На интернет се запознала со млад африканец: Неколку пораки подоцна, се истетовирала и го напуштила мажот и своите девет деца

љубовник,африка
На интернет се запознала со млад африканец: Неколку пораки подоцна, се истетовирала и го напуштила мажот и своите девет деца

Мирен и хармоничен живот, 11-членото семејство Хепфорд од Англија, се скршило со неколку пораки на Фејсбук. По нив, мајката Хајди (44) ги спакувала куферите и ги напуштила своите девет деца и сопруг и азаминала во Гамбија, а нејзиниот сопруг тврди дека нејзиниот мозок бил испран. Кривецот за наводното “перење на мозокот” е 30 годишниот Мамаду Јалу во кого Хајди се вљубила.

Кога се запознале Енди и Хајди, таа веќе имала три дечиња. Енди ги прифатил како свои и формирал семејство со неа во кое добиле уште шест дечиња. Заедно поминале 18 години, од кој пет во брак, за кој Енди вели дека бил јак и стабилен.

Тајната врска која започнала преку интернет толку многу влијаела врз Хајди па таа драстично почнала да се менува.

Првата промена која ја приметил нејзиниот сопруг било тоа што таа почнала повеќе да се шминка и да носи фустани кои порано никогаш не би ги носела, но и фактот дека има се повеќе пријатели на социалните мрежи од Азија и Африка. Целото време таа го поминувала на телефонот, а започнала и повеќе да излегува.

Набргу потоа, ја направила својата прва тетоважа и тоа преку целиот стомак, го променила својот физички изглед и отишла кај своето 14 години помладо момче во Африка.

Очајниот Енди (44) вели дека неговата сопруга некогаш била грижлива мајка, но се претворила во “ужасна личност”. Тој гледа само едно можно објаснување.

– Тој и го испрал мозокот. Сето тоа е една голема фантазија и таа ја следи во чекор – изјавил Енди за таблоидот “Sun” и додал дека неговата сопруга се однесува како да ја “поседува вонземјанин” од моментот кога го запознала својот млад љубовник.

Кога се спакувала и отишла за Африка, сите девет деца му ги оставила на енди. Тие сега живеат со него во Англија.

Разочаран од предаството, како што ја нарекол постапката на неговата сопруга, вели дека никогаш нема да и прости.

Иако многумина се сомневаат дека позади бизарната онлајн љубовна приказна се крие само желба на младиот гамбиец да стигне до британски пасош со брак, Хајди тврди дека нејзиното ново момче е многу фино, дека не станува збор за афера, туку љубов и негласува дека во бракот со Енди имало проблеми. Дури, Хајди тврди дека е сигурна дека со нејзиното ново момче и нејзините девет деца има прекрасна иднина.