Според датата на раѓање дознајте како да заработите пари

Благодарение на едноставен и лесен начин на пресметка, лесно можете да дојдете до вашиот број кој ја покажува финансиската состојба и дали на некој начин можете да се збогатите.

Соберете ги сите броеви од вашата дата на раѓање. Доколку добиете двоцифрен број, соберете ги пак се додека не добиете едноцифрен број. На пример, ако сте родени на 12.01.1987 година пресметката е следна:

1+2+0+1+1+9+8+7 = 29

2+9 = 11

1+1 = 2

Тоа значи дека бројот 2 е ваш личен број. Тој уште се нарекува и нумерички код

ЛИЧЕН БРОЈ 1 – Сакате јасна перспектива

Позитивности: Вие сте енергични, активни, способни да влијаете на туѓото мислење, да привлекувате луѓе и имате идеи.

Негативности: Понекогаш сте премногу самоуверени. Тешко ви е да го промените своето мислење и ставовите, дури и кога ќе увидите дека грешите.

Како да заработите? Не ја потценувајте силата на ситниците. За вашиот успех придонес ќе има некоја голема компанија, најдобро ќе биде ако има разгранета работа во неколку земји. Добро ви оди и во продажбата.

Партнери: Најдобро се сложувате со претставниците од броевите 3 и 6. Со претставниците од броевите 2 и 4 немате многу среќа.

ЛИЧЕН БРОЈ 2 – Имате свои правила

Позитивности: Многу луѓе ве сметаат за среќници. Всушност вашата тајна лежи во тоа што секогаш сте подготвени на ризик.

Негативности: Проблеми настануваат кога на сцена ќе стапи вашата тврдоглавост и неспособност да ги слушнете другите, иако се правите дека ги слушате.

Како да заработите? Може да направите фантастична кариера во некоја државна институција, посебно на полето на науката. Сите други работи кои се сметаат за тешки на вас одлично ви одат.

Партнери: Идеалниот колега мора да биде оптимист. Најдобра варијанта се броевите 2,3 и 5. Вашиот антипод е бројот 1. Со него неможете да работите.

ЛИЧЕН БРОЈ 3 – Создадени за компромиси

Позитивности: Многу ви е развиена интуицијата. Важите за спретен човек кој прави паметни компромиси.

Негативности: Вашата решеност на сите да им удоволите е неодржлива. Таа вас едноставно ве спречува да добиете раководна позиција
.
Како да заработите? Најдобри резултати и приходи постигнувате во медицината, науката, образованието, невладини или хуманитарни организации. Ви одговараат и други работи кај шро има контакт со луѓе.

Партнери: Треба да ги бирате луѓето со броевите 5 и 8, а да ги избегнувате и оние кои имаат ист број како вас.

ЛИЧЕН БРОЈ 4 – Совршени за извршни работи

Позитивности: Одлично ја чувствувате ситуацијата и расположението на другите луѓе. Совршени сте за извршни работи.

Негативности: Многу емотивно реагирате на се што се случува околу вас. Тешко ви е да работите ако расположението ви е на нула.

Како да заработите? Најдобро ќе заработите на мали заштеди. Вие немате некои големи планови, но затоа сте економични и секогаш го набавувате најевтиното, но со оличен квалитет.

Партнери: Најдобро ви е кога сте во комбинација со броевите 4 и 8. Избегнувајте ги броевите 1 и 3.

ЛИЧЕН БРОЈ 5 – Креативни

Позитивности: Вие сте непресушен извор на убави идеи. Се што е поврзано со необичното вас ве интересира.

Негативности: Така високо воздигнат човек кој фантазира ан облаците, тешко може да го заврши тоа што го почнал. Не се занимавајте со деталите, тие не треба да ве интересираат.

Како да заработите? Туризам, новинарство и трговија се работите кои се создадени за вас. Искористете ги сите свои таленти и заработете убави пари. Ќе го соедините убавото и корисното ако се вработите во некоја од гранките кои ви одговараат.

Партнери: Во сојуз со енергичните броеви 1,4 и 9 можете многу да постигнете, а бројот 6 само ви пречи со својата енергија.

ЛИЧЕН БРОЈ 6 – Уживате во организација

Позитивности: Вашата работна способност и амбиција може да пробудат восхитување. Ве разубавува талентот за организација.

Негативности: Вашиот авторитетен став и неразбирање на туѓите проблеми може да избркаат некои соработници кои вредат злато

Како да заработите: Брза заработка може да ви донесе угостителството, како и работите поврзани со недвижности. Се што е големо, добро ви оди. Слободно може да размислувате за политичка кариера.

Партнери: Добро ќе ве следат тие кои се родени под броевите 2 и 6. Со оние кои го имаат бројот 9 постојано имате конфликти.

ЛИЧЕН БРОЈ 7 – Идеално е брзото темпо

Позитивности: Секогаш сте оптимист, верувате во себе и во среќна ѕвезда. Со леснотија склопувате корисни познанства.

Негативности: Многу лошо сте организирани и ги занемарувате важните работи (верувате дека сами ќе се решат)

Како да заработите? Најмногу може да заработите од работи поврзани со трговија и шоубизнис, Не се лоши ниту големите проекти поврзани со маркетинг, но без административен дел.

Партнери: Најдобро функционирате со броевите 1,8, и 9. Со бројот 2 немате никакви шанси, а со бројот 6 мора да внимавате.

ЛИЧЕН БРОЈ 8 – Лесно наочаат добар бизнис

Позитивности: Како да сте роден дипломат, многу лесно пронаоѓате соработници. Имате способност да откриете и добар бизнис.

Негативности: Понекогаш тешко ги исполнувате работите кои треба да се завршат брзо. Често пати ви е одвлечено вниманието од работите кои мора да се завршат.

Како да заработите? Најдобро ви е во работите поврзани со уметност, судство и адвокатура, па како и професор. Значи се што е поврзано со естетика и зборови.

Партнери: Броевите 1 и 8 ве поддржуваат во сите активности и добро се разбирате без зборови, за разлика од бројот 9 кој ве попречува на секој можен начин.

ЛИЧЕН БРОЈ 9 – Родени шефови

Позитивности: Самостојно носите одлуки и прифаќате одговорност. Одлични сте кога треба.

Негативности: Не ги анализирате своите постапки, а кој ќе се осуди да ја анализира вашата компетентност не поминува најдобро.

Како да заработите? Ќе успеете во државна институција со стога хиерархија или во војска. Ви одговара и директорско место.

Партнери: Често ви е подобро кога сте сами, без партнер. Можно е мало согласување со броевите 3 и 5, а со останатите е хаос бидејќи не ве прифаќаат како авторитет.