Имала 122 килограми, а сега има 60 килограми: За 12 месеци и се променил животот

Џозефина Дезгранд е 17-годишна девојка од Австралија, решила дека мора да стане подобра личност, а првото нешто што сакала да го промени кај себе била зголемената тежина.

Оваа девојка за само 12 месеци успеала своето тело да го доведе до совршенство и да ослабне 60 килограми.

– Целосно го исфрлив шеќерот од исхраната и се обидував колку што можев да го намалам внесот на јаглехидрати – раскажала девојката.

Џозефина Дезгранд
Џозефина Дезгранд

Таа објаснила дека кога почнала да слабее „поминувала низ пекол“ бидејќи сѐ ја болело од вежбање, но и од нејадење. Сепак, била упорна и решила засекогаш да престане да се храни нездраво, а сега вежбањето и здравата храна ѝ станале навика, па не чувствува некаква силна потреба да јаде нешто сосема друго.

Џозефина Дезгранд
Џозефина Дезгранд

– Освен тоа што си направив една голема услуга на самата себеси, со намалувањето на килограмите ми се зголемуваше самодовербата, што според мене е многу поважно отколку да бидеш сит – смета Џозефина.