Дубаи -град каде нема ковид ограничувања и има луди журки (видео)

Дубаи -град каде нема ковид ограничувања и има луди журки (видео)
Дубаи -град каде нема ковид ограничувања и има луди журки (видео)

И покрај пандемијата и ограничувањата на социјалните групирања во целиот свет, во Дубаи диви и гламурозни забави се случуваат без никакви ограничувања, но тоа место е само за оние со многу пари.

Дубаи одби да воведе мерки што би им го расипале однесувањето на богатите, и покрај тоа што се соочуваат со зголемување на случаите на коронавирус.

Животот во Дубаи е скоро „нормален“, бидејќи рестораните, хотелите и трговските центри се полни со луѓе, додека бучните забави со јахти се доста чести во градот.

Како резултат, Дубаи стана дестинација за многу sвезди, спортисти и луѓе со длабок џеб, кои одат на Емирати во потрага по сонце, слобода и забава.

„На луѓето им е преку глава од оваа пандемија“, рекла Ирис Сабелано од туристичката агенција Ал Араби, додавајќи дека многу од нивните клиенти биле принудени да одат во карантин откако биле тестирани за коронавирус а биле тестирани на аеродромот.

На патниците кои доаѓаат од избрана листа на земји не им требаат тестови пред патувањето, но сите мора да бидат тестирани на аеродромот во Дубаи.