ДА СЕ НАЕЖИШ: Мистериозно суштество пронајдено на брегот, човек се препотил со ладна пот (ВИДЕО)

Австралиецот Џо Вард (47) пронашол суштество на брегот на плажата Кулум во Квинсленд за кое првично мислел дека е обично парче пластика.

Џо виде како нешто светка покрај вода и се наведна да ја земе таа „работа“. Овој ИТ техничар остана без зборови кога забележа дека „нештото“ се движи.

Првата мисла беше да го донесам предметот дома, да го фотографирам и да објавам слика на социјалните мрежи во надеж дека ќе дознаам што најдов. На мое големо изненадување, по неколку метри носење, тој предмет започна да се движи – рече Вард.

Бидејќи сè уште не добил одговор што би можело да биде ова, засега тој најмногу верува во теоријата дека станува збор за ракче на кое недостасува дел од телото.