Се започнало кога имала 12 години, 16 годишна девојка е силувана повеќе од 43,200 пати (Видео)

Карла - силувана повеќе од 43,200 пати

Карла Јакинто беше невина 12-годишна девојка која мислеше дека ја пронашла љубовта на нејзиниот живот. Постариот човек кој и ветувал “брда и планини”, дека таа ќе биде негова принцеза, негова една и единствена. Мислела доколку отиде со него дека ќе ја избегне лошата состајба во семејството и дека ќе побегне од малиот град во кој живеела. Тоа беше најголемата грешка во нејзиниот живот.

Човекот, кој во очите на девојката беше нејзиниот човек од соништата, всушност бил макро. Тој постојано тргувал со млади девојки како Карла. Тој и кажал дека од овој момент па натака, ќе мора да го продава своето тело на улица за него. Брутално ја тепал, ја плукал во лице и ја изгорел со пегла на лицето. Ја однел во својот роден град, Тенанцинго во Мексико, кој е познат како главен град на сексуална експлоатација и таму ја продал. Таа била во состојба на длабок, ментален шок.

Сè од 10 часот до полноќ секој ден, Карла мораше да им служи на мажите цели четири години. Таа мораше да има најмалку 30 “купувачи” секој ден. Мажите имале ужасни начини да ја спречат Карла да избега. И давале до знаење дека нема каде да побегне. Карла тоа го сфати кога почнале да и доаѓаат клиенти како полицајци, свештеници, политичари. Никаде не можеше да избега, дури и ако сакаше.

Кога имала 16 години, маките на Карла завршиле, спасена е од страна на една волонтерска организација. Ги наброја сите и направи селосна пресметка. Во текот на тие 4 години до нејзиното спасување, натерана е да има секс преку 43,200 пати, незамислива бројка. Меѓутоа, во тој период таа станала јака жена која не сака да се предаде.

Карла работи со нејзините спасувачи. Таа насекаде се бори против многу силен систем кој ги тера младите девојки и жени да станат робови. Оваа работа го става нејзиниот живот во опасност на дневна основа. Карла, вели: “Кога ќе се разбудам наутро, не знам дали ќе ја доживеам вечерта. Смртоносни закани добивам секое утро, поради тоа што моментално го правам”.

Карла и нејзините колеги спасуваат се повеќе млади момчиња и девојчиња од рајот на макроата, затоа што бизнисот се повеќе им цвета. Полицијата свесно ги одбива за соработка. Јасно е дека во целата работа се вмешани политичари, јавни лица… Поради тоа работата на Карла е премногу опасна.

За повеќе детали од приказната на Карла погледнете во видеото.