Животот не е фер: Шокантна фотографија од 4-годишно момче кое се бори со леукемија

Што можеме да и’ кажеме на мајка чие дете се бори за живот за да ја утешиме?

Сите сакаме да се поштедиме себеси и своите најблиски од болести, но тоа, за жал, не е во наша моќ.
Меѓутоа, кога злобната болест напаѓа едно дете, на сите ни доаѓа само една мисла: „Животот не е фер“.

Само оние кои се соочиле со оваа болест или имале близок член кој се бори со малигнен карцином, знаат како изгледа борбата за живот.

Терапии, огромна доза на лекови за ублажување на болката, страв од обична настинка…

Кејтлин Бурџ, мајка од Тексас, неодамна објави тажна фотографија од нејзиниот четиригодишен син Бекет, кој се лекува од леукемија. Покрај опасната дијагноза, малото дете доби и настинка, што тотално го исцрпи неговиот веќе ослабен имунитет.

dete
dete

– Вака изгледа ракот кај деца. За вас, обичната настинка е проблем, но нема да ве убие. Но неговиот уништен имунолошки систем не може да се справи со тоа. Застанува целиот негов живот. Обично туширањето му одзема повеќе енергија отколку што има. Му се молам на Бога моето бебе да се избори – напиша таа.

Оваа тешка детска судбина нè остава сите без зборови и со страшно чувство за неправда.

Српскиот психотерапевт Владимир Ѓуриќ има охрабрувачки зборови за мајка која се соочува со најсилна болка додека гледа како нејзиниот син развива злобна болест.

– Кој ти вели дека животот е убав, лаже…
Животот е само живот
Понекогаш е навистина убав
Понекогаш е навистина грд
Едноставно е така
Променливоста е единствената константа
Наше е да избереме дали ќе бидеме лути на нешто што го немаме
Или ќе бидеме благодарни за она што го имаме
Па макар тоа да е раката на сестра ми на грб додека повраќам
Ајде Бекет…

извор:Женски Магазин / telegraf.rs