Неделен хороскоп за 21.09 – 27.09.2020

Неделен Хороскоп
Неделен Хороскоп

ОВЕН

ЉУБОВ: Марс и Венера оваа седмица се во силна опозиција со Нептун, а полека влегуваат и во квадрат со Сатурн. Во превод – не се надевајте на некоја посебна љубовна убавина ако сте во емотивни врски или брачни заедници. Кај двата случаи ќе се појача посесивнсота и љубомората, ќе се појави и лошо расположение, а можно е неколку дена да не разговарате, бидејќи ќе си викате еден на друг. Вие особено ќе барате причина за почесто отргнување и фокусирање на деловните обврски. Од една страна тоа може и да е добро, но од друга не треба да дозволите таа негатива помеѓу вас и вашата сакана личност да стане се поголема. Некое олеснување и подобрување на расположениете следи за време на викендот, па тогаш потрудете се да ги исправите работите. Слободните приапдници на овој знак повеќе сонуваат него што се трудат да освојат некоја личност.

РАБОТА: Квадратот Меркур и Сатурн кој е актуелен до половината на неделата ќе ја отежнува секоја комуникација и ќе ги одолжи сите договори кои сакате да се активираат. И вие лично ќе бидете во матно расположение, несигурни, загрижени бидејќи ништо не се одвива како што сте планирале. Ќе мислите дека околу вас има само ветувања и празни приказни и дека нема конкретизацијана видик. Обидетесе се во дневните обврски да бидете точни и ажурни, но и тоа ќе биде доста тешко. Оваа недела е спора и статична, и че ви биде потребно повеќе напор него вообичаено.

ФИНАНСИИ: Водете грижи на што ги трошите парите. Како да не ги контролирате трошоците, и парите ви се извлекуваат од џебот без никаков план и цел. Приливите ќе бидат доста променливи.

ЗДРАВЈЕ: Лошите навики, несоодветната исхрана и неводењето сметка околу одморот и добриот сон, ќе се одразат на вашето расположение но и на имунитетот.

БИК

ЉУБОВ: Имате некои убави и релативно мирни и спокојни денови зад себе, но изгледа дека со тоа и официјално е завршено. Многу од тоа овие денови не ви се допаѓа и ви смера кога е во прашање емотивниот или брачниот партнер. Всушност ако ја прашате другата страна таа би ви рекла дека има многу раобти да ви замери. Честопати двајцата нема да успеете да се воздржите од критикување, од набацување на виновност, од обиди за манипулација во некои случаи дури и лаги и неискрености. Ова е комлицирана недела за вас како пар и би било добро двете страни да внесат позитивна енергија и подршка еден кон друг. Ако сте еден од слободните Бикови, опозицијата на Нептун со вашиот владетел Венера може да ви донесе јак емотивен романтичен занес. Дали оваа личност е навистина вредна за труд, тоа ќе го увидите како ќе одминува времето.

РАБОТА: Не можете да кажете дека е лесно за вас и дека деловната ситуација е чудесна, но со оглед на тоа како им е на другите и во какви проблеми се вие сеуште се снаоѓате некако. Ќе имате периодични падови на расположението и можеби ќе ви биде тешко да се фокусирате, па би било добро да бидете посебно сконцентрирани кога ќе се работи за некоја си папирологија бидејќи лесно може да згрешите. Очекувајте недела со големи активности.

ФИНАНСИИ: Воопшто не го контролирате ни приливот ни трошоците. Внимавајте оваа недела тешко ќе застанете на стабилно тло.

ЗДРАВЈЕ: Постарите Бикови може да имаат проблем со нозете, со циркулација, но исто така и со лумбалниот дел на кичмата. Кај малдите приапдници на знакот потребна е поголема активност а помалце лоши навики.

