Неделен хороскоп 14.09 – 20.09.2020

Неделен Хороскоп
Неделен Хороскоп

ОВЕН

ЉУБОВ: Мирни денови за оние кои се во емотивни врски и бракови. И вашиот владетел Марс и владетелот на партнерските односи Венера, се наоѓаат во знакон на Девица, знак кој говори за ситниците, секојдневието и одговорностите. Во превод – време е за внимание, подршка еден кон друг и за повеќе меѓусебен почит. Оваа ндела ќе ги изоставите големите зборови и дела, но затоа двајцата ќе имате свој мир. Љубовта, која во текот на летото беше жешка (дури и “пецкаше” некој пат) сега влезе во есенската фаза … Време е за мир и тишина. На осамените приапдници на овој знак некој од ведро небо ќе падне и влезе во нивниот живот. Тригон Венера со Уран од вашиот знак ќе ви даде ненадејна, невообичаена, страстна љубовна врска. Таман да го завршите летото во голем стил-низ страст.

РАБОТА: Морате да се прилагодите на другите, морате да се прилагодите на околностите, а од сето тоа прилагодување и одговорности вас веќе ве наболува глава. Само во работа сте се претвориле, како да имате калкулатор во главата, постојано во себе собирате, одземате, анализирате, се обидувате да бидете сконцентрирани. Секако, повеќе од сигурно е дека колку и да сте се труделе, нешто ќе пропуштите. Ништо страшно, но доволно да се изнервирате. Договорите кои ветуваат голема надеж ќе останат некако недефинирани или ќе се пролонгираат…
ФИНАНСИИ: Би можело некој пари да ве погодат во првите денови од оваа недела, но тоа не значи дека и остатокот од овој период ќе биде “богат”. Се повеќе ќе морате да внимавате како трошите и во што инвестирате.

ЗДРАВЈЕ: Исхраната ќе ја ставиме на прво место, бидејќи тука нешто морате да промените. На второто е рекреацијата, бидејќи сега ви е навистина потребна. Што се однесува до нервозата, за тоа моментално не вреди да се зборува, таа е тука.

БИК

ЉУБОВ: Младата Месечина во вашето поле на љубов, забава, флерт, уживање во животните задоволства, како и останатите планети на тоа поле, им носи на осамените припадници на овој знак период кога можат повеќе да се опуштат и да уживаат. Отворени сте за нови познанства и нови емотивни прилики. Интересни прилики ви доаѓаат преку социалните мрежи, преки излегување и дружење со приајтелите. Оние кој се во емотивни врски и бракови исто така се во период кога можат на лесен начин да ги решат досегашните проблеми и сомнежи со саканата личност. Ќе бидете повеќе фокусирани на потребите на саканата, истовремено ќе знаете да ја сослушате и другата страна, но исто така отворено да поразговарате околу се. Кај некој од вас може ќе се појави потреба од принова. Во суштина, ќе ја ставите заедницата на прво место, бидејќи и двајцата сте спремни за компромис и мали нешта кои живот значат.

РАБОТА: Влезот на вашиот валдетел во знакот на Девица ви носи полесно справување и пристапување ко своите обврски, да сте повеќе фокусирани на секој детал и ја појачува вашата одговорност кон обврските кој морате да ги направите. Другите ќе сватат дека на вас може да се потпрат, па немојте да се изненадите ако некој од вашите колеги проба да ја искористи вашата трудољубивост и посветеност на работата. Иако ќе водите разговори и имате деловни состанови повеќе него вообичаено, нема да бидете задоволни со крајниот резултат.

ФИНАНСИИ: Меркур, кој владее со вашиоте пари, во оваа недела е под аспект на опозиција од страна на Нептун. Не се вовлекувајте во некои “феноменални шеми” за заработка и не вложувајте пари непромислено.

ЗДРАВЈЕ: Очигледно е дека ќе морате да промените нешто во животните навики. Знакот на Девица, во кој моментално се наоѓа вашиот владетел Венера, бара одговорност према себе и потребите на вашиот организам.

