова е период кој ќе ги стави на тест вашите пријателства и ќе ви покаже кои се вистинските пријатели.

Април: Април е особено среќен месец за вас. Ќе се почувствувате моќно и самоуверено и постојано ќе си повторувате дека животот е убав. За некои Овни, ова ќе биде месец исполнет со силна страст и романса.

Мај: Мај ви доаѓа како потсетник да најдете рамнотежа меѓу вашиот професионален и приватен живот. Вие често знаете да се залетате и да заборавите на личните потреби, но мај ве учи како да го одржите балансот.

Јуни: Јуни носи мали тешкотии бидејќи Меркур ќе биде ретрограден во голем дел од месецот. Ќе бидете помалку трпеливи, често бесни, но и ќе се соочувате со проблеми во комуникацијата.

Јули: Јули е месец кога ќе треба да се фокусирате на вашето семејство и своите романтични врски. Покажете им на луѓето колку ви значат.

Август: Август ќе биде сличен на јули, но со повеќе нежност и страст. Некои Овни ќе стапат на лудиот камен, а други пак ќе се соочат со немир и анализи каде сакаат да се одвива нивниот живот во преостанатите месеци од 2021.

Септември: Ова е период на нови промени и нови нешта во вашиот живот. Супер време да се ослободите од вашата удобност и да запознаете нови луѓе преку нови хобија и проекти. Ќе донесете важна одлука која ќе влијае на вашиот живот.

Октомври: Ова е месец кој треба да донесе среќа во вашите финансии, но и љубовта. Но, многу работи ќе зависат токму од вас. Послушајте ги советите на пријателите, тоа ќе ви донесе голем успех.

Ноември: Ноември носи обновено чувство на креативност и убава енергија која ќе бара од вас да се покажете пред другите. Ќе започнете важни проекти кои ќе ги импресионирате вашите надредени.

Декември: Годината ќе заврши на прекрасен начин за вас. Ова е месец кој ќе побара од вас да донесете важни одлуки, а крајот на месецот носи и едно мало слатко патување.

Бик

Планетите ви се наклонети оваа година, така што загарантирано ќе водите здрав и среќен живот. За разлика од претходните години, ќе наидете на многу позитивни вибрации кои ќе ви помогнат во јакнење на вашите односи со другите луѓе. Сепак, можни се промени во расположението кои ќе ве следат во текот на целата година и треба да бидете особено внимателни во однос на тоа.

Ова е година која е одлична за анализа и интроспекција, за работа на своите цели, но и повторно поврзување со вашите блиски. Не се плашете да побарате помош особено кога ќе се чувствувате осамено и одржувајте блиски односи со вашите драги личности, особено оние кои поради различни причини ги занемаривте во текот на 2020 година.

За одредени Бикови, доаѓа до проблеми со сонот, а тоа особено ќе се случи во периодот на ретрограден Меркур, кога вашата напнатост ќе биде до плафон. Што е уште полошо, недостатокот на сон може да ве прави раздразливи и нервозни, па тоа ќе ви донесе негативна енергија.

За вас завршува еден циклус кој започна во 2007 година, па заега е време да започнете нова мисија. Планетата Уран влијае на вашата енергија овој период што ќе направи да се фокусирате на вашата кармичка енергија. Можно е да дојде до промени на повеќе полиња, но држете ги очите отворени што и да се случува. Прифатете ги сите можности кои ви ги носи Венера во Водолија. Ова не е период кога треба да бидете претпазливи, срамежливи и да се плашите од промени.

Април е месец кога ќе се посветите на своето физичко и ментално здравје, а летото ви носи задоволство и успех.

Љубов

Венера ќе биде планетата која по подолго време ќе ви донесе емоционално поврзување и ослободување од стравот дека можеби ќе бидете повредени. Ќе добиете шанса темелно да ја смените својата перцепција во однос на љубовта. Тоа ќе ги изненади вашите блиски кои нема да знаат како да реагираат. Ќе се грижите за другите, но ќе посакате и другите да ја докажат својата љубов кон вас. И понатаму ќе имате високи стандарди во однос на партнерите со кои сакате да бидете, но сега ќе го спуштите ѕидот и ќе им дозволувате да ви приоѓаат.

Ако сте слободни, ова е година во која нема да останете сами. Можно е да пронајдете партнер преку социјалните мрежи, а тоа ќе биде личност која ќе ве освои со својот интелект и емпатија, а потоа изненадно и со својот физички изглед. Сепак, неповолен период за ова е почетокот на годината кога постојано ќе наидувате на луѓе кои се себични и бараат многу од вас. Некоја љубов од минатото ќе посака да се врати во вашиот живот во март, но не би било добро да го направите тоа. Длабока љубов и силна страст доаѓа за многу Бикови оваа 2021 година, особено во периодот на октомври.

За оние кои се во врска, почетокот на годината носи напнатост во односите со саканата личност, поради потребата и двајцата да доминирате во врската. Сепак, Јупитер носи надминување на сомнежите, збунетоста и несигурноста во вашата врска. Сепак, ќе постојат денови кога нема да можете да ги контролирате своите негативни емоции, но и тоа ќе помине.

Кариера

Вие сте личности кои сакаат да работат бавно и темелно, без брзање. Родени сте за трговија и меѓународна работа, а често имате и двојни или тајни приходи. Сатурн ќе минува низ знакот Водолија во вашето поле на работа и кариера, што значи дека за вас се отвораат многу можности за долгорочни, а успешни проекти. Самиот почеток на годината ви носи интензивна динамика, но и мали несогласувања со надредените во однос на идеите.

Од почетокот на годината до крајот на јули, Марс ќе биде во Вага што значи дека ќе минувате многу време на своето работно место и ќе имате многу прекувремени часови. За некои Бикови, тоа ќе донесе голем стрес, а за други задоволство дека се продуктивни и дека конечно нешто им тргнува на добро. Од март до мај доаѓа успех за оние кои работат во областите на информации и информатички технологии, комуникации и сообраќај.

Иако 2021 година ќе биде особено тешка на полето на финансиите и кариерата, за вас тоа нема да биде така. Ќе се соочите со многу интересни можности, но ќе треба и да знаете каде да ги побарате. Некои Бикови конечно ќе донесат одлука да дадат отказ од своето работно место и да започнат свој бизнис.

Ова ќе биде година во која ќе се фокусирате и на стекнување нови вештини и ќе бидете свесни за своите можности, но и слабости. Во текот на целата година ќе се однесувате професионално и ќе ги воодушевувате своите надредени. Нема да се плашите да планирате и темелно, чекор по чекор да навлегувате во нови проекти. Јануари ви носи мали потешкотии на ова поле, но тоа не значи дека целата година ќе биде таква. Март ви носи можност да одлучите што точно сакате да бидете и да правите во натамошниот период и направете го тоа без премногу стрес и премислувања.

Годината која ви претстои ви носи одлични можности за хуманитарна работа и патувања.

Здравје

Првите три месеци од 2021 година носат стабилно здравје. Можно е опаѓање на имунитетот во април кога ќе се соочите и со алергии и проблеми со дишењето. Можни се и вирусни инфекции, но имајте на ум дека сето ова се мали ситуации на кои ќе треба да обрнете внимание и да земате доволно суплементи.

Практикувајте редовно движење и здрава исхрана.

Хороскоп по месеци

Јануари: Ова е месец кој ви ја носи потребната енергија за да завршите многу работи кои не успеавте да ги завршите во 2020 година. Време е и за обновување на стари пријателства.

Февруари: Вториот месец од годината е време кога е најдобро да останете фокусирани на професионалното поле. Доаѓа до подобрување на односите со колегите и соработката со партнерите. Сепак, овој месец носи и расчистување на односите со личност која не ви е вистински пријател.

Март: Совршено време за хобија и нови интереси. Внимателно користете ја својата кредитна картичка. Пријателите ќе ве изненадат позитивно во однос на нешто што ви значи.

Април: Ова е ваш месец во кој доаѓа време за самоанализа. Можно е неверство за некои Бикови кои се во долга врска или брак.

Мај: Мај ја носи Венера во вашата десетта куќа каде ќе поработите на подобрување на вашиот друштвен живот. Комуникацијата ќе биде на особено високо ниво овој период.

Јуни: Јуни е месец кога треба да се фокусирате на семејството и вашите сакани. Можни се и големи промени во љубовта.

Јули: Одличен месец за личните односи. Пробајте да се поврзете и со колегите со кои можете да станете пријатели.

Август: Август ви носи мали промени поради кои ќе се чувствувате непријатно.

Септември: Ова е одличен период да се фокусирате на вашиот љубовен живот. Останете смирени и комуницирајте трпеливо.

Октомври: Октомври бара од вас да се смирите и да одморите. Време е за анализа и за планирање за остатокот од годината. Не се навраќајте на стари љубови од минатото.

Ноември: Совршен период да се посветите на своите цели и проекти. Важно е да внимавате на своите финансии.

