Човек брутално турнал жена по скали: Во затвор го добил заслуженото (видео)

Светот беше згрозен откако ја виде снимката во која маж брутално бутна жена по скалите во метро станицата во Берлин.

28 годишниот Светослав Стојков изврши напад врз жена.

Тој беше осуден на казна затвор со времетраење од 2 години и 11 месеци поради нанесување на тешки телесни повреди.

Додека беше во затворот во Берлин, Стојков стана жртва на насилно однесување. Минатиот петок некои затвореници со своите маици ги сокриле лицата и го нападнале Стојков во неговата ќелија.

Наводно тоа време, Стојков се одмарал на креветот и бил претепан од затворениците кои брзо избегале.

Согласно полицискиот службеник “Тој викал многу гласно поради големите болки, па чуварот го слушнал и преку затворени врати”.

Чуварот го огласил алармот и сите затвореници биле заклучени во нивните ќелии.

Полицискиот службеник додава дека Стојков не е сигурен во затвор: “Тој ќе биде префрлен во друг затвор. Во Берлинскиот затвор повеќе не е сигурен.”

Стојков е обвинет криминалец и во Бугарија, кој страда од оштетување на мозокот како последица од сообраќајна несреќа.

Според Би-Би-Си, неговата казна ќе била поголема, но психијатарот тврдел дека неговата одговорност треба да биде намалена поради оштетеноста на мозокот.

За време на судењето, судијата изјавил:

“Обвинетиот со нога ја путна со целата сила. Неговата беспомошна жртва незнаела дека напаѓадот доаѓа. Бидејќи настанот се случил на јавно место каде што сите се движиме постојано, нешто слично може да ни се случи и на нас”.

Жртвата Ј.К. е 26-годишен студент на судот му објаснила како паднала дирекно на нејзиното лице. Поради тоа имала проблеми неколку месеци и избегнувала контакт со останати луѓе и целиот свет.

За време на судењето Стојков плачејќи дал изјава: “Се колнам во своето дете, Не сакав да и предизвикам болка. Сигурно се изгубив на момент”.

Повредите на Стојков од нападот во затворот сеуште не се познати.

Во прилог е видеото на кое се гледа како насилно со нога ја бутнал својата жртва