БЛИЗНАЦИ

ЉУБОВ: Опозицијата на Меркур кој валдее со вашиот знак со Нептун, митицизам, романтика, но и илузии, може на слободните Близнаци да им донесе еден голем љубовен занос. Сега, се е во ред, само внимавајте тој занес да не пукне како меур од сапуница… Некој вас ве има фасцинирано, магепсано, веќе сте во фазон – ова е личноста која ја чекав цел живот. Мојата сродна душа! Смалете го доживувањето и обидете се реално да ја согледате личноста. Не ви велиме дека не треба да уживате, но немојте премногу да се опуштите за подоцна да бидете разочарани. За Близнаците кој се во емотивни врски и бракови сега е добар момент односот со партнерот да го средите, смирите и градите.

РАБОТА: Во првиот дел од неделата најчесто во сегментите за работа ќе лутате, ќе се обидувате но без големи резултати. Колку и да биде труд вложено, работите ќе останат недефинирани а договорите ќе ви побегнат од раце. Можно е дека вие и останатите воопшто не се ни разбирате. Сепак, како неделата ќе одминува ќе сватите дека околностите ве туркаат кон некој правец на завршување на некој работи или добивање на одреден проект или соработка. На крајот од неделата ќе добиете подршка од луѓе кој вам ви се многу важни.

ФИНАНСИИ: Што се однесува до парите, тоа ќе биде доста променливо. Ова може да биде прелив на трошкови. Не е прав момент за инвестурање и вложување.

ЗДРАВЈЕ: Право време е да направите преглед кај лекар, доколку се постар припадник на знакот. Младите може да имаат мали проблеми поврзани со стомакот, мускулите и болки во екстремитетите.

РАК

ЉУБОВ: Секој пат кога е млада Месечина, Раковите отвараат ново поглавје во своите животи. Со оглед дека позицијата на МЕсечината оваа недела е во квадрат со Сатурн, кој владее со вашите партнерства, јасно ви е дека морате да бидете максимално одговорни и посветени на врската или бракот. Доколку се поставите поинаку, периодот пред вас може да ви донесе само поголемо дистанцирање од партнерот, а кај некои од вас дури и прекин на односот. Расмислите за тоа што вам ви е навистина важно кога е љубовта и односот со саканата во прашање. Осамените Ракови сега во можност да стават точка на своето емотивно минато и ослободени тргнат понатака. Нови и интересни луѓе се околу вас, заборавите на стравовите, повредите во минатото и загубите и дозволете си себеси да засакате повторно. Ако ништо друго – барем уживајте во флертувањето.

РАБОТА: Ова е време кога може да се направат некои коренски промени во вашиот однос кон работата. Превземете ја иницијативата во свои раце и немојте да се двоумите да кажете и покажете што е она што го сакате и што вам ви е потребно. Дефинитивно е дека ќе го привлечете вниманието на деловните соработници и претпоставените со новоформираната самодоверба и иницијатива. Добро поставеното поле за комуникациај ви овозможува да дојдете до нови соработници, како и до нови можности за поволни договори.

ФИНАНСИИ: Постојат можности да бидете исненадени со поголем прилив на пари оваа недела. Бидете внимателни кога станува збор за трошковите, битно е да затворите некои долгови, обврски и сметки за домот.

ЗДРАВЈЕ: Првите неколку дена од оваа недела ви носат напнатост и нервоза, кои можат да предизвикаат несоница, главоболка. Остатокот од неделата ви носи смиреност и добро расположение.

ЛАВ

ЉУБОВ: Уште во понеделник и вторник Венера е во вашето поле на личноста, а после тоа заминува за долго време. Затоа овие денови искористете ги за да го разубавите и задлабочите вашиот однос со саканата личност. Веќе од среда и влегувањето на Венера во знакот на Девица, влегувате во период кога ќе мора повеќе вниманите да посветите еден на друг, да посветите внимание на секоја ситница и да имате повеќе разбирање. Сега е време за договри, за малку радост, мир и тишина. Тие кои се слободни ќе бидат под влијание на Венера и Уран. Овој аспект може да го зачини вашиот љубовен живот, да ви донесе нешто необично, неочекувано и изненадно. Пред вас се страсни и слатки искушенија на кои тешко ќе биде да им одолеете.

