Девојче (6) падна од зграда, стана и си замина: Вознемирувачко видео од Русија

Шестгодишно девојче паднало од балкон на третиот кат од станбена зграда во Томск, Русија, но за среќа поминало без повреди. Несреќата е снимена од надзорните камери лоцирани на зградата.

Видеото покажува како дете паѓа во снегот на тревникот, излегува од таму и заминува, пренесува Спутник.

По падот била повикана брза помош. Девојчето ја помина ноќта на преглед во болницата, но, како што подоцна објави здравствената администрација во Томск, таа не скрши ништо за време на падот.