Декември: Побарајте помош од вашите пријатели, ако ви е потребна. Признајте ги своите стравови и грижи. Тоа ќе ви помогне да се чувствувате подобро.

Близнаци

Ова е година која ви носи големи промени особено во вашиот друштвен живот. Држете ги своите пријатели блиску до себе и не дозволувајте мали кавги и ситници да влијаат на тоа како ќе се поставите кон нив. Ова ќе биде посебна година во која ќе бидете задоволни од поддршката на планетите. Ќе се соочите со значително помалку препреки од изминатите години и тоа ќе ви донесе чувство на леснотија и среќа.

Јупитер ќе ви донесе успех во вашите планови и цели, но и ќе ве држи приземјени. Но, успехот ќе дојде само ако имате конкретен план на делување.

Некои Близнаци ќе ја започнат годината со нова личност во нивниот живот. Тоа може да биде пријател, но и романтичен партнер или пак дури и раѓање на дете. Ова е година на многу нови почетоци.

Кариера

Новата година за Близнаците започнува со нови предизвици. Јупитер кој владее со вашето поле на кариера и работа на средината на јануари прави квадрат со Уран што ви носи сосема поинакви методи во начинот на работа. Можни се мали подметнувања и проблеми предизвикани од колегите за кои нема да знаете од каде доаѓаат но не се оптоварувајте премногу бидејќи вистината брзо ќе излезе на виделина.

Февруари ви носи одлична соработка со странство, а март носи многу можности за професионални проекти кои ќе бараат голема организација и договори од вас.

Невработените Близнаци во текот на март, април, јуни и септември имаат поволни шанси за нова работа, особено во областите каде се бара креативност, снаодливост и лесно решавање проблеми.

Љубов

Влијанието на Венера ви носи среќа во љубовта, а една интересна љубовна ситуација ве очекува уште во јануари, без оглед на тоа дали сте или не сте во врска. Но, треба да знаете дека иако станува збор за голема љубов, оваа ситуација ќе биде како голема бура која ќе го извади и најдоброто и најлошото од вас.

Меркур, вашиот владетел ќе биде ретрограден три пати во текот на 2021 година така што ќе се сосредоточите на себеси. Некои Близнаци ќе бидат вистински освојувачи и авантуристи и повеќе ќе сакаат авантури и физичко поврзување отколку романса. Но, веќе од мај ќе посакате да се фокусирате на друга личност а можни се и префрлања од најблиските ако лудо се заљубите.

Ако сте во врска, почетокот на годината носи сомнежи и неочекувани несогласувања поради квадратот на Јупитер со Уран. Вашиот партнер ќе чувствува како да криете нешто. Лунарната еклипса во Стрелец во мај ќе донесе емоционално повлекување во себе. Оваа година може да донесе прекин на некои врски, па ќе посакате и малку да одморите од љубовта.

Ако сте слободни, почетокот на годината ви носи изненадно познанство со личност која навидум изгледа како идеален партнер и многу брзо ќе се заљубите. Набрзо ќе видите дека можеби не сте еден за друг, но не треба да се разочарувате, бидејќи оваа година ви носи многу можности за љубов. Најдобар период за отпочнување врска е меѓу мај и јули, а големи се шансите потенцијалниот партнер да го запознаете преку работа.

Некои Близнаци ќе запознаат личност од странство и ќе се потрудат да одржат врска на далечина. Врската ќе напредува и ќе стане сериозна на почетокот на есента, кога веројатно ќе започнете и заеднички живот.

Здравје

Почетокот на годината ви носи слаб имунитет и склоност кон воспаленија на грлото и синусите. Ќе биде зголемена и вашата чувствителност на стрес, што ќе предизвика и психосоматски проблеми. Од март до јуни, вашето здравје ќе биде променливо, а во јули можни се мали проблеми со дишењето и варирање на крвниот притисок. Од август до ноември ве очекува одлично здравје и многу енергија.

Стресот и нервозата ќе бидат малку поизразени од вообичаено, така што добро е да одите на прошетки, планина и да вежбате повеќе.

Хороскоп по месеци

Јануари: Јануари е погоден месец за самоанализа, посебно кога станува збор за вашите односи. Размислете што сакате да постигнете оваа година и направете планови и цели за делување.

Февруари: Ова е месец кој ви носи јаснотија и бистар ум, но и совршен период за изнаоѓање баланс меѓу работата и вашиот друштвен живот.

Март: Март носи убава енергија. Нашиот совет е да се фокусирате на кариерата и да побарате нова работа, ако чувствувате потреба за тоа.

Април: Април е месец за најблиските.

Мај: Мај е одличен месец да се фокусирате на својот љубовен живот и вашата комуникација со другите. Пробајте да заборавите на луѓето од вашето минато и да се сосредоточите на тоа што го имате во сегашноста.

Јуни: Внимавајте на финансиите во текот на јуни и посветете се на своите креативни потфати. Не дозволувајте Јупитер да ви создава фрустрации, а особено не тие фрустрации да ги исфрлате на најблиските.

Јули: Ова е месец кога треба да се обрне внимние на финансиите, но и романтичните врски. Ангажирајте се повеќе во љубовта и покажете ги своите чувства.

Август: Овој летен месец ви носи позитивно расположение. Минувајте време со саканите и не бегајте за да бидете сами. Време е и за промена на вашиот стил.

Септември: Ова е уште еден месец за самоанализа, така што фокусирајте се на себеси.

Октомври: Ова е месец кога треба да се фокусирате на својата врска, но и на односите со семејството. Можни се ситни нервози на работа, бидејќи работите нема да се одвиваат според планираното.

Ноември: Ноември носи зголемена чувствителност, што може да ги упропасти слабите љубовни врски. Пробајте да се занимавате со некое хоби кое ќе ве опушти.

Декември: Декември е мирен месец.

Рак

Оваа нова година ви носи многу промени пред вас, а најголем дел од нив ќе бидат на подобро. Уште на самиот почеток на годината ќе забележите напредок во некои области. Не се држете до некои свои стари навики по секоја цена. Веќе доволно направивте за другите, така што направете оваа 2021 година да биде посветена на вас.

Можно е малку потешко да пловите додека Сатурн е во Јарец на почетокот на годината, но тоа не е ништо лошо туку само работите ќе се одвиваат побавно. Ќе имате голема улога во носењето големи одлуки во вашите пријателства, така што потрудете се да давате добри совети.

Ќе бидете благословени со Марс во Вага од почетокот на годината до јули, што ќе ве натера повеќе време да минувате во домот и со вашето семејство.

Кариера

Новата година ќе започне динамично со големи предизвици. Марс кој владее со вашето поле на кариера прави квадрат со Сатурн и Јупитер и конункција со Уран во јануари. Така, можни се мали застои во однос на финансиите, но и несогласувања со вашите соработници. Февруари ви носи подобрување на комуникацијата и односите со колегите, како и можност за нови клиенти. Сепак, внимавајте на понуди од сомнителни луѓе во текот на април. Мај носи нови методи во работата и ќе имате генерално добра интуиција која ќе ви донесе многу интересни проекти и соработки. Јули е тежок месец во однос на финансиите.

Од почетокот на мај можно е да почнете да размислувате за сопствен бизнис, а ќе ја имате поддршката на Венера во Бик за тоа.

Љубов

Оваа година ќе се покаже како интересна за љубов и романса, па треба да гледате на неа како на еден вид излет. Ова е како некое патување низ историјата на вашиот романтичен живот. На крајот на патувањето, ќе знаете точно каде сакате да бидете и со кого. Јануари може да ве потсети на вашата прва љубов, а тоа ќе ви врати многу сеќавања и емоции кои ве поврзуваат со минатото. Немојте да бидете доминантни и полни со себеси, туку отворете се кон другите луѓе, без оглед на тоа дали сте сами или во врска. Не дозволувајте работата да ви влијае на бракот или врската.

Мај ви носи многу интересни личности околу вас, а ова е особено среќен месец за сите Ракови. Можен е брак за некои претставници на овој знак.

Ако сте во врска, можно е да имате впечаток дека саканата личност ве гуши, па ќе посакате повеќе слобода особено за време на квадратот на Сатурн со Уран. Некои Ракови можно е и да ја прекинат врската. Во периодот меѓу март и септември на саканата личност ќе и пружате безрезервна поддршка и ќе бидете емоционално одлично усогласени. Ако вашата врска е добра, во 2021 ќе стане уште подобра, но во спротивно ако е заснована на недоверба и несигурност, можно е брзо работите да се растурат.

Ако сте слободни, оваа година ви носи мали тешкотии на ова поле. Ќе се појават личности кои сакаат да ви се приближат, а од друга страна некој кој ги поседува сите квалитети за вас ќе биде сосема невидлив. Летниот период ви носи напнати авантури и несогласувања, каде страста ќе биде на прво место. Веќе во септември можно е да запознаете личност која е соодветна за да започнете врска и да се посветите на тоа.

