Бебе се удавило на крштевка, но Црквата не сака да ја менува својата традиција

Бебе се удавило на крштевка, но Црквата не сака да ја менува својата традиција
Бебе се удавило на крштевка, но Црквата не сака да ја менува својата традиција

Православната црква во Романија се најде под голем притисок да го промени начинот на кој го извршува крштевањето откако едно бебе почи.нало после церемонија која вклучува потопување на детето три пати во света вода.

На шестонеделното бебе му запрало срцето и итно е префрлено во болница каде што почи.нало неколку часа подоцна, а аутопсијата покажало дека детето имало вода во белите дробови.

Обвинителството покрена истрага против свештеникот во градот Сукеав на североистокот на земјата.

Набрзо после веста за детето на социјалните мрежи се појавила онлајн петиција која ја потпишале повеќе од 56.000 луѓе за да се промени ритуалот на крштевање.

“Оваа вест поради ваквата пракса е огромна тра.гедија. Овој ризик мора да се исклучи за радоста на крштевањето да триумфира”, стоело во описот на петицијата.

Локалните медиуми пренесуваат дека изминатите години имало неколку слични инци.денти. Портапролот на романската црква Василе Банеску изјавил дека свештениците можат да стават малку вода на челото на бебето наместо цело да го потопуваат, но архиепископот Теодосије, лидерот на традиционалното крило во Црквата, порачал дека ритуалот нема да се менува.

Повеќе од 80 отсто од Романците се православни и Црквата е една од институциите на кои најмногу и се верува.