Дневен Хороскоп за 21 Октомври (среда)

Хороскоп
Дневен хороскоп

ОВЕН
На вас е за да го донесете завршниот збор или пак конечнат аодлука, која представува позитивна пресвртница во деловната соработка. Бидете доволно внимателни и одговорни за вашите постапки, нема причина да се повлечете. На состанокот со некој близок, првиот впечаток може леснода ве излаже, можеби грешите.

БИК
Избегнувајте лице кое носи дополнителна нервоза или негативно расположение кон вашата околина. Ако сте заинтересирани да стекнете нечија доверба, мора да постапите во согласност со утврдените правила за деловно-финансиска соработка. Потребно е подобро да ги разберете работите што партнерот постојано ги премолчува.

БЛИЗНАЦИ
Се обидувате да најдете ефикасно и практично решение. Посебно ве иритира соочувањето со соработниците, кои од вас очекуваат посветеност или прифакање на различни деловни постапки. Изгледате вознемирено, но партнерот многу добро знае како може да ве инспирира за позитивно размислување.

РАК
Обрнете големо внимание на различните информации кои сугерираат на некое практично и корисно решение. Важно е да ја сочувате довербата во одредени соработници и да прифатите некои современи идеи во работењето. Ве очекуваат успешни резултати. Нема потреба да се ограничува вашата имагинација, изненадете ја вашата сакана личност со нови идеи.

ЛАВ
Нечии одговори можете да ги сватите на различни начини, но на крајот, останувате лишени од основните услови што ви се потребни. Нема причина да се однесувате премногу сочувствително кон колегите кои го игнорираат вашето присуство . Во емоционалните средби е тркало на среќа, некаде добивате, а некаде губите.

ДЕВИЦА
Додека вие постојано тактизирате и смислувате решенија , некој друг делува премногу ефикасно и постигнува позитивни резултати. Работните губитоци илустрираат различни проблеми кои постојат помеѓу соработниците или ја отежнуваат околината во која што моментално се наоѓате. Во средбите со саканата личност бидете искрени.

ВАГА
Вашиот бизнис-финансиски успех доаѓа од добро дизајнирани планови и прецизни потези. Ништо не е случајност, па бидете упорни во вашите намери пред вашите деловни партнери. Покажете ја вашата способност за работа. Дајте си ново задоволство. Добро ќе ви дојде емотивна средба или пак романтична забава.

СКОРПИЈА
Имате чувство дека немате веродостојни информации или одеднаш пропуштате добра деловна можност. Поради лошите околности во кои сте, не можете да го скриете разочарувањето од одредени соработници. Не дозволувајте мали недоразбирања во однос на вашата сакана личност да станат проблеми.

СТРЕЛЕЦ
Доколку не ви се допаѓа нечие ултимативно однесување, тогаш пажливо бирајте ги зборовите што ги користите во своето излагање или на состаноците со соработниците. Дипломатската белешка станува неизбежна, особено кога постои добар деловен интерес за тоа. Шремногу внимание посветувате на некои споредни случувања кои ве мачат премногу.

ЈАРЕЦ
Вие сте снаодливи во тие почетни фази кога се занимавате со важни деловни и финансиски интереси, но вашата концентрација се намалува на крајот. Не можете да влијаете на протокот или самата динамика на деловните преговори, бидејќи постои основен протокол. Новото сомневање само води кон некое емотивно дистанцирање. Бидете присебни.

ВОДОЛИЈА
Некој не обрнува внимание на вашиот деловен авторитет или на коментарите кои ги упатувате. Сепак, избегнувајте конфликт со лице кое го обвинува вашиот начин на размислување. Треба да се воспостави подобар модел на успешна комуникација. Нема причина да се однесувате премногу строго кон вашето семејство, прифатите извинување.

РИБИ
Не ја потиснувајте својата интуиција, ќе бидете во голема мера свесни за текот на настаните и можниот излив на деловната сцена. Постојат ситуации кога е тешко да се објасни вистинската причина или ефект, но ако вашите чувства се во согласност со гласот на разумот, постапувајте според вашата совест. Треба да го постигнете Вашиот внатрешен мир и задоволство.