Романтични ситуации ќе имате многу, но треба да сте внимателни ако е со некој од огнените знаци Лав или Овен.

Здравје

Јупитер кој владее со вашето поле на здравје во јануари прави квадрат со Уран и тоа ја зголемува вашата чувствителност на стресот. Можно е да чувствувате и физички симптоми и да се прашувате од каде се. Соларната еклипса во Стрелец во декември ви носи пад на имунитетот и вирусни воспаленија.

Неопходна ви е исхрана богата со витамини и протеини, како и природни влакна. Најдете време да се посветите на готвење здрава храна и на некои свои навики кои ве просветлуваат и ви помагаат да се одморите.

Хороскоп по месеци

Јануари: Ова е месец кога Сонцето во Јарец ви носи благослов на вашите љубовни врски, но и во секој дел од животот. Ова е совршено време некому да признаете љубов. Желудникот ќе ви биде слаба страна, бидете внимателни.

Февруари: Ова е среќен месец за Раковите. Веројатно ќе забележите јакнење на вашите романтични врски. Вашата сензитивна страна може да излезе на површина, а исто така да се зголемат и вашите приходи.

Март: Март ви носи сонлива природа поради тоа што Сонцето ќе биде во Риби. Ова е време кога треба да се посветите на своите проекти и да ги подобрите пријателствата.

Април: Април е совршен месец за кариерно унапредување. Крајот на месецот носи влез на Марс во знакот Рак, што ќе ви помогне да бидете попродуктивни од вообичаено. Внимавајте само на тоа со кого флертувате овој месец, можно е да се разочарате.

Мај: Мај ве охрабрува да се фокусирате на кариерата. Но, пробајте да одржите баланс меѓу професионалниот и личниот живот. Ова е месец кога ќе ви годат нови ситуации за да ја разбијат монотонијата во вашиот живот.

Јуни: Јуни е време кога Венера влегува во Рак, што е совршен период за љубов. Марс ви дава и дополнителна сила да се фокусирате на љубовта, а на вас е да откриете што е тоа што сакате да го постигнете.

Јули: Јули е месец за финансиите, а можно е да трошите повеќе пари на вашето хоби. Доаѓаат убави промени кои ќе ве направат среќни.

Август: Во август ќе морате да бидете одлучни за да ги остварите своите цели, а ќе треба и да работите напорно за тоа. Можна е и мала нервоза поради некои грешки од минатото.

Септември: Септември е време да го ревидирате вашиот план и да видите што е она што треба да го постигнете во претстојните месеци од 2021. Можно е и кратко патување.

Октомври: Време на голем благослов и убавина во вашето друштво. Можно е да запознаете некои нови луѓе, а да забележите и напредок на полето на финансиите.

Ноември: Ова е месец кој може да донесе конфликти, што е прилично стресно за вас.

Декември: Декември носи надеж за подобро утре. Ќе се чувствувате амбициозно, посебно кога станува збор за кариерата. Можно е некои Ракови да го променат своето работно место.

Лав

Лавовите влегуваат во 2021 во победнички стил со помош на Венера во Стрелец која ви носи прекрасни можности. Вашите инстинкти се активирани и постојано ќе бидете во потрага по напредок. Сепак, важно е да ја почнете годината со фокус на здравјето и тоа да ви биде приоритет пред да се осврнете на другите работи.

Ова е година во која Лавовите ќе ги подобрат своите односи со многу луѓе околу нив, а можни се и нови врски и пријателства. Поволните прилики ќе доаѓаат без да ги барате, само ќе треба да се трудите да ги искористите. Ова е година во која многу ќе бидете сигурни во себе, но и во одлуките кои ги носите. На полето на работата ќе бидете охрабрени да преземате смели чекори, а ова е годината кога и конечно за вас доаѓа унапредувањето на кое одамна чекате. Оваа година од вас бара да бидете храбри и одлучни. Сепак, избегнувајте претерано да ги покажувате своите емоции, особено кога сте бесни и да не избувнувате без потреба.

Кариера

Новата година за вас почнува со влегувањето на Марс во Бик и вашето поле на работа и кариера. Тоа може да ви донесе некои мали предизвици така што ќе морате да вложите големи напори доколку сакате да отпочнете нови проекти. Вашите надредени ќе притискаат на некои работи, а вие ќе се соочувате со удари од сите страни. Но, за среќа ваквиот период нема да трае долго, но можно е да ве истошти.

Конјункцијата на Марс со Уран во вашето поле на работа ќе ви донесе нови позиции или промени кои не сте ги очекувале. Февруари носи успех на полето на јавноста, но и нови договори и партнерства кои ќе ви донесат добра заработувачка во иднина. Во текот на март и април ќе добиете можност да ги подобрите своите финансии и да добиете унапредување во кариерата. Август и септември не ви носат ништо ново,па така тие се одличен период за одмор.

Невработените Лавови ќе имаат највеќе успех во добивање нова работа на полето на финансиите, администрацијата, комуникациите и тн.

Љубов

Ова е година во која ќе треба да бидете трпеливи и да оставите некои работи да се одвиваат сами од себе. Во 2021 година можен е и почеток на брак или заеднички живот. Ако е така, најдобри месеци за тоа се сите месеци меѓу април и септември. Верувајте во љубовта, бидете нежни и оптимистични. Влезот на Венера во Водолија на 21 јануари ви носи магнетска привлечност и романтични врски кои ќе ве воодушеват.

Ако сте во врска, почетокот на годината носи несогласувања околу заедничките цели што ќе ви дојде неочекувано и ќе ви донесе голем немир во врската. Од март веќе полесно ќе се договарате и да правите компромиси. Страста чука на вашата врата во текот на овој период па ќе бидете насочени само кон саканата личност и никој друг. Втората половина од годината ви носи тврдоглавост од страна на партнерот, но и обид за заеднички живот. За некои Лавови кои се во врска која е базирана на цврсти столбови, доаѓа до обновување на љубовта на начин на којшто не сте го очекувале тоа. Вашиот љубовен живот ќе оди на подобро дури и за време на ретроградниот Меркур.

Ако сте слободни, почетокот на годината носи мало разочарување и незадоволство. Луѓето кои ќе ве привлекуваат со својот изглед ќе бидат прилично тешки и сомничави, така што лесно ќе се откажувате од сите обиди да се докажувате со нив. На есен, веќе работите се одлично поставени па за вас доаѓа вистинска љубов.

Некои Лавови во текот на март ќе сретнат личност од друга држава која целосно ќе ги освои. Ќе посакате да дознаете што е можно повеќе за таа личност, а ќе ви делува како да сте ја нашле својата сродна душа.

Здравје

Можни се тегоби во пределот на зглобовите, како и воспаленија на грлото. Од март до мај ве очекува стабилно здравје. Одмарајте повеќе во текот на овие месеци. Особено треба да бидат внимателни оние Лавови кои имаат проблем со дијабетес, како и оние кои се под постојан стрес. Ако почнете да се чувствувате лошо, побарајте лекарска помош но бидете подалеку од вашите членови на семејството.

Вашето ниво на енергија и виталност ќе се зголемуваат како што ќе одминува годината, па затоа ќе биде важно да се фокусирате на редовна физичка активност и здрава исхрана.

Хороскоп по месеци

Јануари: Првиот месец од годината ви носи свежа енергија која ќе ви помогне да се справите со сите предизвици. Ова е и одличен период за нови пријатели кои ќе бидат покрај вас во текот на целата година.

Февруари: Ова е месец на самоанализа. Нема да бидете претерано активни на социјалното поле, а можно е да посакате повеќе да поминете време со семејството и да побарате совети од нив.

Март: Март е месец кога треба да се фокусирате на финансиите, но и на вашиот љубовен живот. Можно е унапредување или нова работа.

Април: Април бара да изберете меѓу романтичниот живот или вашите финансии и да поставите приоритети. Ако се сосредоточите на својата кариера, сигурно ќе се истакнете. Ако се насочите на љубовта, таа ќе биде стабилна како мирно море.

Мај: Мај ви носи одмор и време за размислување што понатаму. Ако ви надојде лошо расположение, не се грижете, тоа нема да трае долго.

Јуни: Совршен месец за романса, бидејќи Венера ќе престојува во вашиот знак.

Јули: Јули ве поттикнува да се фокусирате на кариерата, а во тоа ќе ви помогне Марс во Лав. Можно е да отидете на едно долго планирано патување.

Август: Август е месец за пријателите. Послушајте го советот на своето тело и почнете да спортувате.

Септември: Ова е период кога треба да ги послушате другите и да сфатите низ што минуваат. Бидете тука за нив како пријател.

Октомври: Октомври носи олеснување и опуштање, но можни се мали потешкотии на работа кои ќе се решат сами од себе.

Ноември: Овој месец ви носи среќа и баланс во животот.

Декември: Декември ви носи сила и одлучност.

