Била убавица, а сопругот случајно ја запалил: Мислела дека ништо полошо неможе да и се случи, но потоа следел хорор (видео)

Мич и Кортни Валдрон од Џорџија се во брак само два месеци, а животот целосно и се променил кога на кампување нејзиниот сопруг направил морничава грешка.

Парот седел и уживал покрај оганот кој почнал да се гаси, а Мич одлучил да додаде бензин на оганот. Пламените ја зафатиле Кортни која почнала да гори.
Мич веднаш повикал помош:

“Мојата сопруга гори. ве молам побрзајте. Имавме оган и експлодираше. Ни треба помош”.

Кoга го прашале која е причината за експлозијата, тој само кратко одговорил: “бев глупав”.

Кортни е пренесена во болница со изгореници на 40% од телото.

Unfortunately the old house that Courtney's family was trying to obtain for Courtney and Caroline to live in has fell…

Gepostet von Courtney's Comeback am Samstag, 28. Januar 2017

Таа поминала 51 ден во болница, каде што имала 20 операции, но нејзиното лице останало уништено.

“Моите раце се изгорени бидејќи со нив се обидував да го изгаснам оганот од лицето. Таа ноќ почувствував како да ми гори секој дел од телото.”

Кога помислила дека неможе да и се случи ништо полошо, нејзиниот сопруг ја напуштил.

Само две недели откако била пуштена од болница, Мич и кажал дека ја напушта, а таа останала сама со сметката за медицинските трошоци во износ од 2 милиони долари.

Мич ја оставил во најлоша состојба. Неможела ништо да работи и немала стан. За среќа на неа и помогнале соседите и луѓето од градот кои и изградиле куќа, а многу луѓе и пратиле пари по интернет.

Покрај сите потешкотии таа мисли дека тоа што Мич ја напуштил е благослов.

“Мислам дека Мич ќе ме заробеше. Немаше да бидам толку силна како што сум денес и немаше да постигнам толкав напредок. Поддршката која ја добив беше неверојатна. Кога ќе погледнам во огледало, длабоко во себе, знам дека и понатаму сум убава како што некогаш бев” кажала Кортни.