Трагедија: Едногодишната Ана прегазена од својата мајка која тврди дека не ја видела

Мајка од Јужна Австралија ја раскажа својата тага, откако случајно ја прегази и усмрти својата 17-месечна ќерка.

Ана Сигерн починала откако ја удрил семејниот автомобил на нивната фарма. Мајката Џеси отишла да ја земе својата најстара ќерка Грејс, а до инцидентот дошло кога се враќале дома. Тогаш со автомобилот удрила во својата најмала ќерка, пренесува британски „Sun“.

– Ја видов кога ја направив грешката и знаев дека ја нема повеќе- рече неутешната мајка.

Ана била најмлада од трите деца- братот Џек(3) и сестрата Грејс(5).

Џеси истотака апелираше до родителите да успорат, да не брзаат, да го искористат тој додатен момент и да им дадат последна прегратка на децата пред да излезат од дома.

Полицијата соопшти дека и покрај напорите на лекарите, девојчето починало на лице место.

Извор: Женски Магазин