Девица

Ова е важна година за надминување на некои неуспеси од минатото, а тоа ќе го постигнете со напорна работа и истрајност. Некогаш ќе посакате да се оддалечите од другите луѓе, а таквите чувства силно ќе се манифестираат на крајот на годината. Вашиот интелект ќе биде клуч за вашиот успех во 2021 година. Ќе бидете отворени кон другите и истрајни како никогаш досега.

Можно е да се посветите на добротворна работа и духовност, што ќе ви донесе убаво чувство во животот. Ќе се чувствувате одлично – ментално и физички.

Сепак, ова е година во која ќе морате да ги прифатите работите онакви какви што се. Годината ви носи среќа, но и многу промени.

Планетите се одлично поставени така што ви носат богатство од убави ситуации. Ќе се усогласувате лесно со другите и ќе ги разбирате, а ќе сакате и да го проширите својот круг н пријатели.

Кариера

Почетокот на годината е поволен за оние Девици кои се занимаваат со услуги, но можни се проблеми за оние кои работат со странство, образование и транспорт. Ќе треба да научите да ја распределувате работата и да не преземате премногу обврски на себе, бидејќи тоа може да ви донесе голем стрес. Најголемите успеси за вас доаѓаат во текот на летото, кога ќе ја добиете и поддршката од вашите шефови и ќе бидете наградени за својот труд.

Од јануари до април доаѓа стабилност во финансиите, што ќе ви донесе и генерално добро чувство и спокој овие месеци. Во текот на август и септември ве очекува успех во преговорите, трговијата и јавните дејности.

Невработените Девици ќе имаат среќа во месеците јануари, април, мај, август и октомври.

Љубов

Во 2021 година ќе се однесувате младешки и ќе се носите со многу интензивни љубовни и страствени ситуации. Некои Девици ќе бидат заведени од интересна личност и ќе се чувствуваат како да ја пронашле својата сродна душа. Оваа година, Нептун има големо влијание на вашите врски, што ќе направите саканите да се потпираат на вас и тоа во голема мера. Треба повеќе внимание да обрнете на романсата и сензуалноста и да се потрудите другите луѓе да ги видите во вистинско светло, без постојано да барате совршенство во нив, бидејќи тоа не постои.

Јануари и февруари ви носат некои стари емоции, кои ќе бидат прилично силни. Таквите гласови од минатото ќе бидат уште погласни на пролет.

Ако сте во врска, првата половина ви носи можност да ја подобрите својата врска и да и понудите љубов на саканата личност на начин на кој не сте го направиле тоа досега. Венера минува низ вашето поле на љубов во март и ви носи топлина и поддршка, а слична ситуација ве очекува и во јули кога Јупитер ќе биде во знакот Риби.

Ако не сте во врска, во февруари ве очекува судбоносна средба со личност која е многу блиску до она што го посакувате кај својот животен партнер. Обостраната привлечност ќе придонесе за брзо влегување во врска, но и заеднички планови.

Некои Девици во средината на годината ги очекува почеток на врска со личност која ќе ја запознаат преку работа. Други пак ќе запознаат нова личност во средината на септември, а тоа е личност која целосно ќе го промени вашиот свет.

Здравје

Планетата Марс во текот на целата година ќе биде во Јарец и Водолија, а тоа ќе ви помогне да го подобрите своето физичко и психичко здравје. Влијанието на Јарец ќе придонесе да минувате многу време во природа. Вашиот имунитет ќе биде на завидно ниво, па ќе чувствувате многу сила и енергија, кои ќе ве водат напред.

Наесен доаѓа мал период кога ќе се чувствувате уморно, па тогаш е најдобро време да ги оставите сите работи на страна и добро да се одморите. Ќе ви биде потребен душевен мир.

Хороскоп по месеци

Јануари: Влијанието на Меркур ви носи подобрување на односите со семејството и пријателите. Ова е одличен период да бидете дома и да поминете време со најблиските.

Февруари: Во февруари ќе се фокусирате на своето здравје и работа. Ова е среќен месец за планирате на иднината и усовршување на вашето знаење.

Март: Март ви носи неколку планети во знакот Риби, што ќе ви помогне да ја подобрите својата креативност, но и кариерата. Исто така, ова е одличен месец за почнување заеднички живот со саканата личност.

Април: Април е месец за самоиспитување. Сосредоточете се на својот друштвен живот, посебно оној со колегите од работа. Може да ви се укаже и можност да го промените своето работно место. Не заборавајте да го одржувате своето здравје.

Мај: Мај ви носи чувство на стабилност. Работетете на подобрување на вашето секојдневие и не дозволувајте чувството на немир да ве спречи во вашите цели.

Јуни: Јуни ни го носи ретроградниот Меркур кој може да донесе одредени неуспеси.

Јули: Јули носи враќање во нормалата. Фокусирајте се на своите проекти и хобија. Вашите љубовни чувства ќе бидат интензивни и разновидни, но не ги чувајте за себе.

Август: Овој летен месец носи убава енергија и позитивни чувства.

Септември: Во септември ќе чувствувате силна љубов и ќе сакате да им покажете на луѓето дека ги сакате.

Октомври: Во текот на овој месец, Венера е во Стрелец што ве охрабрува да продолжите со своите интелектуални напори. Проучувајте ги своите работи кои ве интересираат. Ова е и одличен период за нови проекти.

Ноември: Ќе бидете зафатени и ќе брзате секаде. Потрудете се само да го избегнете стресот.

Декември: Ова е месец во кој ќе планирате, но бидете внимателни вашата љубопитност да не ви создаде проблеми.

Вага

Оваа година ќе ја започнете со позитивна енергија кој ќе ве поттикне да излезете и истражувате. Ова е период на силна енергија за вас, кој ќе ве одржува мотивирани и стабилни. Ќе имате весело расположение и лесно и без напор ќе се поврзувате со луѓето околу вас. Вагите не сакаат да бидат сами, тие постојано бараат друштво, па оваа година ќе биде многу подобра на ова поле. Ова е одличен период да ги обновите старите пријателства како и стари хобија.

Оваа година е одлична за поставување некои долгорочни планови за вашата иднина. Добри вести ќе има многу, но треба да сте во добро расположение за да ги препознаете како такви, па затоа потрудете се околу тоа.

Оваа година може да се покаже како една од најуспешните за вас. Со транзитот на Сатурн и Јупитер, двојната енергија ќе ја подобри благосостојбата во вашиот живот. Планетарните аспекти се добри и за подобрување на вашето здравје и виталност. Голем дел од годината, Уран ќе помине во знакот Овен што може да предизвика промени во вашиот семеен живот. Можеби ќе треба да се грижите повеќе за некои членови на вашето семејство. Веројатно ќе сакате и да ја подобрите својата љубовна врска, а одличен период за тоа е периодот меѓу ноември и декември.

Кариера

Новата година почнува со влегувањето на Марс во знакот на Бик што ве предупредува да бидете внимателни со своите трошоци и да избегнувате задолжувања.

Во текот на март ќе имате добро чувство за партнерства и соработка, а особен успех ве очекува на полињата на јавност и комуникации, администрација и услуги. Тоа е период и кога се подобрува платниот промет и се зголемува заработувачката.

Невработените Ваги ги очекува успех во месеците март, април и мај, но и септември и октомври.

Љубов

Оваа година ви носи голема лекција да не попуштате пред лажните илузии, да го живеете својот живот и да бидете посветени и предадени на она што го сакате. За некои Ваги стигнува неочекувана принова која ќе им донесе среќно и ведро расположение. Но, потенцијалниот партнер би можел да биде во некоја друга врска, па затоа внимавајте во овој дел.

Вашите љубовни чувства ќе бидат најинтензивни во текот на јануари, па лесно ќе ви биде да ја изразите љубовта.

Ако сте во врска, оваа година ви носи повеќе напнатост во односите со саканата личност, но така треба да си го поставите и прашањето што е добро во таа врска и што ве држи до таа личност. Помирен период доаѓа од март до јуни, кога ќе имате разбирање за саканата личност и кога ќе минувате повеќе време водејќи пријатни разговори. Крајот на јуни носи малку проблеми особено во однос на замерките од саканата личност.

Sвездите ве советуваат да ги следите чувствата на вашиот партнер за да знаете што е исправно, во оние ситуации кога не знаете што е најдобро. Не влегувајте во непотребни дискусии кои би можеле да ви го нарушат љубовниот однос или бракот.

Ако сте слободни, почетокот на годината носи разочарувања бидејќи една личност во која сте заљубени можно е да е заљубена во некој друг. Ќе трагате по некој кој ве разбира и ќе ви даде поддршка, а физичкиот изглед ќе го ставате на второ место, што е добро. Летните авантури ќе ви донесат силна страст и сексуална магија, но дури во октомври доаѓа можност за посериозна врска.

Здравје

Почетокот на годината носи проблеми со циркулацијата и засилен стрес. Од февруари веќе се поправа здравјето и ќе имате силен имунитет, особено во периодот од мај до јули. Од август до октомври ќе ви биде потребно повеќе релаксација и одмор, а крајот на годината носи чувствително грло, бели дробови и зглобови.

Оваа година го носи Марс да транзитира низ знакот Водолија, така што веројатно ќе се чувствувате амбициозно и полни со енергија. Ќе сакате да ги исполните вашите цели во однос на здравјето, но и да постигнете баланс. Но, не се форсирајте.

Хороскоп по месеци

Јануари: Во јануари, креативноста доаѓа до израз, а вашиот личен живот се подобрува. Почетокот на годината ви носи низа освежувања, но и обновување на вашиот шарм и матнетска енергија.

Февруари: Најкраткиот месец од годината е одличен за романтични врски. Ќе ја подобрите комуникацијата со другите, а ќе бидете и покреативни и постраствени.

Март: Во текот на овој месец, ќе се фокусирате на својот платонски живот, посебно на работата. Ќе бидете пријатели со своите соработници и ќе земете голем замав во однос на работата.

Април: Овој месец ќе бидете фокусирани на романсата, а Сатурн во знакот на Јарец ви помага да комуницирате подобро. Вагите кои се во брак ќе имаат убави моменти и топлина во домот.

Мај: Во мај ќе бидете насочени кон себеси, односно на вашето физичко и ментално здравје. Пробајте да воспоставите баланс меѓу личниот и професионалниот живот.

Јуни: Во јуни се можни промени во расположението, што ќе донесе до мали неволји и конфликти во односите со другите луѓе околу вас. Работата ќе оди одлично, за што ќе наидете на награди и признанија.

Јули: Јули ви овозможува да се сосредоточите на проектите кои се незавршени, како и на вашите интереси. Исто така, овој месец ви носи и зголемена енергија.

Август: Август ви носи среќа и нови пријателства. Ќе бидете шармантни и ќе ги освојувате луѓето околу себе.

Септември: Овој месец носи можност за нова врска и подобрување на постоечките љубовни односи. Ќе давате внимание, но и ќе го барате за себе.

Октомври: Ова е месец кога фокусот се враќа на вашата работа. Пробајте да посветите внимание на себеси и да ги подобрите односите со вашите блиски.

Ноември: Веројатно ќе бидете збунети и дефокусирани.

Декември: Последниот месец од 2021 ве насочува да се посветите на своите цели и да ги завршите отпочнатите проекти. Доаѓаат и вонредни приходи.

Шкорпија

Шкорпиите се таинствени личности за кои никогаш не е лесно целосно да ги запознаеме. Она што морате да го направите во 2021 година е да бидете малку повнимателни во однос на другите луѓе и да им дозволите да ве запознаат. Оваа година ќе треба да обрнете внимание на својата здравствена и финансиска состојба. Ова е и одлично време за поврзување со некои заборавени пријатели.

Плутон во Јарец позитивно ќе влијае позитивно на вашиот друштвен живот и ќе успеете да ги подобрите своите комуникациски вештини, особено во писмената комуникација. Ќе се забавувате во сите области на живеење и ќе ги засмејувате другите околу вас. Јануари е еден од најповолните односи за вас.

Бидете внимателни кога станува збор за емоциите, пуштете срцето да зборува, бидете искрени и не чувате тајни од другите. Јупитер во 2021 година ќе биде во вашиот знак, така што може да се каже дека ова е ваша година.

Кариера

Новата година почнува со влегувањето на Марс во знакот на Бик, а тоа носи мали тешкотии во однос на јавноста и соработката со клиентите и колегите. Некои проекти ќе бидат успорени поради квадратот на Марс и Сатурн, посебно ако се занимавате со градежништво или производство. Оваа година може да биде клучна за конечно да се решите да го работите она што ве прави среќни.

Изминатите години работевте до истоштување, но оваа година ќе ја научите предноста на тимската работа и ќе стекнете пријатели меѓу своите соработници.

Март е поволен месец за нови проекти, како и креативност и визуелизација на вашите идеи. Април носи можност за плодни партнерства како и договори кои ќе ви донесат профит. Во септември ќе треба да бидете особено внимателни во ракувањето со финансиите.

Невработените Шкорпии ќе имаат можност за ново вработување во текот на март, април, мај и септември, особено на полето на администрацијата, образованието, маркетинг и дизајн.

Љубов

Иако изминатите години ви носеа турбуленции и стресни ситуации на полето на љубовта, оваа 2021 година ви носи радосни вести. Ако не сте во врска, голема е шансата до крајот на годината да бидете заљубени до уши.

Голема можност за вас се појавува уште на почетокот на 2021 година, така што ќе се појават две личности речиси истовремено, кои ќе посакаат добро да ве запознаат. Дури и да не сте ориентирани кон љубов и романса, ова дружење ќе ви донесе интересни ситуации. Ќе посакате да експериментирате во сите аспекти на животот, а особено во еротска смисла. Конечно ќе успеете да се дистанцирате од некоја личност од минатото и тоа ќе ви дојде како огромна свежина во вашиот живот.

Почетокот на годината ви носи нови моменти во љубовта. Венера прави конјункција со Јупитер во февруари што ви носи подобрувања во врската, но и домот. Романсата и љубовта доаѓаат за вас уште на почетокот на март, кога ќе запознаете личност која ќе се однесува како да не знае што сака, но на која ќе и треба малку повеќе време да се опушти. Многу интересна љубовна ситуација ве очекува на почетокот на ноември со личност која веднаш ќе ја препознаете како нешто уникатно во вашиот живот.

До крајот на декември ќе се чувствувате како променета личност со што ќе пуштате повеќе луѓе во својот свет и ќе имате повеќе мир на ова поле.

За оние кои се во врска, јули ќе биде месец на напнатост и конфликти, кога ќе дојде до занемарување на саканата личност од ваша страна. Вашиот партнер отворено ќе го покажува своето незадоволство, па нема да знаете како да се поставите освен да се браните. Средината на годината носи прекин на врската за некои Шкорпии.

Ако сте слободни, првата половина на годината ви носи можност за остварување на големи желби во љубовта и средба со личност која ќе биде сериозен кандидат за долга врска. Ќе се се запознаете во февруари, а во април веќе ќе бидете во врска.

Здравје

Почетокот на новата година ви носи слаб имунитет, а ќе бидете склони и на воспаленија во пределот на грлото и уролошки тегоби. Од март до јуни ќе се чувствувате одлично. Втората половина од годината ви носи стабилно здравје.

Без оглед на тоа што ве очекува добро здравје, потрудете се да се фокусирате на вашата здравствена состојба, односно на подобрување на вашето физичко и ментално здравје. Од тие причини, ќе треба да најдете активности кои ви помагаат да се релаксирате, но и кои ќе ви донесат адреналин.

Хороскоп по месеци

Јануари: Јануари е сјаен месец за подобрување на комуникацијата со другите околу вас, но и најдобро време да се фокусирате на вашите романтични врски и семејниот живот.

Февруари: Февруари ви носи фокус на семејниот живот. Неколку планети ќе се движат низ знакот Водолија, што може да донесе големи промени, кои не ги очекувате. Бидете внимателни во однос на големите одлуки.

Март: Во март, вниманието е свртено на љубовниот живот и работата. Можеби ќе се чувствувате растргнато, но пробајте да воспоставите баланс за да си го вратите своето расположение.

Април: Април носи многу рутински активности. Семејството и домот ќе ви носат мир. Поставете се најдобро што можете кон оние кои ви значат.

Мај: Мај е динамичен месец кога ќе бидете фокусирани на пријателите и грижливи кон семејството. Можна е и нова, но кратка љубовна авантура.

Јуни: Јуни носи комбинација на големи и мали промени. Одете чекор по чекор и опуштете се најдобро што можете. Поштедете се себеси од тешки обврски.

Јули: Во јули ќе бидете фокусирани на работата. Овој месец може да донесе нови можности, а и повеќе приходи. Ако планирате одмор, ова е најдобриот месец за тоа, особено втората половина.

Август: Август е месец на успеси, ќе бидете продуктивни и ќе стекнувате нови пријатели.

Септември: Ова е време кога ќе треба да одморите. Искористете го времето за семејството. Можна е и поголема љубомора кај некои Шкорпии, но тоа не е ништо ново за вас.

Октомври: Ќе бидете преплавени со чувство на самодоверба и потреба за докажување пред другите.

Ноември: Ова е месец кога ќе треба да ги намалите сомнежите во врската.

Декември: Декември завршува позитивно и е одличен месец за љубов.

Стрелец

Ова ќе биде одлична година да се посветите на читање, учење и истражување, а ако го дозволат тоа можностите за патување, ве очекува далечно патување на една дестинација на која не сте ни замислиле дека можете да отидете. Патувањата ќе ви помогнат да се поврзете со нови луѓе и позитивно ќе влијаат на вашите постоечки односи.

