Дневен Хороскоп 16 Ноември (понеделник)

Хороскоп
Дневен хороскоп

ОВЕН
Вие се соочувате со различни проблеми во однос со соработниците, па не очекувајте премногу разбирање или толеранција. Важно е да се одреди точната граница помеѓу пристојното однесување и деловните отстапки што сакате да ги направите. Партнерот се чини дека е малку чуден и изразува сомнеж во вашата приказна, размислете колку сте навистина одговорни за моменталната ситуација во која се наоѓате. Ќе ви одговара креативна изолација и повеќе часови сон.

БИК
Важно е да ја задржите вашата деловна позиција, па не штедете ја вашата енергија или време. Вашиот деловен успех не го претставува најдоброто, но ни вашите соработници неможат да се пофалат со сначителни резултати. Имате впечаток дека неправедно трпите поради нечие сомнително однесување или нечувствителност. Некој не ги исполнува вашите емотивни очекувања, а вие би сакале тоа да го промените. Обрнете внимание на ведри теми и содржини, потребно ви е психичко олеснување.

БЛИЗНАЦИ
Обрнете вниамние на различните деловни случувања, важно е да се најдете во вистински момент на вистинското место. Вашиот успех произлегува од способноста да индиректно им наметнете свое мислење на луѓето од вашата околина. Ви значи некому да привлечете емотивно вниамние или интерес. Умеете да осмислите добра љубовна стратегија во различни ситуации, не се откажувајте лесно од она кое го посакувате. Имате потреба од пешачење или спортска рекреација.

РАК
Во средба со соработниците избегнувате претерана умереност во својот настап, нема потреба да носите избрзани одлуки. Имате погрешни информации, а некој друг можеби ја користи вашата неупатеност или емотивна слабост. Опуштено се препуштате на различните емотивни предизвици и на своите страсти. Моментот на емотивно трезнење претставува лекција за партнерските одности. Добро ќе ви дојде повеќе сон.

ЛАВ
Премногу очекувате од деловните средби и внесени сте во идејата за голема добивка. Поради оптимални уверенија и големи амбиции, не посветувате внимание на нечии корисни сугестии. Бидете реални во процената на своите можности. Избегнувајте импулсивно однесување пред саканата личност и не ги игнорирајте обврските кои ги имате кон своето семејство. Грешки се појавуваат постојано. Забавете го забрзаниот ритам и опуштете се.

ДЕВИЦА
Проценувате различни деловни можности и предност им давате на оние ситуации во кои владеат познати правила. Основната ориентација во размислувањето ве води кон забрзано дејствување и на избор на работи кои ви носат повеќе практични резултати. Делувате сугестивно на саканата личност но сепак неможете да го предвидите текот на настаните кои бараат интуитивна перцепција. Ви пречи кога нешто незнаете. Потребно е да ги усогласите своите мисли и очекувања.

ВАГА
Некој упорно се обидува да ви наметне забрзан ритам и дополнителни обврски. Неможете да се пофалите со добра концентрација и ви недостасува желба за да одговорите на нечија работна понуда. Некој ве носи во незгодна ситуација. Понекогаш е тешко да се стави знак за еднаквост, помеѓу гласот на разумот и неконтролираните емоции. Усогласете го вашиот внатрешен ритам за да се чувствувате подобро. Релаксирајте се.

СКОРПИЈА
Состанок или разговор со едно лице на Вас делува стимулирачки, па прифатете ја идејата за деловно-финансиска соработка. Важно е да ја одберете вистинската улога што одговара на вашиот интерес и работата која носи материјална добивка. Понекогаш го губите емотивното трпение, немапотреба да се однесувате строго кон саканата особа. Слободно прифатете ги новите предизвици.

СТРЕЛЕЦ
Обрнете внимание на новите информации. Ако сакате да ги добиете посакуваните резултати послушајте совет од ваш пријател. Немате практично искуство или сигурни критериуми врз основа на кои е можно да ги предвидите различните последици. Премногу зборувате за работи кои што ве оддалечуваат од саканата личност, но за среќа постои добар начин за ново емотивно зближување. Некој ги разбира вашите мали неуспеси. Направете си го позитивно расположението.

ЈАРЕЦ
Важно е некој да го одбрува вашиот начин на размислување или да ве охрабрува на креативно изразување и на деловна соработка. Поради различните обврски кои ги имате не успевате да им задоволите на сите и да сослушате една блиска личност. Обрнете внимание на нечија порака, не можете да ги занемарите своите обврски кон фамилијата без обзир на сите компликации кои ве пратат. Угодете и на личноста која ви значи. Избегнувајте ситуации кои премногу ве исцрпуваат.

ВОДОЛИЈА
Нечија приказна не остава озбилен впечаток на вашите деловни одлуки. Потпрете се на личната проценка, но самосталноста потенцијално има своја добра и лоша страна. Не можете секогаш да носите правилни одлуки. Често го менувате своето емотивно расположение или ослуки.Поголема важност има она кое го премолчувате, отколку оние работи кои ги соопштувате пред вашиот партнер. Ќе ви одговара активен одмор и психо-физичка релаксација.

РИБИ
Постапката која за вас преставува едноставно деловно решение, за некој друг делува како премногу комплицирана процедура. Затоа прифатете комрпмис, како средно решение и одговор на некои заеднички прашања. Премногу очекувате од нечии ветувања, тоа може прилично да ве разочара. Обрнете внимание на личноста која често ги менува своите изјави, одлуки или емотивното расположение. Избегнувајте брзоплетост и опуштете се.