БЛИЗНАЦИ

ЉУБОВ: Смиреноста помеѓу вас и партерот завршва вие повторно влегувате во лоша фаза, која најмногу ќе се манифестира низ проблеми во комуникацијата. Енергијата помеѓу вас и вашиот сакан/а судираат, и тешко доаѓа до совпаѓање. Вие сметате дека партнерот е премногу тежок, има многу потреби и е статичен, додека другата страна смета дека вие сте неоправдано критични, понекогаш и неиздржливи. Иако другиот дел од неделата ви е подобар во љубовниот сегмент, обидете се да постигнете компромис иако тоа неам да биде лесно. Не бидете тврдоглави ни вие ни партнерот, бидејќи како што и самите знаете инатот е најлошиот занает. Со тоа ништо нема да постигнете освен главоболка и дистанцираност.Кај слободните Близнаци никој на повидок за кој би бил вреден труд.

РАБОТА: Неделата ке започне со потреба од максимална одговорност и посветеност кон совите обврски. Не прескокнувајте некој работи и не ги оставајте за утре, бидејќи е повеќе од извесно дека ќе бидете искритикувани од страна на партнерите или претпоставените. Некои работи ќе бидат разочарувачки кога се договорите во прашање, и вас ви препорачуваме да не носите одлуки во првиот дел од неделата. Ако е можно одложете ги за наредната недела. Не сте задоволни од моменталната ситуација.

ФИНАНСИИ: Немате лоши предиспозиции за заработка во текот на овој период, но би било добро да ги ограничите трошоците. Заштедете пари.

ЗДРАВЈЕ: Обидете се да се опуштите, релаксирајте се малце, премногу сте притиснати од обврските и стресот и тоа се одразува на вашето здравје. Несоница и нервоза ќе бидат присутни.

РАК

ЉУБОВ: Во вашето поле на коминикации, оваа недела дури три планети се обидуваат да водат некоја своја политика. Тоа ќе беше добро ако тие планети не беа во квадрат со Сатурн кој владее со вашите сериозни партнерства. Односно, што и да кажете или направите на некој начин саканата личност ќе ве замолчи. Партнерот смета дека многу подобро знае во која насока се движи вашата врска и не ви дозволува право на глас. Дали ќе дозволите да бидете замолчени? Секако дека нема. Но пред да се насочите кон расправија размислете добро дали саканата личност е во право. Што мислите за тоа? Можеби тоа ќе придонесе да се спречи голема расправија.

РАБОТА: Напорен почеток на неделата. Некои планови, проекти, замисли и договори едноставно не успевате да ги започнете, без разлика колку труд вложувате. Тоа што не ви оди оставете го за некој друг период, а насочете се кон тоа што може полесно да се реализира. Подгответе се да бидете во движење, да бидете активни, да одите од состанок на состанок и да се договарате. Бидете повнимателни при потпишување договори.

ФИНАНСИИ: Во текот на оваа недела, вашата финансиска состојба нема значително да се подобри. Ви недостасуваат средства за тоа што сте го планирале.

ЗДРАВЈЕ: Постарите припадници на овој знак може да имаат проблеми со движењето, рбетот и екстремитетите. Младите ракови да ја проверат крвната слика и да се обидат повеќе да се одмараат.

ЛАВ

ЉУБОВ: Повеќе не сте во центарот на вниманието на саканата личност бидејќи таа се посветила на некои други животни приоритети. Тоа што на вас ви остана е секојдневието во кое не се снаоѓате најдобро. Ништо посебно нема да се случува, но и вашето расположение е променливо. Еден момент би сакале да седите дома и да ве остават на мир, а друг да сте во друштво и не ве фаќа место. Постокат индикации дека ќе имате некои ситни расправии со саканата личност, без некои посебни причини, најмногу поради досада. Ова не е вашиот период, па обидете се да се прилагодите. На тие кои се сами ништо не им се допаѓа. Никој не ве интересира и не се интересирате за ништо.