РАБОТА: Максимано фокусирајте се на тоа што е важно во деловниот сегмент иако во некои случаи ќе ви изгледа дека зборите во празно и се вртите во круг. Некои нејасни и недефинирани ситуации брзо ќе се расчистат и ќе имате јасна слика пред себе. Пред соработниците ќе успеете да се поставите на правилен начин. Пред вас стојат можности за нови деловни договори.

ФИНАНСИИ: И понатаму имате потешкотии на финансиски план. Неможте да ги занемарите своите обврски само затоа што имате проблем околу тоа. Вратете барем дел од тоа што должите.

ЗДРАВЈЕ: Чувствувате недостаток на енергија кој се обидувате да го решите со одмор, избегнување стресни ситуации, но и правилна исхрана

ДЕВИЦА

ЉУБОВ: Со саканата личност оваа недела ќе имате недоразбирања и нејаснотии. Вие се обидувате да бидете конкретни, но не ви е јасно зашто другата страна има чудни реакции и постапки кон вас. Опозицијата на Меркур, кој владее со вашиот знак, е причина за вашите моментални чувства, а некои можат да почнат да се сомневаат дека партнерот не е целосно искрен. Од друга страна, многу ќе се изненадите ако саканата личност ви префрли дека флертувате на страна и се криете, а вие сте сметале дека сте како “отворена книга”. Но во вториот дел од оваа недела ситуацијата оди на подобро. Издржете уште некој ден. Тие кои се слободни може да размислуваат за некоја личност, да фантазираат и сонуваат, да идеализираат, но тоа нема да им донесе ништо посебно. Во овој период не ви доаѓа ништо што сте сакале.

РАБОТА: На работното поле сте многу активни. Планетите го окупирале вашето поле на личноста, а оваа недела ја имате и младата Месечина. Влегувате во една нова животно-деловна фаза која ќе ви донесе напредок и просперитет. Но до средината на неделата не се нервирајте, бидејжи ситуацијата ќе ве кочи бидејќи ќе наидувате на околности кои не ви се јасни. Ова е моментална состојба.

ФИНАНСИИ: Добро е. Има некои убави и силни приливи за вас, а ќе ви пристигнат пари и од некоја дополнителна работ.

ЗДРАВЈЕ: Губитокот на енергија кој моментално го чувствувате може да се регулира со исхраната, но и со некои промени на дневно ниво. Бидете поактивни

ВАГА

ЉУБОВ: Вашиот владетел, на самиот почеток на неделата, е во тригонски аспект со Уран и тоа случивање може да ви донеде “љубовен удар” на кој ниту сте се надевале ниту сте го очекувале. Тоа може да биде претварање на едно пријателство во љубов или може некој да влезе во вашиот живот без некој ред и смисла… сите можности се во игра. Што и да се случи, ако сакате послушајте го советот: препуштете се и уживајте. Не мислете на иднината. Живото е тука и сега, не го пропуштајте. Тие кои се во врска и брак влегуваат во една неверојатна мирна фаза. И вие и партнерот ќе бидете потивки од обично, па ви се препорачува повеќе да се посветите еден на друг, да избегнувате гужва и да уживате во мирот.

РАБОТА: Планетите го “наполниле” вашето поле на тајни, па во наредниот период ќе бидете повлечени и со помалку нервози. Сега повеќе посветете се на плановите, анализите на тоа што сте го направиле и размислете во кој правец ќе ја носите ситуацијата понатаму. Оваа недела ви претстојат некои двоумења, ќе бидете загрижени дека немате вистински информации или некои ситуации не ви се јасни. Почекајте, не превземајте конкретни чекори за ништо.

ФИНАНСИИ: Последниот аспект кој ќе го направи вашиот владетел пред да навлезе во знакот на Девица може да ви донесе нечекувани добивки, поклони и финансиски поволности. Искористете се без размислување.

ЗДРАВЈЕ: Преиспитајте се што е поврзано со физичкото здравје. Потребен ви е одмор, релаксација и поголема посветеност на себе.

