Мажите родени во овие три знаци се совршени сопрузи

Ако сакате да остварите емотивна врска полна со почитување, посветеност и забава, посветете внимание на мажите родени во овие хороскопски знаци

ВОДОЛИЈА

Иако поради својата конфузност често остава впечаток на несериозен маж, кога Водолијата ќе ја пронајде вистинската личност подготвен е да направи се. Затоа се смета за совршен партнер, бидејќи секогаш ќе биде свесен за вашите желби и потреби и ќе направи се за да бидете задоволни.

Како единствена мана е неговиота голема чувствителност, а во комбинација со тврдоглавоста може да се појави контрирање и кавга која со разговор може многу брзо да се смири.

Водолијата има многу пријатели, полн е со идеи и желби за авантура, па така со него никогаш нема да ви биде досадно. Дозволува слобода, а за возврат бара креативна, интелигентна и и фер партнерка.

ЛАВ

Лавот ќе ве освои со својата харизма, а претежно бира храбри жени кои низ животот поминуваат со крената глава. Воедно тој ќе ја пробуди страста во врската, ќе ја покаже својата дарежливост и со сите сили ќе се бори за вас.

Мажите родени во знакот на Лав знаат да го направат животот забавен, а својата партнерка премногу ја почитуваат и ќе направат се за таа да се чувствува посебно. Иако на почеток ќе изгледа дека незнае да дава комплименти, со тек на време ќе се ослободи, а вие сигурно ќе почнете да се чувствувате како најпосакувана жена на светот.

Нивна мана е тоа што се мора да биде како што тие замислиле.

Лавовите кај партнерките бараат сила и разбирање.

СКОРПИЈА

Мажот роден во знакот на Скорпија е многу снаодлив и жената секогаш може да се ослони на него. Иако во младоста често скитаат и ги менуваат своите партнерки, кога ќе станат сериозни мажите во овој знак имаат очи само за една жена.

Посебно ја почитуваат искреноста, а подготвени се да чуваат тајни и до последниот здив. Истото тоа го очекуваат и од партнерката. Од нејзе очекуваат верност и посветеност.

Машките припадници на овој знак се сензибилни, а познато е дека се вешти во сексуалните игри. Потребна им е силна жена, но доволно нежна за да се чувствуваат како доминантни.