Има 19 години и живее со своите родители: „Не им пречи што сум проститутка“

Неодамна на британскиот Канал 5 беше прикажана интересна приказна за една од најмладите, но и најуспешни сексуални работнички во Велика Британија.

Имено, Ели, која има 19 години, веќе има направено неколку пластични операции за промена на изгледот на градите и усните, а вели дека најголем број клиенти што ги имала за еден ден биле 21.

Годишно, нејзината плата се мери во стотици илјади евра, а на пример, 15 минути од нејзиното време чини околу 85 евра. Само од интернет платформата Only Fans заработува околу 4500 евра месечно.

Она што не би очекувале е реакцијата на нејзините родители – како што и самата призна, на нејзините родители им е важно само да е среќна и безбедна и воопшто не им пречи да се занимава со проституција.

Покрај тоа, таа живее со нејзините родители, па затоа вели дека понекогаш и е проблем да најде хотел кога ќе закаже состанок со клиент.

Овој проблем се рефлектира во фактот дека во некои хотели е забрането да влегува, поради несоодветно однесување.