СКОРПИЈА

ЉУБОВ: И Марс кој владее со вашиот знак и Венера која владее со партнерствата, заедно се во транзит кон знакот на Девица, а тоа ви носи можност да се усогласите со партнерот и да се обидете да најдете заеднички јазик. Важиот владетел полека навлегува во опозиција со Нептун, а тоа можеби ќе направи да бидете многу чувствителни, некои ситуации да не ви бидат јасни и да не бидете сигурни што сакате кога е во прашање односот со саканата личност. Во секој случај не превземајте конкретни чекори бидејќи сега работите не ги гледате јасно. За тие кои се слободни, постои можност некоја личност неочекувано да се отвори и да ја признае заинтересираноста кон вас. Исто така може да добиете понуда за тајна средба или за авантура. Од вас зависи како ќе реагирате.

РАБОТА: Загрижени сте за некои планови бидејќи во моментов ви изгледа дека нема да дадат резултат. Малку сте изнемоштени од некои договори и сметате дека може да ви избегаат, особено поради тоа што другата страна некако одолговлекува и никако не ви дава ништо конкретно. Ова е малку несигурно време за вас, но стравовите за сега се само во вашата глава. Посветете се на ситуациите и договорите кои ви се важни и надевајте се на подобро.

ФИНАНСИИ: Иако можеби немате вистинска причина, одеднаш се чувствувате несигурни дека ќе успеете да излезете од некои финансиски потешкотии. Само полека, решавајте ги работите една по една.

ЗДРАВЈЕ: Потребно ви е повеќе да се движите. Наместо да се преместувате од кревет на стол и обратно, прошетајте.

СТРЕЛЕЦ

ЉУБОВ: Не може да негира – успеавте да се справите со поголем дел од вашата емоционална или брачна врска и внесовте повеќе љубов и радост на љубовниот живот. Но, бидејќи ништо не трае вечно, ако на тоа не се работи и не се одржува, така и љубовта – време е да бидете дополнително одговорни и посветени на врската во која се наоѓате. Тоа ќе ве натера да почувствувате дека саканата личност е премногу критична во некои ситуации, и сметате дека е “удар” без причина. Од друга страна, очигледно е дека нешто ве вознемирува и треба да се прашате дали можете да направите нешто во врска со тоа. Осамените членови на овој знак можеби очекуваат изненадување и страстни љубовни почетоци оваа недела. Венера се уште влијае врз вашиот карактер, давајќи ви можност да се опуштите и да уживате во вашата љубов.

РАБОТА: Во вашето поле на кариера оваа недела е ѕвездата на планетата, а во тоа ќе се случи и младиот Месец. Очигледно, влегувате во сосема нова деловна фаза што ќе ви донесе големи промени и нови бизнис почетоци во иднина. Но, оваа недела нема све да оди подмачкано и под конец. Ќе имате проблеми да стапите во контакт со вашите соработници, а ниту односите со претпоставените ќе функционираат најдобро. Внимавајте на грешките, можни се проблеми со докумнетација, бидејќи можат да ви попречат во секојдневието.

ФИНАНСИИ: Средено е се во изминатиот период, кога станува збор за финансискиот сегмент. Продолжете во опуштената фаза во која се наоѓате. За сега – уживајте.

ЗДРАВЈЕ: Нагласениот знак на Девица, ве предупредува дека е време за промени. Нешто не правите како што треба, па сега е вистинско време да се посветите на себе.

ЈАРЕЦ

ЉУБОВ: Јарците се во навистина убав и стимулирачки љубовен период. Тоа не значи дека сè е совршено, но основите се одлични, и зависи од вас дали ќе ги развивате и градите овие основи. Планетите се во феноменален аспект на вашиот знак, што ви дава интимност со вашиот партнер, дека сте и двајцата флексибилни, подготвени за компромис и лесно да преговарате за сè на дневна основа, но исто така и во однос на плановите. Се вели дека вашите стравови и несигурност повремено ќе постојат, но со тоа можете сега лесно да искочите на крај. Осамените членови на овој знак имаат можности, имаат нови познаници, имаат некои луѓе кои долго време се познати и кои се заинтересирани за нив. Сепак, одите внимателно и полека, потребно е време да се види дали оваа приказна е за вас или не. Тргнете со свое темпо, тоа е моментално најдобро.

