Баба Ванѓа со предвидувања за 2023. година: Светот ќе се промени, а откри и кога луѓето ќе го запознаат Бога

Како што се верува, Баба Ванѓа ја предвидела иднината се до 5079. година, кога според нејзино мислење, ќе дојде до конечен крај на светот.

Баба Ванѓа, видовитата госпоѓа од Бугарија, позната по своите пророштва, светот ја знае како “Женскиот Нострадамус”, дала прецизни предвидувања до 5079. година, а нејзините точни предвидувања до денес, се заслужни за нејзината огромна популарност.

Кои се најинтересните предвидувања на Баба Ванѓа?

Таа предвидела дека во 2023. година, Земјината орбита ќе се промени, пет години подоцна астроунатите ќе патуваат на Венера, а во 2043. година муслимани ќе завладеат со Европа, додека во 2046. година, луѓето ќе живеат повеќе од 100 години, бидејќи со леснотија ќе може да се врши промена на органи.

Баба Ванѓа предвидела дека од 2100. година, ноќта повеќе нема да постои и вештачкото Сонце ќе го осветлува другиот дел од планетата, а во 2130. година благодарение на вонземјаните ќе можеме да живееме и под вода, а во 2164. година, предвидела дека животните ќе добијат човечки карактеристики.

Од 2183. година, таа изјавила дека Марс ќе стане нуkлеарна сила и дека ќе побара независност од планетата Земја, додека во 2256. година непознат вселенски брод ќе донесе мистериозна болест на Земјата. исто така, во 2229. година ќе се роди ново движење на отпорот во Франција со цел сузбивање на иcлмот во Европа.

Предвидувањата одат и до 3797. година, кога Баба Ванѓа изјавила дека животот на Земјата ќе исчезне, а дека луѓето ќе се преселат на нова ѕвезда, додека за 4509. година, таа изјавила дека луѓето конечно ќе го запознаат Бога и ќе разговараат со него лице во лице.

Баба Ванѓа за 4599. година, предвидеал дека луѓето ќе станат бесмртни, додека цивилизацијата својот врв ќе го достигне 4674. година, со популација од 340 милијарди луѓе, при што ќе започне репродукција со вонземски суштества.