2021 е година која носи многу изненадувања за вас, што ќе ви донесе чувство на исполнетост и среќа. Стрелците ќе можат да се надеваат на изобилство романтика и да добијат милион можности да влезат во стабилна врска. Држете ги стандардите високо, но и очите отворени бидејќи една личност може да ви избега поради тоа што често летате во облаци. Сатурн ќе ве држи присебни и ќе ја ограничува вашата фантазија, што е добро во поглед на ова. Можно е и да поставите темели за една врска која долго време ви е голем предизвик. Ќе дознаете нешто повеќе за личноста за која одамна сонувате и тоа уште повеќе ќе ве врзе до таа личност. Но, што и да правите, немојте да чувате тајни.

Во семејниот живот, доаѓаат големи промени на подобро. Што и да се случи, нема да ви биде здодевно. Кога и да ви носи проблеми надворешниот свет, ќе успеете да се вратите во својот дом и да најдете поддршка во рамки на семејството.

Кариера

За вас, новата година на ова поле почнува со напнати аспекти, поради квадратот на Марс со Сатурн. Тоа ќе ви ги отежни преговорите, а и реализацијата на некои од вашите долгорочни проекти. Можни се и некои застои, за кои не треба премногу да се оптоварувате бидејќи нема да зависат од вас. Во февруари ќе имате можност да ги истуркате работите напред и да почнете со успешна имплементација. Бидејќи Венера е во осмата куќа од почетокот на годината до почетокот на март, вашите финансии ќе бидат одлични. Во овој период ќе можете лесно да заработувате, а добро време е и за да инвестирате во нешто ново.

Можеби нема да се чувствувате така, но во вас ќе лежи огромна моќ и ќе бидете вистински лидер без титула. Оваа 2021 годин е период кога ќе треба да научите да ја насочите енергијата на практичните задачи и да ја осознаете моќта која не сте ни знаеле дека ја имате.

Последната недела од април ви носи една сјајна професионална можност.Држете ги очите отворени и разговарајте со луѓето кои се околу вас. Верувајте им на своите инстинкти во овие ситуации. Можна е нова работа или нова соработка со идеален партнер.

Соларната еклипса во Близнаци во јуни ви носи прекинување на едно партнерство, што ќе биде ваша штета. Од август веќе доаѓа до подобрување на финансиите, а можно е и унапредување на работното место. Сепак, избегнувајте ризични вложувања.

Невработените Стрелци ќе имаат среќа да најдат работа во месеците април, мај, септември и октомври во полињата поврзани со јавност, индустрија, трговија и ИТ секторот.

Љубов

За вас, оваа година носи можност да се потсетите на сите облици на љубов и да препознаете колку е важно да се поврзете со другите луѓе. Љубовта ќе дојде во облик на различни облици, различни луѓе.

Во 2021 година ќе се чувствувате стимулирано и импулсивно, но внимавајте да не паѓате во тешки искушенија. Јануари не е особено романтичен месец за вас, но овој пат тоа не е така. Можеби нема да ја запознаете личноста од вашите соништа, но ќе бидете окружени со внимание и љубов.

Ако сте во врска, февруари, јуни и октомври ви носат мали недоразбирања со саканата личност. Она што не сте го решавале навреме – неизговорените зборови, неостварените планови и нерешените ситуации ќе мораат да бидат ставени на маса и да ги дискутирате со саканата личност. Најважно е да се потрудите да одговорите на потребите на партнерот.

Најубавите месеци за љубов се мај, август и декември кога ќе успеете да ги остварите заедничките цели, а некои Стрелци ќе започнат и заеднички живот.

Ако сте слободни, периодот меѓу јануари и средината на април не е најповолен за почеток на врска. Ќе ве привлече личност која е полна со идеи и оптимизам, но со која нема добро да се разбирате и поврзете емоционално. Мај ви носи убава, но кратка авантура. Во јуни, можна е средба со партнер од минатото, а август е најдобар месец за влез во љубовна врска. Во вашиот живот ќе дојде некој кој ќе ве сака искрено и ќе ве направи среќни.

Здравје

Здравјето ќе биде стабилно во поголем дел од годината, освен мали проблеми поврзани со настинки и хормонални пореметувања. Потребно е да се трудите да ја одржите физичката кондиција со вежби и редовен одмор. Јуни ви носи мали проблеми со дишењето и системот на варење, па затоа потрудете се да поминете повеќе време во природа и на чист воздух, но и здраво да се храните. Крајот на годината носи мигрени.

Оваа година ви носи и добро расположение. Имавте некои лоши навики во изминатите години, а во 2021 сето тоа ќе се промени, со ваша волја. Ќе внимавате на алкохолот, на калориите кои ги конзумирате и ќе ја избегнувате масната храна.

Хороскоп по месеци

Јануари: Оваа година започнува со среќа особено на полето на дружењата и финансиите. Совршен период за да се насочите на својата работа и да добиете награди за тоа.

Февруари: Овој месец бара од вас да комуницирате со другите луѓе и тоа посебно на вашето работно место. Ако ви се укаже можност за патување, задолжително искористете ја.

Март: Ова е месец за семејството, посебно ако се појават некои проблеми. Добрата комуникација може да ги реши сите работи, а вие сте мајстор за тоа. На работното место можно е да дојде до унапредување.

Април: Во април, фокусот е на вашиот љубовен живот. Ако сте слободни, веројатно ќе запознаете личност со која длабоко ќе се поврзете. Ако сте веќе во врска, доаѓа силна страст.

Мај:Мај носи фокус на вашата работа и романтичниот живот. Двете области ќе бидат стабилни, бидејќи ја имате поддршката на планетите, но и самите вложувате напор за тоа.

Јуни: Јуни е совршено време за патување и да минувате повеќе време надвор од домот. Тоа ќе ви донесе подобрување на расположението.

Јули: Јули е месец посветен на менталното и физичко здравје. Ова е продуктивно време за учење и лично спознавање. Ако дојде до затегнати односи со блиските, пробајте да размислите каде сте погрешиле, наместо да го вперувате прстот во другите.

Август: Ова е мирен месец за опуштање. Пробајте да минувате повеќе време со блиските.

Септември: Ова е месец за некои семејни проблеми и нивно решавање. Водете сметка и за финансиите, не трошете премногу.

Октомври: Октомври носи опуштање, но и кратко патување. Многу љубов и просперитет се околу вас, искористете го тоа.

Ноември: Претпоследниот месец од годината носи работа и време кога ќе морате да се носите со предизвиците наметнати од тимската работа. Бидете мудри, не отпочнувајте драми и кавги на работното место.

Декември: Ова е месец кога ќе ве послужи среќата на некоја лотарија или награден конкурс.

Јарец

Ова е година во која Јарците ќе видат нова перспектива во нивниот живот. Доаѓаат многу ситуации кои ќе влијаат на тоа како живеете, но и како размислувате. 2021 е година на угорници и удолници, така што брзо ќе морате да се прилагодувате на различни ситуации. Најголемите предизвици доаѓаат на полето на семејството и финансиите. Користете ја својата интуиција за да одлучите што е најдобро за вас.

Јупитер ќе престојува во Шкорпија од 8 март до 7 ноември, кога ќе се чувствувате и моќно и харизматично. Ова може да ви помогне да привлечете партнер но и нови пријатели. Ќе бидете потаинствени од вообичаено и нема да верувате секому.

Марс ќе престојува во вашиот знак од 17 март до 15 мај, а потоа од 13 август до 10 септември што ви носи силна интуиција. Тие одлуки веројатно многу ќе влијаат на вашата работа, пријателства, но и романтични односи. Во секој случај, престанете со одолговлекување и направете го најдоброто за вас.

Ако сте во некоја тешка ситуација, ќе најдете сила да го надминете тоа, како и да се ослободите од вашите лоши навики и пороци. Генерално гледано, 2021 е година кога треба да се поправите, а со помош на Уран тоа нема да претставува проблем.

Ова е година која ќе биде многу солидна на полето на љубовта и врските. Ќе се ослободите од вашата суета и его кои беа присутни во минатото и полесно ќе се спојувате со другите.

Кариера

Оваа година, ѕвездите ви носат среќа на полето на финансиите и богатството, но треба да сте претплазиви.

Новата година започнува со предупредување за вас да избегнете ризични вложувања и и да не правите непромислени потези понесени од моментот, особено кога станува збор за финансиите. Не е препорачливо да отпочнувате големи проекти. Февруари ви носи повеќе среќа и поголеми приходи. Највеќе ќе се исплатат инвестициите во информациски технологии, електротехничка индустрија и комуникации.

Ако имате можност за некоја дополнителна работа, искористете ја бидејќи ќе имате енергија за тоа. Можеби ќе бидете во искушение да се откажете, но не правете го тоа. Со оглед на тоа дека ќе бидете харизматични и посигурни, оваа година често ќе бидете во улогата на лидер, без оглед на тоа дали го сакате тоа или не. Можно е од таа причина за многу Јарци да дојде до покачување на платата.

