ИВАНА (24) ПОЧИНА НА СОПСТВЕНАТА ВЕНЧАВКА: Ја нарачала песната „ПОЧНИТЕ БЕЗ МЕНЕ“ па паднала на сред ресторан

Во Братница, само неколку саати на своето венчавање, починува младата Ивана Благојевиќ (24). Несреќната девојка заиграла на својата омилена песна „Почните без мене“ од Аца Лукас, и се срушила на сред ресторан пред повеќе од стотина луѓе. Ивана остана мртва на лице место, а лекарите констатирале дека починала од срцев удар.

Свадбената веселба во градот Братница во Српската Република во 2008 година прераснала во трагедија која се случила само неколку сааати откако Ивана Благојевич, родена како Прокич, кажала „да“ на својот избраник Драган Благојевич од Братанца.

Драган Благојевич тогаш низ слози изјавил дека сеуште неможе да се поминири со фактот дека неговата Ивана не е жива.

– Со години се забавувавме и фантазиравме за заеднички живот. Едвај чекавме да направиме свадба, со месеци се припремавме. Докторите ни кажаа дека таа починала од срцев удар. Едноставно на неа и пукнало срцето од преголемата среќа- изјавил тогаш Драган.

Тој исто така додава дека веселбата почнала во неделата наутро и дека Ивана била цело време весела.

– Не се пожали дека има некакви тегоби. Се венчавме прво во црква, а потоа во општината. Потоа дојдовме во салата на поранешна „Каронажа“ во Братница, каде се наоѓаше ресторанот. Во него требаше да биде одржано свадбената веселба пред неколку стотици гости. Веселбата почнала, музиката свирела и сите беа весели. Ивана околу 18 часот станала да игра на својата омилена песна „Почните без мене“ од Аца Лукас. Стана и само падна на подот! Прво помисливме дека се онесвестила од умор. Меѓутоа таа не давала знаци на живот. Сите се собравме околу неа, а потоа ја однесовме во најблиската амбулантна болница. Нажалост, и немаше повеќе спас – изјавил тогаш Драган Благојевич.

Драган нагласил дека неговата покојна сопруга никогаш немала проблеми со срцето.