На раката го имал истетовирано ликот на девојка му: Кога раскинале, морал да направи корекција – резултатот е урнебесен

Тетоважите во последниве десетина години навистина станаа ин, па ретко кој на себе нема барем по една тетоважа. Сепак она што прво ни го кажуваат пред да се истетовираме е дека таа е трајна и дека со неа ќе треба да се носиме целиот живот па затоа треба навистина да ја сакаме, и да има значање за нас лично.

Многумина во налет на емоции и љубов често го тетовираат ликот на својата друга половина или пак името, но сепак по одреден период кога љубовта ќе избледе се каат и не знаат што да направат со трајната тетоважа која ја направиле.

Ова момче е едно од нив, и е доказ зошто не треба да тетовираме портрети од своите девојки. Имено тој на својата нога си го имал истетовирано ликот на својата девојка како и нејзиното име.

Нејзиниот портрет со задоволство го носел додека бил среќен во љубовта, но потоа на нивната врска дошол крајот и љубовта исчензала. Патејќи по неа, тој одлучил дека тетоважата мора да ја снема. Поради тоа се одлучил да оди кај тату-мајстор и му оставил “одврзани раце“ за тоа како ќе го изведе потфатот, едноставно само сакал да ја снема тетоважата.

Многумина често се одлучуваат и за ласерско отстранување на тетоважите, но тоа знае да биде многу болно и скапо, па затоа ова момче се решило за корекција. Во продолжение погледнете ги резултатите:

Тетоважа
Тетоважа
Тетоважа
Тетоважа
Тетоважа
Тетоважа