Гепард видел фотограф како дреме под едно дрво, па решил да му се придружи (Видео)

Гепард видел фотограф како дреме под едно дрво, па решил да му се придружи
Гепард видел фотограф како дреме под едно дрво, па решил да му се придружи

Сите ние сме фасцинирани од фотографиите од животинскиот свет, па секоја можност да погледнеме во нивното кралство е повеќе од добредојдена.

Да се биде слободен да се шета по неверојатните пејзажи, ги прави овие спектакуларни животни уште повозбудливи. Тие се спонтани и чувствителни. Дивиот свет е често симбол на мудрост, сила, убавина, пргавост и грациозност.

Може ли еден фотограф да побара повеќе?

Гепард видел фотограф како дреме под едно дрво, па решил да му се придружи
Гепард видел фотограф како дреме под едно дрво, па решил да му се придружи

Долф Вокер работи како волонтер во „Cheetah Experience “ во Јужна Африка. Непрофитната организација е дом на загрозени видови животни, вклучувајќи гепарди, леопарди, машки лавови, каракали, сервали, волци, меркати, африкански диви мачки и Сибирски тигар.

Откако неговото куче починало во неговите раце, овој фотограф и зоолог го обзеле длабоки чувства на тага. Настанот целосно го променил неговиот живот, па тој решил да се бори за правата на животните и да ја подигне свеста за загрозените видови животни.

Гепардите можат да бидат многу срамежливи, па тој работи со месеци за да ја стекне нивната доверба. Сепак, неговата напорна работа на крајот се исплатеше.

Изморен по долгиот напорен ден, Долф решил да дремне под едно дрво. Тогаш, гепард наречен Еден го забележал, му пришол, го душкал и решил да легне и да се гушка со него!

Кога Долф ги отворил очите, останал без зборови. Ова е само почетокот на едно прекрасно пријателство!

Уживајте во ова прекрасно видео!