МАЈКА ГИ ФРЛИЛА НИЗ ПРОЗОР ДЕЦАТА ОД ТРЕТИОТ КАТ: Драматичен пожар во Турција! (ВИДЕО)

Една жена им го спасила животот на своите деца откако ги фрлила низ прозорецот.

Жената ги исфрлила своите четири деца од прозорецот од третиот кат на зградата, кој гореше. Снимката на овој драматичен настан го привлече вниманието на светските медиуми.

Видеото покажува дека едно дете паѓа од третиот кат, додека волонтерите биле на улица држејќи испружени ќебиња за да ги фатат.

Собраните луѓе врескаа, а некои од собраните и викаа на мајката да не ги фрла децата низ прозорецот.

Според турските медиуми, децата за среќа поминале неповредени за време на овој драматичен настан. Мајката на детето е пренесена во болницата, а подоцна е ослободена од неа.

Пожарот е изгаснат, а најверојатна причина се електричните инсталации.

Погледнете го видеото од овој драматичен настан во Турција: