Исповед на Србинка која се омажила поради документи: Си ја продадов душата за пари

Исповед на Србинка која се омажила поради документи: Си ја продадов душата за пари
Исповед на Србинка која се омажила поради документи: Си ја продадов душата за пари

Исповед на девојка од Србија кој заминала во Швајцарија за да се омажи за документи, во потрага за подобар живот. Нејзината приказна ја пренесоа белградските медиуми и предизвика бројни реакции во јавноста.

Имам 30 години и се омажив за човек постар од мене 40 години.

Се започна кога сакав да се спасам од сиромаштија.Го запознав во Швајцарија додека чував деца, не сум јас ни грда ни глупава, имам завршено и факултет.Магистрирав во времето кога сеуште функционираше системот за образование во Србија.

Кога титулата „Магистер„ престана да важи во Србија, јас си ги собрав алиштата во торба од 300 динари која ја купив од кинеската продавница и си заминав од државата.

Жената која ме пречека се зачуди кога виде колку малку работи имав спакувано, во таа торба беше спакуван целиот мој живот и се што имав.

Сега, кога ќе погледнам назад, гледам дека сум побегнала од се што сум сакала и што ми значело во животот и сега ги бројам деновите кога ќе се вратам дома.

Човекот за којшто се омажив ме сака многу и се би направил за мене, би умрел ако само му дадам знак, ама буквално!

Ми помагаше да го исплатам кредитот на мајка ми, да ги плаќам сметките за струја, за погребот на дедо ми и уште многу други работи, зошто сум дете на разведени родители.

Јас поради тоа и заминав во Швајцарија, да „наберам „ пари од дрво за сите горенаведени работи.

Тоа дрво јас го најдов и имаше 40 години повеќе од мене.Точно е дека е тој супер, интелигентен, висок , згоден, со супер манири, но стар. Кога се ќе се собере на куп, ми помогнал со околку 5.000 евра, значи јас се продадов себеси за 5000 евра.

Јас на 25 години имав голем притисок бидејќи сум во Србија и се справував со сиромаштија.Има многу девојки како мене, кои ја играат улогата на елитна проститутка или „спонзоруша„ како мене што имаат “Cavalli” ташни, но што ако кога моето срце се кине.

Затоа издржете колку што можете додека да дојде оној вистинскиот , не се давајте себеси лесно.

Не дозволувајте да страдате поради некој друг, па макар тоа да е и некој близок- завршува таа

Извор: pogled.mk