Дневен хороскоп за 28 Февруари (недела)

Хороскоп
Дневен хороскоп

ОВЕН

ЉУБОВ: Анализирајте ја саканата личност, не ја разбирате вистинската причина што влијае на несогласувањето.

РАБОТА: Вие немате доволно трпение за соработниците кои го успоруваат или го усложнуваат деловниот договор.

ЗДРАВЈЕ: Различни забави делуваат позитивно на вашето расположение.

БИК

ЉУБОВ: Не ви се допаѓа да бидете во неизвесност, но не можете да ја смените вашата емоционална положба.
РАБОТА: Вие сте заинтересирани за идеи со голема добивка, а нечија приказна Ве наведува на идеја за успешна соработка.
ЗДРАВЈЕ: Нема потреба да ги преценувате личните можности.

БЛИЗНАЦИ

ЉУБОВ: Не изговарајте “тешки зборови” пред вашиот партнер.
РАБОТА: Очекувате позитивни одговори или бизнис признание. Сепак, постојат непланирани компликации, па прифатете нечиј совет.
ЗДРАВЈЕ: Ќе ви годи здрава исхрана.

РАК

ЉУБОВ: Лицето на кое размислувате треба да одговори на вашите емотивни желби.
РАБОТА: Делувате самоуверено во различни ситуации и сте подготвени да ги објавите вашите ставови или одлуки.
ЗДРАВЈЕ: Избегнувајте стресни ситуации.

ЛАВ

ЉУБОВ: Потрудете се да делувате шармантно или неодоливо во друштво на блиска личност. Натерајте го партнерот да се одлучи за вашиот избор.
РАБОТА: Нема потреба да избрзувате во деловните состаноци. Ако имате добри идеи, слушнете го и мислењето на соработниците.
ЗДРАВЈЕ: Зрачите со позитивна енергија.

ДЕВИЦА

ЉУБОВ: Саканата личност искрено сака да ви удоволи, покажете и дека имате доволно доверба во заедничкиот договор.
РАБОТА: Нечија приказна ви остава негативен впечаток, не верувате во големите зборови без покритие. Заборавете на големите амбиции.
ЗДРАВЈЕ: Посветете внимание на правилната исхрана, конзумирајте повеќе витамини и течности

ВАГА

ЉУБОВ: Смислете добар план и оригинален пристап кој треба да ја задоволи блиската личност. Важно е да направите добар избор во секој поглед,
РАБОТА: Употребете ја моќта на сугестијата кога преговарате со деловните партнери. Постојат ситуации кои бараат голем психички напор и прилагодување.
ЗДРАВЈЕ: Ќе постигнете добро расположение.

ШКОРПИЈА

ЉУБОВ: Во односот со саканата личност бидете заводливи и фантазирајте. Важно е правилно да ги истакнете позитивните особини.
РАБОТА: Поради различните правила и деловни интереси, добро е да ја прифатите компромисната варијанта како најдобро решение.
ЗДРАВЈЕ: ДОбро ќе ви дојде релаксација и прошетка во природа.

СТРЕЛЕЦ

ЉУБОВ: Понекогаш претерувате во барањата кон саканата личност. Покажете поголема нежност и искрена благодарност за тоа што го добивате.
РАБОТА: Важно е добро да се разбирате со блиските соработници и да поставите правила во деловниот договор.
ЗДРАВЈЕ: Избегнувајте нездрава храна и лоши навики.

ЈАРЕЦ

ЉУБОВ: Барате нечие разбирање и емотивна поддршка. Нема причина премногу да фантазирате за работите кои се далеку.
РАБОТА: Не дозволувајте некој лош дијалог негативно да го одржава нивото на деловна соработка или на резултатите кои ги очекувате од заедничката акција.
ЗДРАВЈЕ: ДОбро ќе ви дојде дополнителна активност, намалете ја напнатоста.

ВОДОЛИЈА

ЉУБОВ: Посветете внимание на својот стил, искористете ја имагинацијата и смислете интересна забава за двајца.
РАБОТА: Направете се што е потребно за да го споите убавото и удобното со практичното и корисното.
ЗДРАВЈЕ: Потиснувањето на вашите желби влијае врз дополнителната нервоза.

РИБИ

ЉУБОВ: Подобро е да ја прифатите идејата на вашиот партнер отколку да започнете кавга или да создадете нова љубоморна сцена.
РАБОТА: Немојте да се лажете дека нечии ветувања ќе бидат доволна гаранција за деовниот успех. Повеќете работи можете да ги направите без нечија помош.
ЗДРАВЈЕ: Обрнете внимание на работи кои дејствуваат позитивно на вашето расположение.