Промена, нова врска, голема несреќа: Детален хороскоп за секој знак посебно за 2021

Овен

Од јануари до март
Што и да ве прави несреќни, оставете го. Избегајте од него што е можно побрзо.

Од април до јуни
Ако сте си заминале, немојте да чувствувате вина. Погледнете назад и ценете го вашиот успех.

Од јули до септември
Нештата се менуваат, а вие сè уште давате отпор. Но колку долго ќе можете да го правите ова? Додека се колнете дека ќе останете сами, ќе се појави вистинската личност и ќе ви го промени животот.

Од октомври до декември
Ќе сфатите што значи вистинската љубов. Во последните месеци од годината ќе бидете најсреќни.

Бик

Од јануари до март
Ја барате среќата надвор од вас, но важно е да сфатите дека ќе ја најдете само длабоко во себе.

Од април до јуни
Се чувствувате празно и тоа е сосема во ред. Неудобно е, но покажува нешто. Ова значи дека ви е потребна некаква промена.

Од јули до септември
Морате да ја направите промената. Страв ви е дека ќе изгубите некои луѓе, но тоа не е важно. Вистинските луѓе секогаш ќе останат покрај вас.

Од октомври до декември
Повторно ќе почнете да живеете при крајот на годината и да се подготвувате за новата.

Близнаци

Од јануари до март
Во новата година влеговте со добро расположение – сè ви изгледа добро и едвај чекате да започнете. Работата ви е приоритет, но можеби е време да размислите и за вашите врски.

Од април до јуни
Во овој период внимавајте на некои луѓе што можеби сакаат да ве измамат.

Од јули до септември
Ова е вашиот период. Ќе погледнете зад себе и ќе сфатите колку сте се промениле. Немојте да застанете овде, продолжете да се движите и да се менувате. Постојат многу нешта што ве чекаат.

Од октомври до декември
Ќе сфатите дека додека се движевте напред сте оставиле некој зад себе. Ова е личност што сте ја сакале, но сте дозволиле да ја изгубите. Сега ви е навистина жал.

Рак

Од јануари до март
Љубовта ќе ви се прикраде кога најмалку ја очекувате.

Од април до јуни
Ќе има одличен напредок во вашата кариера.

Од јули до септември
Вашите врски ќе бидат во одлична состојба овој период.

Од октомври до декември
Ќе се случи нешто надвор од ваша контрола и ќе направи промени. Не грижете се, луѓето коишто ве сакаат нема да ве напуштат и вие ќе бидете во ред.

Лав

Од јануари до март
Можете да почувствувате дека нешто нема да се одвива по планот. Не можете да кажете што е, но тоа не е важно. Сте преживеале и полошо и сте биле сосема во ред.

Од април до јуни
Вашата среќа ќе претрпи неколку промени. Ќе се случи нешто што ќе го дефинира остатокот од годината.

Од јули до септември
Некоја љубов од минатото повторно ќе се појави и ќе треба да одлучите дали ќе ѝ дадете втора шанса. Кратката порака или разговор ќе ви помогне да сфатите дека сè уште се грижите.

Од октомври до декември
Годината ви беше тешка и постојано размислувате за неа. Престанете со тоа и одморете. Добро ќе ви дојде некое мало патување.

Девица

Од јануари до март
2018-та ви донела многу рани. Бидете подготвени за наредните месеци.

Од април до јуни
Ќе најдете некој посебен, но ќе го избркате. Сепак, оваа личност нема толку лесно да се откаже од вас.

Од јули до септември
Не сакате да бидете во врска, но се вљубувате. Сакате да се држите настрана, но оваа личност знае што сакате и нема да ве остави.

Од октомври до декември
Конечно ќе сфатите дека сте вљубени. Нема да кажувате на почетокот, но врската ќе стане официјална и нема сами да ја дочекате Новата година. Повеќе нема да бидете повредени.

Вага

Од јануари до март
2018-та година ви била тешка и се прашувате како сте стигнале до тука со целата таа болка. Можеби сте загубиле сакана личност и навистина ви е тешко да продолжите понатаму.

