Седум интересни работи за луѓето родени во Октомври

октомври
Седум интересни работи за луѓето родени во Октомври

Луѓето родени во Октомври се многу романтични, но и многу одговорни деловни луѓе. Ви прикажуваме седум интересни факти поврзани со луѓето кои се родени во овој месец.

1. Спортски се настроени

Како и луѓето родени во Септември, луѓето родени во Октомври се исто така многу спортски типови. Имено, колку повеќе мајката за време на бременоста е изложена на летно сонце, толку повеќе придобивки од витаминот Д ќе влијаат на нејзиното уште неродено дете. Тоа е само една од придобивки за растот на коските и мускулите.

2. Нивниот роден цвет е невен

Невен е растение кое може да порасне до 60 сантиметри и кое е ценето поради неговата лековита моќ. Значи невенот често се користи за ублажување на исекотини, изгореници, рани, па дури и каснувања или убоди од инсекти.

3. Романтични се

Луѓето родени во Октомври се многу шармантни и тоа ги прави многу романтични партнери. Со нив владее Венера, затоа тие создаваат хармонија и се познати како “миторворци”.

4. Или се Ваги или Скорпии

Оние кои се родени пред 23. Октомври се во хороскоп Ваги. Урамнотежени и дружељубиви луѓе, додека оние родените на крајот од месецот се Скорпии. Тие се многу страствени, лојални, но и поприлично тврдоглави.

5. Тие се бизнис-ориентирани

Тие се вредни и одлучни и се многу бизнис-ориентирани. Кога ќе започнат нешто, тие мора да го завршат.

6. Нивен камен на среќа се опал и турмалин

Опал честопати е поврзан со среќата. Сепак, според легендата, оние кои носат опал, но не се родени во Октомври, ќе бидат несреќни. Турмалин се смета за заштитник од лоша енергија и негативни мисли.

7. Многу долго живеат

Луѓето кои се родени помеѓу Септември и Ноември често живеат и повеќе од 100 години. Токму оние кои се родени во Октомври имаат најголеми шанси да доживеат многу длабока старост.