Невработените Јарци ќе добијат можност да се вработат на полето на услуги, здравство, право и ИТ сектор. Поволни месеци за тоа се март, мај, август и октомври.

Љубов

Венера ви дава голема поддршка во 2021 година, па така иако сите средби нема да бидат судбоносни ќе имаат силен облик на љубов и големо значење за вас. Додека Венера е во вашиот знак, ќе се чувствувате привлечно и харизматично, а овие две нешта ќе ви помогнат да најдете љубов оваа година. Почетокот на годината може да биде клучен за тоа веројатно преку некој настан или интернет. Ова е година во која ќе се поврзувате со луѓето без оглед на тоа дали го сакате тоа или не. Сепак, клучни месеци за почеток на страствена љубовна врска се јуни и јули. Ако не сте во врска и барате некој посебен, ова е година која може да ви ја донесе таа личност. Некои Јарци ќе привлечат личности од нивното работно место и иако на почетокот ќе ги криете своите чувства, лесно ќе се предадете на љубовта. 2021 е година кога повторно ќе откриете што сакате од личноста покрај вас.

Ако сте во врска, почетокот на годината носи несогласувања во однос на заедничките трошоци. Ќе бидете тврдоглави и нема да сакате лесно да попуштите. Пролетниот период ви носи интимни моменти, заеднички излети и викенд патувања, што ќе ви годи вам и на саканата личност. Еден на друг ќе си бидете голема поддршка.

Ако сте слободни, почетокот на годината ви носи средба со личност која ќе ви се допадне на прв поглед и која во вас ќе пробуди силна страст, но врската ќе биде релативно кратка и нема да отиде подалеку од тоа. Уште една авантура исполнета со страст, но и љубомора ве очекува на средината од годината. Од октомври веќе ве очекува помирен период и познанство со личност која ќе внесе топлина во вас и ќе ве инспирира да бидете подобра личност.

Здравје

Вашето здравје ќе биде кревко во месеците февруари, јуни и октомври. Се препорачува да се одморате и да практикувате здрава исхрана. Во текот на август и септември ве очекува силна енергија.

Потрудете се оваа 2021 година да се фокусирате на своето ментално здравје. Ќе имате периоди кога ќе се чувствувате многу збунето и под стрес, а кога тоа ќе се случи одвојте време за себе и да се смирите и опуштите. Важно е само да запаметите дека вашето ментално здравје е еднакво важно како и физичкото.

Хороскоп по месеци

Јануари: Во јануари, вашиот знак ќе наиде на Меркур, Сонцето и Венера, така што оваа 2021 ќе започне со среќа во финансиите и вашиот друштвен живот.

Февруари: Февруари става фокус на вашите финансии и љубовен живот. Ако сте во брак или живеете со партнерот, ќе биде важно да дискутирате за заедничките финансии. Доаѓа голем прилив на енергија, искористете ја за добро.

Март: Март го става фокусот на вашите финансии, но го проширува и фокусот на љубовните врски. Ако се соочите со некаква непријатна ситуација, најдобро е да побарате помош од член на семејството.

Април: Април носи мал стрес во семејните односи. Трудете се да минувате значително време надвор од домот.

Мај: Мај го враќа фокусот на љубовта. Веројатно ќе се чувствувате многу романтично и харизматично. Искористете ја вашата самодоверба да признаете некому колку ви значи.

Јуни: Јуни носи бура од емоции. Ова може да ве збуни и да ви пречи, но слушајте ја својата интуиција. Немојте да бидете брзоплети.

Јули: Јули ќе ве поттикне да се споредувате со другите, а тоа ќе ви донесе лоши чувства. Наместо тоа, фокусирајте се на своите финансии и семејни односи.

Август: Август носи успех во кариерата.

Септември: Септември е време да се сосредоточите на своите пријателства. Некој ќе ве поттикне да бидете таинствени, па нема да сакате да ги споделите своите чувства со другите. Веројатно и ќе бидете нерасположени без некоја посебна причина.

Октомври: Октомври носи интензивни чувства и контакт со некоја нова ситуација.

Ноември: Ова е збунувачки месец за вас.

Декември: Декември ви носи стрес и фокус на работата. Успехот доаѓа, но морате да научите да здивнете.

Водолија

Новата година ви носи возбудливи изненадувања, но и важна личност во вашиот живот. Планетите фаворизираат среќа и богатство на вашето професионално поле, но и здрави навики кои ќе ви донесат виталност.

Бидете друштвени и поврзете се со различни луѓе оваа година. 2021 ви носи многу повеќе искуства, што ќе ве направи среќни поголем дел од годината.

Некои ситуации ќе бидат напнати и ќе ви носат предизвици така што нема да знаете што точно ви подготвува 2021 за вас, но добро би било да останете смирени и храбро да се соочите со емоционалните неизвесности.

Целата година ќе бидете фокусирани на љубовта, но и на интелектуалното усовршување. Марс во 2021 година ви носи обновена енергија, а ова ќе биде особено успешна година за Водолиите кои се посветени на образованието.

Ќе ја подобрите својата емоционална состојба и ќе се чувствувате одлично во своја кожа. Планетата Уран ќе биде во знакот Овен од јануари до мај, што може да ја зголеми вашата харизматичност. Тоа ќе ви ја олесни и комуникацијата со другите луѓе и создавањето нови пријателства. Уран оваа година влегува и во сегментот на вашиот дом, што ви носи и идиличен семеен живот.

Кариера

Можеби ќе ви звучи чудно, но многу веројатно е 2021 да ви ја донесе вашата совршена работа. Ќе имате шанси за успех на работа, но и да ги подобрите односите со колегите. Важно ќе биде сепак да пронајдете начин да штедите и да се носите со конкуренцијата.

Новата година ќе започне со влегување на Марс кој владее со вашето поле на работата во Бик. Ќе бидете ориентирани кон тоа да работите од дома и да најдете нови начини за заработка. Ако се наоѓате на раководна позиција, можни се барања од вработените а ќе ви оди тешко и со самата координација и тимска работа. Во февруари, можни се мали проблеми со некои од вашите проекти, но веќе април носи успех во областите здравство, креативна работа и комуникации. Некои Водолии ќе се почувствуваат како да не добиваат доволно награди или внимание од своите надредени, па ќе се изборат за своето место под сонцето, односно за подобра плата или унапредување.

Јупитер од средината на мај до јули ќе престојува во Бик и позитивно ќе влијае на вашето поле на финансии. Ќе успеете да заработите повеќе, но и ќе имате чувство за инвестирање на вистинско место. Марс во текот на ноември минува низ Шкорпија што ви носи признанија и напредок во кариерата.

Невработените Водолии добиваат можност да се вработат во областите здравство, градежништво, ИТ сектор и правосудство, а најдобри месеци за тоа се април, јуни, септември и ноември.

Љубов

Кога станува збор за љубовта, 2021 година ќе биде прилично чудна бидејќи можно е да пронајдете љубов на некои неочекувани места. Бидете подготвени да среќавате многу различни луѓе на некои неочекувани места. Венера ќе минува низ вашиот љубовен сектор оваа година, па Водолиите кои ќе посакаат да започнат нова врска, ќе имаат големи шанси да го направат тоа. Истовремено, оваа година ви носи отвореност за флертување и освојување, па ќе бидете привлечени да влегувате во сентиментални авантури и да привлекувате повеќе луѓе од вообичаено – и тоа од странство, академската средина, како и луѓе со различни уверувања и менталитети.

Јануари не се смета за романтичен месец, но овој јануари ќе биде поинаков. Држете ги очите отворени, бидејќи ќе бидете забележани од луѓето.

Ако сте во врска, од јануари до мај ќе имате добро чувство за потребите на саканата личност и добро ќе се разбирате. Ќе разговарате за заеднички планови и ќе ве следи добро расположение. Средината на годината ќе биде напорна бидејќи можни се различни потреби од ваша страна и од страна на партнерот.

Од август до средина на септември ќе вложите заеднички напори во решавањето на несогласувањата и ќе си бидете поддршка еден на друг. Соларната еклипса во Стрелец во декември ви носи неможност да остварите една заедничка желба, но тоа не значи дека треба да се откажете. Поработете на заедничката доверба.

Ако сте слободни, почетокот на годината ќе ви биде наклонет на љубовта. Во февруари ќе сретнете личност која отворено ќе ги покаже своите чувства. Ќе ви биде потребно да ја запознаете добро, а потоа можно е брзо да влезете во љубовна врска.

Некои Водолии ќе запознаат личност од друга држава. Ќе одржувате романса на далечина, па брзо ќе се развијат обострани емоции. Веќе септември ви носи сериозна врска.

Здравје

Јупитер ќе има големо влијание на вашето здравје во 2021. Оваа планета ќе ве поттикне да се грижите за своите здрави навики и да се осврнете на релаксацијата како важна техника за добар живот. Ќе бидете витални и со силна ментална енергија што ќе ви донесе и добро расположение.