РАБОТА: Младата месечина на полето на плановите, експанзијата, државните и јавните институции, образованието, како и планетиот стил на ова поле – сето тоа укажува на фактот дека Јарците направија некои големи, нови почетоци, кои можат да бидат доста успешни. Време е да се активира, да се започне со она што сте го планирале и замислувавте долго време. Немојте да се колебате, не плашете се од иднината, вистинскиот момент е да ја направите таа иднина. Нешто полоши врски со колегите, но ќе бидете сигурни дека ќе ги ставите на нивно место …

ФИНАНСИИ: По стабилни сте, на финансиски план, во однос на подолгиот период кој е зад вас. Сега бидете одговорни, не трошете пари залудно, но почнете да враќате долгови и заостанати обврски …

ЗДРАВЈЕ: Исхраната е помал проблем, но постарите лица можат да имаат проблем со кичмата и грбот.

ВОДОЛИЈА

ЉУБОВ: Оваа недела, аспектот на Венера на вашиот друг владетел, Уран, може да донесе некои врвни брзи и супер-одлични нови почетоци од слободна Водолија. Ќе имате чувство дека само небото е заплеткано за да ве поврзе со оваа личност. Не трескајте многу глава, од каде пак сега ова, колку ќе треа и во кој правец оди, туку зграбете со двете раце и уживајте. Оние кои се во емоционални односи и бракови влегуваат во периодот кога ќе мора да бидат посветени и одговорни кон некој близок. Нагласениот знак Девица бара од вас секојдневно да правите промени, со некои мали знаци на внимание за да ги направиш моментите поубави, но исто така и да ги одговорите прашањата кои ви се важни. Време е да направите големи промени во вашите односи.

РАБОТА: Кога се работи за деловен сегмент, а особено за деловните партнерства и соработка – сигурно е дека ќе има некои големи пресврти оваа недела. Обидете се да продолжите со нив и да ги прифатите, бидејќи тие ќе ви ги донесат промените за кои толку напорно работевте. Во суштина, младата месечина во полето на промени ќе ви отвори целосно ново поглавје за бизнисот. Во текот на оваа недела бидете фокусирани на се што е поврзано со договорите и конкретизацијата на некои деловни проекти.

ФИНАНСИИ: “Среќен бран”, кога финансиите се во прашање, официјално завршува до средината на неделава. Подигнете некои неочекувани приливи или финансиски подароци, бидејќи парите нема повеќе да ви доаѓаат на лесен начин…

ЗДРАВЈЕ: Во овој период нема да имате големи здравствени проблеми. Постарите членови на знакот би можеле да посветат малку внимание на ‘рбетот.

РИБИ

ЉУБОВ: Во областа на сериозни емотивни и брачни партнерства, стелиумот е планета, а оваа недела ќе имате млада месечина во неа. Таа вели дека твоите партнерства треба да се постават на поинаква основа, така што ќе функционира, но морам да признаам дека оваа недела нема да ви биде лесна за вас. Меркур и Марс, во спротивност со Нептун, ќе се збунат, ќе задоцнат сомневања, ќе донесат недоразбирања. Сето ова може да се должи на некои мали детали и детали кои не се толку важни, но сега посебно ќе ви бодат очи. Обидете се да не реагирате набрзина, и бидете сигурни дека ќе најдете компромис за сите проблеми со вашата сакана. Ако сте осамен член на овој знак, можете да имате авантура низ деловниот сегмент. Ако сакате. Во еден момент некој ви се допаѓа, а во следниот момент веќе се тргате на страна. Сè уште сте во нестабилна фаза, па и емоционалниот живот ќе работи напорно.

РАБОТА: Венера, која е во вашиот бизнис секојдневно, може да им даде на Рибите силни деловни можности, промоции, промени во работата, награди … или барем пофалби од оние со кои ќе работите во првата половина од оваа недела. Но, овие аспекти се краткотрајни, и општо земено – ситуацијата сега не е навистина “слатка”. Вие сте прилично нервозни, а деловните соработници изгледа дека зборуваат различни јазици. Ќе ви треба многу мир и хармонија за да се справите со некои луѓе на крајот. Би било добро да не донесувате конкретни одлуки во нервоза или бес, или под притисок.

ФИНАНСИИ: Ќе бидете задоволни од финансиските приливи. Но, парите денес многу лесно излегуваат од вашиот џеб, па затоа грижете се за вашите трошоци.

ЗДРАВЈЕ: Намалете со пушењето.