Од април до јуни
Конечно ќе почувствувате надеж и можеби ќе се појави нова личност во вашиот живот. Заслужувате да бидете среќни, па не му дозволувајте на минатото да ве држи назад.

Од јули до септември
Сè уште гледате кон некоја голема цел. Застанете за момент и уживајте во малите промени што сте ги доживеале. Тие се неверојатни и чекаат да ги спознаете.

Од октомври до декември
Новата врска постепено се претвора во сериозна. Ќе бидете изненадени пред крајот на годината. Вашите рани се оздравени и повеќе не сте сами.

Скорпија

Од јануари до март
Гледате големи успеси пред вас. Напорно сте работеле и уште треба да работите, но сега сте подготвени. Покажете ја вашата вредна страна и добијте го она што го сакате.

Од април до јуни
Сте стигнале онаму каде што сакате и тоа ви причинува огромно задоволство. Уморни сте и заслужувате одмор, но ве очекува уште една пречка.

Од јули до септември
Ве очекува некаква романса. Или вие ќе ги кажете магичните зборови, или ќе ги слушнете. Поминале години откако сте искусиле нешто вакво.

Од октомври до декември
Годината се одвивала како што сте планирале, но крајот е тест. Ќе се случи нешто надвор од ваша контрола, но немојте да создавате отпор. Сè ќе биде во ред.

Стрелец

Од јануари до март
Во 2018-та сте започнале нова врска која само станува посилна. Како што се адаптирате, се променувате и созревате, не ги заборавајте луѓето кои биле дел од вашиот живот. И тие се важни, без разлика што не ги гледате често како порано.

Од април до јуни
Се наоѓате на раскрсница поради вашата врска – не знаете кон каде ќе се движи. Вашето срце го знае одговорот.

Од јули до септември
Ова лето ќе ви биде неверојатно. Потребно ви е патување, па одете без двоумење. Не плашете се да направите нешто, токму тоа ќе го научите оваа година.

Од октомври до декември
При крајот на годината почнувате да сфаќате дека била одлична. Сте излегле од места на коишто сте мислеле дека ќе бидете засекогаш заглавени. Сега сте овде и ја заслужувате оваа среќа.

Јарец

Од јануари до март
2018-та била навистина тешка, но сте ја преживеале. Новата година ќе ви биде многу подобра.

Од април до јуни
Во вашиот живот ќе се појави нова личност. Нов пријател, партнер или пак нов член на семејството што навистина ќе го сакате.

Од јули до септември
Сакате да одите на ризично патување. Не плашете се и направете го тоа. Животот е авантура и мора да го сфатите како таков.

Од октомври до декември
Крајот на годината ќе биде неверојатен и после долго време ќе се чувствувате задоволно со него.

Водолија

Од јануари до март
Имало некои промени во 2018-та година, но мора да ги прифатите. Овде е нова година и навистина ќе ја паметите.

Од април до јуни
Сте размислувале за сериозна врска, а сега се прашувате што да правите.

Од јули до септември
Не е важно минатото и гледате само кон иднината со вашиот партнер. Ова е одлично, но не ги заборавајте и другите кои ви помогнале да стигнете до тука.

Од октомври до декември
Овие месеци ќе бидат исполнети со емоции. Секогаш сте ги криеле чувствата, но сега ќе бидете ранливи. Ова е тест што ќе го поминете.

Риби

Од јануари до март
Претходната година беше успешна, но сепак сметате дека нешто ви недостасува. Не дозволувајте му на ова чувство да ве обземе. Бидете среќни за она што го имате и задржете го оптимизмот. Ова ќе ви помогне многу.

Од април до јуни
Сега знаете што сакате и планирате како да стигнете дотаму. Но секогаш постои стравот од неуспех. Победете го овој страв и земете ја вашата награда.

Од јули до септември
Конечно сте го надминале стравот и сте ја направиле потребната промена. Можеби станувало збор за вашата работа, кариера или врска. Без разлика, целта е постигната. Можеби ви требало половина година, но тоа воопшто не е важно.

Од октомври до декември
Сега сте подготвени за смирување. Овие последни месеци ќе дефинираат како ви поминала годината.