Родители заспале со цигари,во пожарот им загинале четири деца,а обвинителството не ги гони

Истрагата во Велика Британија покажала дека четирите деца на возраст од три, четири, шест и осум години починале во пожарот што избувнал откако нивните родители заспале со запалена цигара.

Рајли Џон Холт (8), Киган Џонатан Унит (6), Тили Роуз Унит (4) и Оли Унит (3) загинале во февруари минатата година кога пожар избувнал во нивната куќа во Стафорд.

Локалниот судија, Ендру Хајг изјави дека по пожарот, во душеците било пронајдено стопено стакло од пепелник, пишува Дејли меил.

Полицијата првично ги привела Натали Унит (26) и нејзиниот партнер Крис Мултон (30) под сомнение дека извршиле убиство без умисла. Но, во август британското обвинителство објави дека не презема понатамошни активности.

Унит вчера, во текот на истрагата изјави дека страда од посттрауматско стресно нарушување и дека не може да се сети што правела кога избувнал пожарот. Сведочел и Мултон, таткото на трите деца, велејќи дека верува оти пожарот започнал на приземјето.

Но, вчера, истрагата покажала дека децата починале од вдишување „чад од пожар предизвикан од неизгасната цигара во спалната соба на родителите“.

За време на сослушувањето во Стафорд, се дознало дека социјалните работници ги предупредиле родителите за пушење во затворено пред трагичниот настан.

Пожарот избувнал нешто по 2,40 часот на 2 февруари минатата година. Мултон скокнал низ прозорецот на првиот кат со нивното најмало дете, кое во тоа време имало две години, а Натали Унит избегала низ влезната врата.

Двајцата родители, кои се уште се заедно, изјавиле дека не можат да се сетат што точно се случило кога избувнал пожарот, а Мултон, кој се здобил со значителни изгореници, велејќи дека сметал дека пожарот започнал на приземјето во близина на котелот.

Истражителот Ли Ричардс изјави дека изјавите на родителите „биле контрадикторни“ и дека тој верува дека „пожарот започнал во нивната спална соба“.

“Мое мислење е дека пожарот избувнал во спалната соба. Отворените прозорци помогнале во вентилацијата и го засилиле пожарот”, рече Ричардс.

Натали Унит им рекла на истражителите дека се сеќава дека пушела во кревет и заспала пред да избувне пожарот.

Британското обвинителство соопшти дека нема доволно докази за да се покрене обвинение против двојката.

Kanal5.mk