Дневен хороскоп за 07 Април (среда)

ОВЕН

ЉУБОВ: Во разговор со блиска личност постапете по својата свест, неумереност во изразувањето на чувства води кон погрешно решение.

РАБОТА: Имате добри идеи за унапредување на деловните цели, но вам ви недостасуваат доверливи информации. Немојте да носите избрзани одлуки.

ЗДРАВЈЕ: Ќе ви одговара витаминска исхрана и повеќе течности.

БИК

ЉУБОВ: Во средна со саканата личност, премногу се потпирате на својот “сјаен ум” и ги потиснувате чувствата. Непотребно го провоцирате партнерот.

РАБОТА: Задржете ја дополнителната мера на внимателност, бидејќи погрешен потег создава можност за нови компликации и деловна загуба.

ЗДРАВЈЕ: Важно е да се ослободите од непотребни грижи.

БЛИЗНАЦИ

ЉУБОВ: Постои затишје и нова дилема во однос со саканата личност. Не сакате неизвесност.

РАБОТА: Заинтересирани сте за нечија понуда. Пред да донесете конечна одлука прифатете корисен совет.

ЗДРАВЈЕ: Контролирајте ја импулсивната страна на својата природа.

РАК

ЉУБОВ: Без оглед на својот емотивен статус и години, прифатете ја играта на заведување или нечија порака.

РАБОТА: Важно ви е да оставите вистински сценски впечаток на околуната, поради тоа ги преувеличувате своите причини.

ЗДРАВЈЕ: Постои поубав и повозбудлив дел од реалноста, како повод за позитивно размислување.

ЛАВ

ЉУБОВ: Покажете му на партнерот дека поседувате многу убави манири. Некој внимателно го анализира вашето однесување или постапки.

РАБОТА: Деловниот успех зависи од договорот со соработниците, поради тоа направете се што е потребно за да добиете нечија доверба.

ЗДРАВЈЕ: Важно е да остварите психолошка рамнотежа.

ДЕВИЦА

ЉУБОВ: Планирате излегување или емотивна средба, добро ќе ви дојде друштво од блиска личност. Важно е да се чувствувате посакувано во нечија близина.

РАБОТА: Секогаш постои полесен, но и потежок пат до успехот, поради тоа внимателно анализирајте ги различните можности кои постојат на деловната сцена.

ЗДРАВЈЕ: Емотивната афирмација позитивно делува на вашето расположение и мотивација.

ВАГА

ЉУБОВ: На средбата со саканата личност искористете веќе некој испробан рецепт за емотивно зближување. Добрата волја чуда чини

РАБОТА: Понекогаш се станува релативно и подложно на ненадејни промени, затоа немојте да донесувате заклучок без консултации со соработниците.

ЗДРАВЈЕ: Забавете го малку вашиот забрзан ритам

СКОРПИЈА

ЉУБОВ: Нема причина за големи очекувања од општеството во кое што не сте добро прифатени. Посветете внимание на саканата личност.

РАБОТА: Вас ви е важно да бидете во центарот на вниманието, но имате впечаток дека Ви недостасуваат нови информации кои што имаат важно значење.

ЗДРАВЈЕ: Добро би Ви дошло некоја спортска рекреација

СТРЕЛЕЦ

ЉУБОВ: Нечие присуство делува позитивно над Вашето расположение. Наоѓате смисла за инспирација за да се прикажете во ново светло пред саканата личност

РАБОТА: Вашата интуиција изгледа речиси непогрешлива во различни ситуации. Имате важна улога во оценувањето на добри идеи кои влијаат на крајните резултати.

ЗДРАВЈЕ: Вие сте во одлична форма.

ЈАРЕЦ

ЉУБОВ: Без оглед на мистериозното однесување на некој близок, не можете да ги скриете вашите сомневања. Го туркате своето незадоволство.

РАБОТА: Не дозволувајте некој да ја поттикне вашата желба за натпреварување, размислете за можните последици.

ЗДРАВЈЕ: Смирете ја совеста, ќе ви годи искрен или разговор од доверба.

ВОДОЛИЈА

ЉУБОВ: Нема причина да се однесувате арогантно пред саканата личност. Големата упорност понекогаш го носи спротивниот ефект.

РАБОТА: Се обидувате да ги постигнете своите деловни намери надвор од официјалните простори, но тоа си има и своја цена.

ЗДРАВЈЕ: Уживајте во некоја забава, добра релаксација или опуштање.

РИБИ

ЉУБОВ: Во емоционален ентузијазам, вие ги проценувате работите на погрешен начин. Сочувајте ја блискоста со личност која нема да ги изневеру вашите очекувања.

РАБОТА: Вашиот успех значи проширена соработка и зголемена контрола над важни настани. Задржете ја активната улога.

ЗДРАВЈЕ: Важно е да чувствувате позитивен импулс и инспирација.