Марија ја отвори душата: Газдата знаеше дека имам коpона и ме тераше да работам

Марија ја отвори душата: Газдата знаеше дека имам коpона и ме тераше да работам
Марија ја отвори душата: Газдата знаеше дека имам коpона и ме тераше да работам

Не се грижел за тоа што едвај стоела на нозе и горела од температура.

За многумина најлошата година во 21. век донела и многу неверојатни приказни во врска со новонастаната ситуација.

Луѓето се разболувале, губеле работни места, останувале на улица, некои за жал ја изгубиле и биткта за сопствениот живот. Една од тие личноста кои по ништо убаво нема да ја памтат2020. година е и Марија Мекелис од Нов Јужен Велс во Австралија која поради работа се преселила во Англија, во Бирмингем.

Марија била принудена да пред месец дена даде отказ иако работела добро платена работа во човечки ресурси. Бидејќи тимот во текот на есента е неочекувано намален за цели десет пати поради новонастаната ситуација, останале само неколку луѓе кои можеле да ја извршуваат работата.

Марија била помеѓу нив. Директорот на фирмата од Бирмингем имал речиси најголема доверба во неа и не смеел да дозволи и таа да се разболи биејќи тоа лошо би се одразело на работењето на компанијата.

А Марија се разболела.

“Прво почувствував малаксаност, а потоа и болка во мускулите. Помислив дека е нешто минливо иако знаев дека неколку дена пред тоа имав два контакти со заразени. Се ипостави дека сум позитивна на ковид-19. Направив тест, но шефот и покрај тоа ми рече дека морам да доаѓам на работа биејќи сме само четворица кои можеме да ја извршиме работата, за да не доживееме колективен крах. Му реков дека не сум во состојба и дека ми требаат неколку денови одмор, но ме одби.”, вели Марија.

Тука, признава, ја направила најголемата грешка бидејќи навистина наредното утро заминала, болна на работа.

“Бев во друга просторија изолирана, но ете, мораше да работам. Меѓутоа, веќе во текот на попладневните часови почувствував дека горам. Температурата се појави и дома лежев цела вечер. Му се јавив, но тој инсистираше и наредното утро да дојдам бидејќи нема кој да ме менува. Наредниот ден се искомплицира здравствената ситуација. Тој го знаеше тоа, но молчеше во својата канцеларија. Ниту на било каков начин не покажа дека го цени тоа што го загрозувам својот живот. Но јас тука веќе пресеков. Пред крајот на работното време, онака скршена, си дадов отказ. Доаѓави наредните денови на работа, го испочитував отказниот рок, но во меѓувреме контактирав адвокат и го тужев”, раскажа Марија.

Изјавила и дека тој се обиде да ја измазни ситуацијата кога дала отказ.

“Тогаш видел колку е часот и дека навистина ми е лошо и ми рече наредните денови сепак да одморам дома. Не сакав. Ми го загрози здравје, можев да завршам во болница и да ги заразат сите околу мене. Иако не ми беше добро, се заинатив да избуткам до последниот ден, бидејќи ме тешеше тоа што ќе имам прилика на суд да му возвратам за сето ова”, констатирала Марија Мекелис.