ХОРОР: Синот ги убил своите родители во сон па се самоубил и сето тоа поради игра која кружи на Интернет?

Тинејџер (14) ги уби своите родители, пред да изврши самоубиство во злосторство што го шокираше Северен Кипар и што, според извештаите на медиумите, е дел од вознемирувачки предизвик што кружи на Интернет.

Трагичниот инцидент се случил во градот Лефконико во Северен Кипар. Локалните медиуми јавуваат дека смртта на семејството е поврзана со вознемирувачкиот предизвик на „синиот кит“, пренесува news.com.au.

Предизвикот вклучува низа задачи, кои ескалираат во текот на 50 дена и можат насилно да завршат.

Телата на Ибрахим Кобаноглу (52) и неговата сопруга Бенгу (48) ги пронашле соседите, откако биле убиени во сон.

Нивниот најмлад син Кинар Кобаноглу (14) беше пронајден во близина со сериозни повреди. Тој бил пренесен во болницата каде подоцна починал.

Соседите ги пронашле телата откако постариот син Ерлап (18) побегнал кај нив за да се спаси и им рекол дека неговиот „помлад брат полудел“.

Во станот откриле дека родителите се мртви.

Во 3 часот наутро нè разбуди тропање на вратата. Едно постаро дете дојде кај нас и ни рече: „спаси ме, Кинар пукаше“ – рече соседот.
Младиот човек им рекол дека сметал дека неговиот брат си направил нешто, а соседот потврдил дека не ги слушнале истрелите. Тој отишол во нивниот стан и го пронашол момчето како седи во крв.

Турската полиција потврди дека продолжува со истрагата и дека е рано да се коментира дали тинејџерот бил под влијание на социјалните мрежи.