Единствената бела жирафа на светот е чипована за да биде заштитена од ловците кои веќе и го убија семејството

Единствената позната бела жирафа на светот, која живее во Кенија, поставен и е GPS уред за следење со цел на тој начин да биде заштитена од ловците, објавува резерватот Ishaqbini Hirola.

GPS уредот е прицврстен на 8 ноември на еден од роговите на жирафата и испраќа информации за локацијата на растојание од час за тоа каде моментално се наоѓа жирафата.

Конзерваторската група ги извести чуварите да можат во реално време да го следат движењето на осамениот мажјак жирафа кој пати од ретка генетска состојба позната како леуцизам. Се работи за неможност или делимична неспособност на создавање меланин или други пигменти на кожата.

Се верува дека мажјакот-жирафа е последен од таа врста и ловците во март убиле два члена од неговот семејство – женка и седмомчесечно младенче.

Кенијското здружение за диви животни, главно тело за нивната заштита во оваа источноафричка држава, исвести дека радо ќе добринесе на настојувањата да се заштити единствената бела жирафа на светот.

Белите жирафи о Кенија се за прв пат се забележани во март 2016, отприлика два месеци откако беа видени во соседна Танзанија.