Ја поканив љубовницата на сопругот на кафе: Луѓе мои, што се не ми изнакажа

Бев мажена за човек кој ме исневери со подолг список на жени.

Да речеме дека имал само неколку врски за кои знаев. Колку ги имал, тоа не го знаев, ниту смеев да прашам. Понекогаш тоа се случуваше рандом, а понекогаш знаеше долго да трае. Но, еден ден се случи нешто сериозно: тој се заљубил. односно започнал да живее и со неа и со нас, или што би рекле старите: седење на две столчиња. Тогаш моето трпение исчезна и реков доста е.

Сопругот бараше дао стане, вети дека ќе ги прекине сите други односи, дури и заминавме кај брачен советник.

Во еден момент реков, конечно е готово. Но вистината била дека тој станал само повнимателен. Продолжил со сите свои активности.

Како дознав за тоа? Многу едноставно: навечер му ѕвонеше колегата, потоа другарот од средна, па потоа другар од фудбал и така натаму.

Еднаш, додека беше во тоалет му заѕвони телефонот. Бројот не беше регистриран и јас веднаш знаев кој е. Се јавив, а од другата страна молк.

Реков: Катерина, знам дека ти си тоа. Настана долга пауза, а потоа таа проговори.

“Се чувствувам многу лошо. Лош ден. Само сакав да разговарам со него”, ми рече, а потоа се расплака.

“Ако сакаш, можеш да разговараш со мене. Можеме да одиме на кафе”, и реков. И така ние двете се запознавме. И разговаравме. Тоа беше разговор кој ми го промени животот. Таа жена ја гледав со други очи. Не бевме противници. Бевме две измамени жени.

Сфативме дека не му веруваме на мојот сопруг. Можеби тоа изгледа очигледно, но за нас двете тоа беше откритие.

Катерина рече дека мојот сопруг и зборувал лошо за нашиот брак, дека само формално сме заедно се додека сите документи не бидат готови и нашиот развод финализиран.

Единствено поради нашиот син се уште живее со мене во домот, и дека детето не знае за развод и затоа крие. Не од мене, туку од нашиот син.

Затоа Катарина се согласила да се гледа со него. Била убедена дека тој е тажен разведен човек. Зборувал дека премногу го контролирам.

Ме опишувал како ладна

Ја уверил Катарина дека јас знам за нивната врска од самиот почеток. Дека знам дека ќе се пресели кај неа, оној момент кога ќе ги потпишеме документите.

Истовремено и рекол да се држи подалеку од мене, бидејќи сум нестабилна. Кој знае на што се сум била способна?

Тоа било сликата на нашиот брак, која мојот маж и ја покажувал на Катерина.

За мене таа слика беше поинаква, мене ми говореше се спротивно за неа. Секако, целиот негов колектив знаел за оваа жена.

А потоа, споредувачки приказни, сфатиле дека во неговиот живот, веројатно се појавила и трета личност, бидејќи не лажел и мене и Катарина.

Но, тоа не е се што дознав таа вечер. Понекогаш ги носел дома, и тоа пред нашиот тригодишен син.

Дали бев лута на другата жена? Не, само него. На крајот на краиштата, тој сепак ни зборувал исти приказни.

Каква била Катерина? Тоа беше жена која го сака својот маж и која безусловно му верува. Се испотавило дека оваа жена е вистинска дама.