Оваа година ќе ви биде потребно повеќе движење, физички вежби, како и психофизичка релаксација за да го подобрите своето здравје. Можен е пад на имунитетот а април, јули и октомври носат ризици од вирусни инфекции како и чувствително грло, кардиоваскуларен систем и уролошки проблеми.

Хороскоп по месеци

Јануари: Ова е совршен месец за анализа на вашите одлуки. Потрудете се да утврдите што е важно да се поправи во вашите семејни односи. Вложете напори да ги усреќите блиските.

Февруари: Ќе се чувствувате харизматично, што ќе ви помогне да постигнете успех и на професионално, но и љубовно поле. Сега е најдобро време да отпочнете нов бизнис, ако го посакувате тоа.

Март: Март се фокусира и на вашите финансии и на вашите романтични врски. Ќе се борите за хуманост и правда и ќе ги инспирирате и другите да го направат тоа.

Април: Ова е месец за семејството. Сатурн во Јарец ви носи стабилност на ова поле. Ако не сте наишле на љубовен партнер досега, ова е совршен месец за тоа.

Мај: Мај ви дава поттик да се борите за тоа што го сакате. Време е и за мал одмор и кратко патување.

Јуни: Јуни е месец кој ќе ве збуни малку, па затоа најдобро е да побарате совет од своите најблиски. Супер период да започнете и нова физичка активност.

Јули: Јули го дели вашиот фокус меѓу кариерата и љубовта. Поголем дел од јули ќе биде во Лав што ќе ве направи амбициозни но и исполнети со страст.

Август: Август носи благослов од многу планети. Ова е најубав месец за вас.

Септември: Септември носи подобрување на пријателствата, но и нови луѓе во вашиот живот. Ако сте под стрес, побарајте поддршка од пријателите.

Октомври: Октомври е фокусиран на вашите емоции. Ова е вистинско време да сфатите колку сте им важни на другите и кои луѓе не заслужуваат да се дел од вашиот живот.

Ноември: Ноември е бавен месец за вас, но и можност да одморите и да заборавите на проблемите.

Декември: Декември ја завршува годината на високо ниво. Ќе бидете во центарот на вниманието и ќе се чувствувате креативно и сакано. Ако се во врска, можна е и понуда за брак.

Риби

Ова е година која носи голем благослов за Рибите. Ќе уживате во 2021 година со полно срце и душа и ќе ја спознаете убавината на живеењето во моментот. Ќе му бидете благодарни на Бог, но и на драгите луѓе околу вас.

Изминатите неколку години, работите не беа најдобри за родените во овој знак, но сега сè се менува. Важно е да бидете сконцентрирани, смирени и така ќе успеете во што и да посакате да смените или направите. Нептун ќе биде во вашиот знак во текот на целата година, што ќе влијае на вашиот личен живот.

Во 2021 година ќе имате голема поддршка од блиските. Вашите проекти успешно ќе завршат со помош на Марс кој е во знакот Риби од средината на ноември до декември. Самиот крај на годината ќе ви донесе големи возбудувања. Искористете ја целата година а особено периодот во декември да се подобрите на интелектуално и социјално ниво. Останете верни на себеси дури и тогаш кога ви изгледа дека сите се против вас.

Постои голема шанса да ви се исполни некоја желба со огромниот напор кој го имате вложено. Ова ќе ви донесе голема самодоверба. Дури и кога немате искуство за некоја активност или се плашите, не избегнувајте да побарате помош од вашите најблиски.

Кариера

Почетокот на годината ви носи зголемување на приходите, но треба да се фокусирате на штедењето. Овој процес ќе потрае до април. Пролетта ви носи и можност за отпочнување свој бизнис.

Јануари ви носи турбуленции на вашето работно место, можно е да има колеги кои ќе останат без работа, но и да ви донесе и вам борба за работното место. Со задоволство ќе ги извршувате работите и задачите кои претходно ви биле здодевни, а лесно ќе се поврзувате и со колегите.

Ова е година која ќе бара да споделувате со другите луѓе и да работите тимски. Пробајте да останете мирни и да избегнувате конфликти секогаш кога некој ќе ве испровоцира.

Целата 2021 година ви носи финансиски можности кои се фантастични, а кои ќе ви доаѓаат сами од себе. Можеби ќе дојде професионална можност која никој нема да успее да ја види освен вие самите. Внимавајте на тоа. Ќе научите нови вештини и ќе стекнете нови знаења кои ќе се покажат како многу корисни во вториот дел од годината. Бидете спонтани и прифаќајте ги промените и компромисите кои доаѓаат пред вас.

Љубов

Рибите отсекогаш имале проблем со искажување на љубовта, но оваа година ви носи поинакви искуства. Ќе имате можност да запознаете интересни личности на различни места, но и на работа. Рибите кои се во врска а западнале во некоја монотонија, ќе успеат да ја надминат рутината и да ја вратат страста.

Јануари и февруари се одлични месеци за самоиспитување, а ова особено ќе посакате да го направите во областите на љубовта. Треба да ги започнете темелите за голема промена и да бидете објективни. Ќе се пронајдете себеси во љубовта, за која можеби порано не сте знаеле. Тој дел од љубовта всушност ќе биде и вашето гориво кое ќе ве води низ 2021 година. Ќе успеете да гледате повеќе и подалеку од својот вообичаен сив облак на песимизам. Во текот на летото може да ви се случи голема љубов со која ќе сакате да минувате многу време заедно.

Најголема среќа во љубовта ве очекува од 25 февруари до 20 март кога Венера ќе престојува во вашиот знак. Ќе бидете компатибилни со луѓе кои се креативни и минуваат многу време подобрувајќи ги своите вештини и знаења. Целата година ви носи некакво убаво љубовно чувство, а партнерот ќе ви биде најголемата поддршка ако сте во врска.

За Рибите кои се во врска можно е да дојде до привремено раздвојување, а тоа може да се случи поради работата или најблиското семејство. Сепак, ваквото раздвојување може да ве приближи емоционално и да ја постави врската на поцврсти темели. Почетокот на годината може да донесе проблеми за некои Риби поради тајна која е чувана во врската, па ќе треба да поработите на тоа да ја вратите довербата во љубовниот однос. Во јули можни се мали несогласувања и мешања на трети лица во врската, но веќе август и септември се месеци кои носат стабилизација.

Ако сте слободни, јануари ви носи средба со личност која не е слободна а која ќе ви предложи тајна врска. Можно е да прифатите, но подоцна да се каете за тоа. Средината на август ви носи личност која ќе биде ваша сродна душа и со која ќе успеете да изградите силна долга врска исполнета со љубов и поддршка.

Некои Риби на пролет ќе запознаат личност со многу разбирање и трпение за нив. Чувајте ја оваа личност блиску до себе.

Здравје

Во 2021 година добро е да се насочите кон вашето физичко здравје, бидејќи доаѓаат некои предизвици кои ќе вр истоштат. Вежбајте и хранете се здраво. И покрај положбата на планетите, ова е година која ветува добро здравје и силен имунитет.

Почетокот на годината ви носи стрес кој ќе можете да го надминете со масажи и редовни прошетки. Средината на годината носи мали проблеми со дишењето и проблеми со варењето. Здравата исхрана ќе биде клуч за вашиот успех на ова поле, оваа 2021 година.

Хороскоп по месеци

Јануари: Годината ќе ја започнете со чувството на безгранична креативност и продуктивно. Искористете го ова време за работа на важните проекти, како на работата, така и на вашите хобија.

Февруари: Месец за самоанализа, запрашајте се што сакате оваа година.

Март: во март фокусот се става на вашите финансии. Сонцето и Венера ќе бидат во вашиот знак во текот на целиот месец, така што ќе ги подобрите и своите комуникациски вештини и ќе успеете да сретнете нови луѓе и да изградите нови пријателства.

Април: Април е месец кога ќе се фокусирате на меѓучовечките односи и на вашите финансии.

Мај: Мај е свртен кон вашето семејство. Венера е во знакот Бик што ви носи стабилност во семејството и односите со другите. Но, ќе бидете малку мрзеливи на работното место.

Јуни: Јуни ве охрабрува да ги средите љубовните односи и да ги намалите тензиите. Со Нептун во Риби, ова е можност да влезете во нова врска.

Јули: Јули е посветен на менување на вашите навики. Работата ќе биде полесна, а и полесно ќе се поврзувате со своите колеги.

Август: Август е месец посветен на креативноста и самодовербата.

Септември: Венера е во Вага на почетокот на септември што ви помага да го средите вашиот љубовен живот.

Октомври: Октомври носи бура од емоции, што ќе направи да сонувате и да ги идеализирате луѓето. Пробајте да останете сконцентрирани и фокусирани на вашите обврски.

Ноември: Ноември ви носи висока самодоверба. Ве очекува и среќа на полето на финансиите и работата.

Декември: Декември е време да се посветите на годината која доаѓа и да направите планови.