Ќерка ја пронашла својата мајка во локва крв, главен осомничен е – мачка

мачка
Ќерка ја пронашла својата мајка во локва крв, главен осомничен е - мачка

Во Јапонија старица (82) е пронајдена со гребаници на лицето и во локва крв, иако првично се мислело дека некој се обидел да ја убие, се чини дека ја нападнала мачка. Истрагата е сеуште во тек…

Ќерката на Мајуко Матсумото (82) ја пронашла мајка си со најмалку дваесет гребаници на лицето и повикала полиција, која започнала истрага поради обид за убиство откако ги виделе бруталните рани по лицето на жената.

– Кога ја пронајдов, беше целата во крв. Немав престава што можело да и се случи, изјавила ќерката.

Сепак, во текот на истрагата и пребарувањето по куќата не биле пронајдени никакви траги од други личности. После подобро разгледување на раните, сомнежите паднале врз мачка, па истрагата е насочена кон мачките луталици во близина на куќата на старицата.

На една мачка биле пронајдени траги налик од крв, полицијата земала примерок од канџите на мачката, бидејќи постои можност дека таа го извршила нападот врз жртвата.

Полицијата засега не сакала да дава коментари, но не ги негирала наводите дека можеби се работи за “мачка убиец”.