РАБОТА: Само што сте мислеле дека сте се навикнале на зголемените обврски, ви наидуваат нови потешкотии и компликации. Најверојатно соработниците и надредените ќе ве притискаат побрзо и поажурно да ја работите својата работа, бидејќи роковите значително ќе се намалат. Не ви се допаѓа тоа што ви се наметнува поголема одговорност, а не забележувате дека вашите приливи се зголемени. Бидете сконцентрирани и насочени кон тоа што го работите за да не направите некоја грешка.

ФИНАНСИИ: Постојат некои помали приливи, но некои пари ви бегаат, а не ви е јасно каде сте ги потрошиле.

ЗДРАВЈЕ: Времето оваа недела не ви одговара. Промените на воздушниот притисок и температурата ве прават нервозни. Можни се проблеми со стомакот.

ДЕВИЦА

ЉУБОВ: Меркур, владетелот на важиот знак е во квадрат со Сатурн, како и сите планети во вашето поле на личноста, а владетелот на партнерските односи е во опозиција со Уран. Овие аспекти даваат значење дека ова ќе биде поволен период.. Сепак размислете пред да ги започнете сите работи. Сепак, Венера во полето на личноста е во опаѓање. Се што сакате да кажете може да го направите на убав начин, а и дипломатијата ќе помогне. Исто така повремено ќе помогне меѓусебно да си излезете во пресрет, да се израдувате со некои убави постапки и ситуации. Најмногу ќе помогне да бидете искрени и да не флертувате на страна.

РАБОТА: Оваа недела може да избиете на прв план, ќе можете да бидете забележани, сега би требало да бидете амбициозни итн… Но тука е Сатурн кој повремено ве блокира да не отидете многу нагоре.Можно е да направите некои прекрасни чекори оваа недела и тоа може да потрае и да ви биде исплатливо.

ФИНАНСИИ: Треба да добиете некои пари, но доцнат. Ви ветувале исплата но нема да стигне, ќе ја чекате следната недела.

ЗДРАВЈЕ: Оваа недела ќе ја потрошите сета енергија и нема да може ништо да направите за да ја подобрите својата состојба.

ВАГА

ЉУБОВ: Во емотивните врски и во брачните заедници ова не е баш најубаво време. Вашиот владател Венера и владетелот на партнерството Марс се во опозиција на Нептун. Бидете сигурни дека љубомората ќе ве превземе и двајцата т.е вас и вашиот патнер. Ќе биде тешко да водите квалитетен разговор и ќе си префрлате вина еден на друг. Секако оваа љубомора и несогласување може да ве наведе на погрешни патишта како што се некоја мала љубовна авантура на страна, некои тајни состаноци. Осамените Ваги ќе останат сами и оваа недела.

РАБОТА: Промената на договорите ќе направат да се чувствувате многу лошо како да сакате да излезете од својата кожа. Ви се чини дека се што сакате да започнете иде премногу тешко, бавно и комплицирано. Повремено ви доаѓа д акренете раце од се. Пробајте да вдишите длабоко и да финкционирате во ми со трпение и со коњски живци. Потребен ви е ваков начин на функционирање. Затоа што она што ќе го договорите и започнете ќе биде многу актуелно следните година дена. Затоа потрудете се за напорни денови.

ФИНАНСИИ: Само што се навикнавте да ви пристигнуваат пари од сите страни… Одеднаш како сите извори да пресушија. Оваа недела ќе имате многу помалку пари од вообичаеното. Затоа пазете како трошите.

ЗДРАВЈЕ: Оваа недела ќе имате само некои ситни проблеми настинка, болки во стомакот и некои може да имаат алергиски реакции. Движете се повеќе

СКОРПИЈА

ЉУБОВ: Целата претходна недела ја имавте на располагање за да се смирите и да бидете во некаква си хармониjа со парнерот, а оваа недела ќе влезете во некои незгодни моменти. Позицијата на Нептун ќе ви довете некои сериозни проблеми во врската или бракот. Ќе се појават сомнежи за љубомора , а дали има потреба од тоа вие самите си знаете. Ви следат неколку караници, но без нервози тие нема да доведат до расипување на врската или пак до развод. Доколку сте осамени постои голема шанса да се впуштите во некоја љубовна врска и тотално да одлепите. Интересното овде е тоа што можно е да влетата во љубовна врска со некоја личност од вашето минато.

