Александар и Викторија толку многу се сакаат, што одлучиле 3 месеци да се врзат заедно со лисици (ВИДЕО)

Александар и Викторија толку многу се сакаат, што одлучиле 3 месеци да се врзат заедно со лисици (ВИДЕО)
Александар и Викторија толку многу се сакаат, што одлучиле 3 месеци да се врзат заедно со лисици (ВИДЕО)

Сакаат по секоја цена да го направат она што го замислиле.

Младиот украински пар се врзал со лисици на три месеци за да ја тестира својата љубов.

Александар и Викторија допатувале во Киев за Денот на вљубените со врзани раце за да му покажат на светот дали љубовта, кога сте со драгиот/драгата три месеци 24 часа дневно, може да победи.

“Ќе правиме се заедно. Ќе одиме во тоалет, на туширање, ќе спиеме во исто време, ќе шетаме. Одиме на рекорд”, изјавил Александар.

Бидејќи немаат клуч од лисиците, некој во случај на откажување ќе мора да ги исече. За тоа ќе биде задолжен Виталиј Зорин од украинскиот Национален регистер за рекорди.

Зорин го прегледал парот пред да се поздрават за да се увери дека Александар и Викторија по своја волја влегуваат во ова.

Парот наредните три месеци сите активности и занимливости ќе ги документираат на социјалните мрежи.

“Слушнавме дека многу парови се откажале после месец дена, најмногу два. Наша цел се три месеци. Се надевам дека нема толку да се искараме за да се откажаме”, вели Александар низ смеа.

Погледнете го видеото во продолжение и дознајте за што всушност се работи: