Бизарен тренд се шири на „ТикТок“, лекарите вознемирени (Видео)

ВИДЕО: Бизарен тренд се шири на „ТикТок“, лекарите вознемирени
Бизарен тренд се шири на „ТикТок“, лекарите вознемирени

На социјалната мержа „ТикТок“ се појави нов бизарен тренд – децата се снимаат како ги стругаат забите со турпија за нокти, а потоа видеата ги објавуваат на споменатата социјална мрежа.

Бројот на такви видеа е веќе алармантно голем, а стоматолозите предупредуваат колку е тоа штетно и глупаво.

„Правите непоправлива штета и ги уништувате забите“, изјавил за „Инсајдер“ д-р Чад Еванс, стоматолог од Тексас. Соработниците му го покажале овој тренд, после што докторот останал шокиран.

Бизарен тренд се шири на „ТикТок“, лекарите вознемирени
Бизарен тренд се шири на „ТикТок“, лекарите вознемирени

„Она што децата го прават со турпиите за нокти е слично на постапката што ја користат козметичките стоматолози при исправување на оштетен заб, но е многу поопасно бидејќи турпијата може да го оштети емајлот, а забот да стане преосетлив или целосно уништен“, предупредува стоматологот.

Извор: pogled.mk