РАБОТА: Оваа недела повеќе внимание ќе посветите на решавање на некои работи кои што ќе ви донесат голема заработка. Ќе треба да го поминете секој детал од работата, тоа ќе биде споро но исплатливо. Поради Нептун сигурно е дека ќе имате проблеми во остварувањето на вашите планови, затоа што многу работи ќе бидат недефинирани. Колку и да сакате да завршите побрзо, немојте да брзате.

ФИНАНСИИ: Финансиската состојба не ви е во најдобро светло. Иако ви доаѓаат приливи од различни страни сепак тоа е многу ситно. Со тоа едвај ги покривате трошоците.

ЗДРАВЈЕ: Се што е поврзано со кичмата и ектремитетите може да претставуваат проблем, поготово кај постарите.

СТРЕЛЕЦ

ЉУБОВ: Оваа недела нема да биде мирна кога станува збор за врска или брак. Вие и вашиот партнер само на кратко успевате да најдете некој заеднички јазик и да не се расправате. Бидејќи следниве неколку недели нема да бидат поволни за вашиот љубовен живот. Размислете двапати пред да бидете подготвени за компромис. Стрелците кои што не се во врска ќе испуштат голема шанса за љубовна романса.

РАБОТА: Имате чувство како другите намерно да ве попречуваат, да ви ја отежнуваат работата. Тешко се согласувате со нив па затоа размислете убаво да не сте и вие самите криви за тоа. За другите мислите дека се критични, но што мислите за самите себеси. Пробајте да не бидете тврдоглави и да се противите на се, затоа што оваа недела вашите работни партерства се многу “лабави”, па поработете на тоа да ги зацврстите, а не да ги прекинете.

ФИНАНСИИ: Оваа недела финансиите се во ред, но на дневен ред можно е да се појават некои неочекувани трошоци од минатото. Не е време за вложување.

ЗДРАВЈЕ: Потребно ви е повеќе шетање т.е движење и физичка активност. Потребна ви е и промена во начинот на исхрана.

ЈАРЕЦ

ЉУБОВ: Можно е вие и вашиот партнер да немате доволно време еден за друг, барем за време на работната недела. Ова не треба драстично да влијае на вашата врска, освен кај оние кои се несигурни и кои веднаш ќе почнат да размислуваат на секакви теории во главата и да се сомневаат во саката личност. Не дозволувајте повремена љубомора да ве внесе во некои расправии, кои сега немаат место во вашата врска. Користете го секој слободен момент за да бидете заедно, да промените нешто во вашиот секојдневен живот, да се дружите повеќе, да излезете. Или посветете се еден на друг, на најдобриот можен начин. Прост рецепт, само треба да се примени….. Ако сте осамени, се вели дека некој ви го привлекол вниманието со неговите ставови и квалитетната комуникација со вас. Сепак, и понатаму не се случува апсолутно ништо.

РАБОТА: Некои работи и ситуации ќе се случат оваа недела и ќе ги решите буквално по последен момент. Но, најчесто ќе го трошите вашето време во вашите секојдневни деловни обврски, трудете се некои работи дополнително да ги анализирате и пресметате, за да направите добар план и основа за следниот период. Во суштина, оваа недела нема да донесе некои спектакуларни настани, во еден момент досада, во следен блага нервоза. Би било добро да ја подобрите комуникацијата со претпоставените.

