“Човек” истури ладна вода на своето куче на -32 степани и го остави да замрзне! (Видео)

Какво ледено срце мора човек да има за да убие животно на овој начин?

Во Сибирскиот Јакутск, најстуден град во светот, еден човек се обидел да се ослободи од кучето и решил да го замрзне живо.

На минус 32 степени, тој го полил кучето со вода. Водата се заледила и го залепила кучето за снегот.

Соседите што ги слушнаа криците на кучето, веднаш контактираа со активистите за заштита на животните.

“Овие очи, јас никогаш нема да ги заборавам. Дали сте виделе некогаш човек кој сака да живее иако умира? Кучето го имаше баш тој поглед. Сфати што се случува, но не можеше ништо да нашрави”, изјави една од активистките.

Тие успеале да го ослободат кучето од ледениот затвор и го однеле на ветеринар, каде што умрело.

Руски парламентарец го презеде ова прашање и бара од мажот да биде осуден за суровост кон животните.

Но, за жал, за кучето било каква помош веќе е задоцнета …