КОМУ ДА ВЕРУВАТЕ, А НА КОГО НЕ: Еве го хороскопскиот знак што е најдобро да го имате за пријател!

Додека Овните никогаш не ги кријат своите чувства и кажуваат што мислат, во неволји е најдобро покрај вас да имате Бик или Лав.

Овен

Овенот е знак кој е посветен како пријател. Тој секогаш го зборува она што го мисли и чувствува и никогаш нема лажни ветувања. Што се однесува до пријателите, најдобро се согласува со оние кои се вредни и упорни и ги избегнува оние кои постојано зборуваат колклу им е лошо.

Бик

Бикот е секогаш тука за пријателите. Тој е исклучително верен пријател, но и заштитнички настроен кон нив во смисла дека секогаш ќе застане покрај нив.

Близнаци

Близнаците се знак кој има многу голем круг на пријатели. Тие имаат одреден круг на пријатели за секој вид потреба. Имаат пријатели кои им служат за деловна соработка, други кои се за излегување, трети за утринско кафе …

Рак

Ракот е знак кој не може да се дружи со луѓе кои се ладни. Нивниот круг на пријатели се оние луѓе кои се емотивни, полни со љубов и волја да им помагаат на другите и да ги сослушаат. Многу им одговараат луѓето во знакот Риби.

Лав

Лавот е знак кој има голем број пријатели, но е максимално искрен само со мал број луѓе. Ако членовите на овој знак ви се отворат во смисла да зборуваат за животните проблеми или нешто што им пречи, знајте дека има некој што искрено ве цени и кој никогаш нема да ви сврти грб.

Девица

Девицата е знак кој на почетокот изгледа многу ладно, но кога ќе се засака некого, таа е сто проценти искрена. Тие не знаат како да глумат почитување и многу брзо се приметува кога го прават тоа. Нивниот недостаток е тоа што често не се воодушевени од туѓиот успех, но и од фактот дека на секоја ситница гледаат како на нешто огромно. Што и да им кажете, тие секогаш ќе гледаат подлабоко и нема да заборават.

Вага

Вагата е некој кој е добар советник. Не е секогаш искрен со пријателите, и има повеќе, но се доверува само на една личност на која и верува целосно.

Скорпија

Скорпијата е знак со студено однесување кон пријателите. Остава таков впечаток, но кога ќе успеете да го освоите нивното срце, тоа ќе ви се отвори максимално и ќе уживате во нивното пријателство, но и во ноќниот живот.

Стрелец

Луѓето од овој знак се многу дружељубиви и искрени. Луѓето многу ги сакаат, но она што не им се допаѓа е агресијата и пасивноста. Луѓето кои се агресивни не се во нивниот круг на пријатели и никогаш нема да им дадат шанса да им се доближат.

Јарец

Јарецот е знак кој ја цени лојалноста. Нивниот круг на пријатели е врзан за луѓето на кои им помогнале и кои им возвратиле. Ако некому му направат нешто и тие луѓе не ги испочитуваат кога ќе треба, лесно ќе се одделат од нив.

Водолија

Водолијата е знак кој често е на дистанца. Ретко кога тие покажуваат вистинско пријателство на начин на кој ќе бидат срдечни со вас, но прво очекуваат дека некој друг ќе се потруди околу нив, а потоа тие ќе ви возвратат.

Риби

Рибите се знак кој честопати може да биде лековерен и да подлежи на туѓи влијанија. Тие веруваат во трач разговорите кога некој ќе им каже дека некој друг ги озборува или што и да е и поради тоа знаат да се повлечат. Инаку, тие се многу добронамерни и знак што ги сака луѓето со став и оние кои на некој начин ќе ги водат низ животот. Тие најдобро си поминуваат со луѓе кои сакаат забава.