ФИНАНСИИ: Немате премногу пари, но не сте исплашени и вие сте многу паметни и внимателно планирате што ќе потрошите. Совет – проверете кој се ви должи пари и подсетете го за тоа.

ЗДРАВЈЕ: Претежно здравствени проблеми ќе ги погоди постарите членови на овој знак. Може да се поврзе за активирање на хронични проблеми.

ВОДОЛИЈА

ЉУБОВ: Прво неколку зборови за слободните Водолии. Во вашиот емотивен живот, ништо нема да се случи. Ете, беше кратко и прецизно, нели? Малку се шалам со вас, но искрено не гледам начин како во текот на оваа недела да “ќарите” нешто. Дури и да “карите” нешто, тоа ќе биде со зафатена личност. Ако тоа ти одговара, тогаш – само напред! Што се однесува до оние во емоционални врски и бракови – внесете ги вашите драги и блиски во еден “Бог да не чува” период. Во следните десет или петнаесет дена, вие и вашата сакана личност ќе бидете постојано на граница на прекинување. Барем да постои некоја права, конкретна причина – но, не постои. Најчесто ќе се расправате за некоја глупост или ситница и никој од вас нема да сака да се повлече. А кога ќе се разбудат инатот и тврдоглавоста кај вас, прашање е дали воопшто ќе успеете да ги оневозможите…. Да се надеваме дека вашиот партнер ќе биде во расположение “попаметниот попушта”.

РАБОТА: Некои ситуации и луѓе ви наштетуваат, и подобро е да ги “пратите” кај што им е местото, но вие секогаш треба да бидете трпеливи…. морате да се правите дека сте фини и коректни и спремни за секој договор, што страшно ве нервира, но што се може. На сето ова, ќе ви се насоберат еден куп обврски на врат, ќе морате да трчате и да ги завршувате, а ќе мислите дека тапкате во место и дека ништо не сте решиле. Што повеќе брзате, толку поспоро се одвива се. Затоа повлечете рачна, одберете ги приоритетите и бидете така…

ФИНАНСИИ: Ќе има пари, пари што ќе ги потрошите, и за вас нема да остане ниту една кафеава. Многу сте ефикасни во трошењето…

ЗДРАВЈЕ: Ништо страшно, но многу мали проблеми. Се е поврзано со ‘рбетот, екстремитетите, стомакот, вените…И така натаму…

РИБИ

ЉУБОВ: Вие со вашата сакана личност оваа недела како да разговарате на различни јазици. Венера во вашето поле на сериозното партнерство се обидува повремено да ја подобри ситуацијата, но вие со вашата сакана личност само малку ја користите. Оваа недела може само да си ги “искинете нервите”, а за целата таа ситуација сте самите виновни. Ќе биде добро нервозата поради другите работи да не ја пренесувате во односот со саканата личност. Обидете се барем во вотриот дел од оваа недела малку да се смирите, да се стабилизирате и да поразговарате. Тие кои се сами моментално имаат некоја кратка ситуација со личност од спротивниот пол.

РАБОТА: Деловниот сегмент во моментов е место кое е многу стресно. Тоа не е поради своите грешки туку поради туѓите, но и поради напорните и пребирливите личности кои се околу вас. Обидете се да не посветувате внимание на ова и посветете се на својата работа, не дозволувајте дискрецијата да ве наведе да направите некоја грешка. И самите знаете колку сте одговорни кога станува збор за работата, па поради тоа не дозволувајте да ви кажуваат дека не сте направиле нешто како што треба. Колку повеќе одговорност и труг, толку подобри резултати.

ФИНАНСИИ: Некои трошоци нема да можете да ги избегнете. Исто така може да сфатите дека ви недостасува одреден износ на пари со кој сте сакале да покриете некои долгови. Не се позајмувате, ова не е добар период за вас.

ЗДРАВЈЕ: Оваа недела ќе имате проблем со нервозите. Тоа може да се манифестира и низ проблемите со спиењето но и со главоболка.