Зошто постојат толку приказни за “жена во бело”?

Жена во бело

Дали во вашиот град има “жена во бело”? Секако дека има, ја има во секој град. Не постои град каде што нема жена облечена во бело која таинствено се шета по темните улици, шумите, темните паркови или која може да се види на прозорите од локаните хотели. Едноставно секој има своја приказна за “жената-дух”.

Корењата на легендата за “жената во бело” се уште од 60-тите години на минатиот век. Во едно католичко училиште многу често поминувала “жена во бело”. Некои кажуваат дека на тоа место постоел манастир, а жената била калуѓерка која несреќно била заљубена во свештеник. Други кажуваат дека во таа здрада живеел стар Барон со неговата несреќна жена која секој ден се враќа. “Жената во бело” секогаш била присутна присутна.

“Жената во бело” станала феномен низ целиот свет. Така на пример германската легенда ја прикажува како жена која се појавува навечер “со слаба светлина”, холандската ја претставува како “ловец на гробови”, според некои легенди таа ги лечи душите..

Денешната, модерната “жена во бело” често се поврзува со трагична љубовна приказна. Таа најчесто е несреќна жена, љубовница, подложна на самоубиство и тага.

Така на пример Сан Франциско ја претставува својата “жена во бело” како секојдневни шета на средината на улиците. Таа е Flora Sommerton, позната убавица и миленичка на високото друштво.

Легендата кажува дека 18 годишната девојка била приморана да се омажи за некој многу ста и богат маж. Дента кога била венчавката таа побегнала во бел фустан низ калифорниската улица. Педесет години подоцна, во хотелската соба во Монтана е пронајдена мртва, облечена во бел фустан идентичен како тој на Flora. Мистеријата продолжува.

Годините на Flora претставуваат една мистерија. Всушност, низ целиот свет “жената во бело” е млада и убава девојка. Спротивно на тоа “духот на девојчето” има и некои особености, најчесто стои тажна на едно место, трча наоколу или едноставно само гледа.

Можеби и за тоа постои причина, но јасно е дека “жената во бело” се појавува секаде, скоро во секој град.