Најуспешниот експеримент на светот: Кога само неколку волци, ќе успеат да го променат светот во кој живееме

Најуспешниот експеримент на светот: Кога само неколку волци, ќе успеат да го променат светот во кој живееме
Најуспешниот експеримент на светот: Кога само неколку волци, ќе успеат да го променат светот во кој живееме

Најуспешниот експеримент на светот: Кога само неколку волци, ќе успеат да го променат светот во кој живееме.

Дали некогаш сте се запрашале зошто и како нашите природни богатства полека, но сигурно започнуваат да исчезнуваат и да се намалуваат? Можеби, одговорот на ова прашање е балансот кој го создава, или уништува човекот.

Кога во 1995 година, во дивината на Националниот парк Јелоустон биле пуштени 14 волци, научниците во ниту еден момент не помислиле дека тоа ќе го промени целокупниот екосистем на паркот.

Во националниот парк 70 години немало волци, а за тоа време таму владееле елените, кои во текот на годините, со неконтролираното размножување нанеле огромна штета и станале вистинска закана за растителниот свет во паркот.

Четарнаесетте волци секако не можеле да ги изедат сите елени во паркот, но ги приморале повнимателно да ги избираат своите пасишта и ги избегнувале деловите од паркот во кои волците постојано патролирале. На тие места вегетацијата започнала да оживува.

За шест години бројот на стебла се зголемил за цели пет пати. Се појавиле дабари на кои им биле потребни дрва за да ги градат своите брани. Со изградбата на браните, се зголемил бројот на водени глувци, риби и патки во реките.

Волците ја намалиле популацијата на шакали, што довело до зголемување на бројот на зајци и глувци, а тие за возврат привлекле грабливци како јастребот, но и јазовци и лисици.

Мечките започнале да доаѓаат во паркот, бидејќи можеле да ги избркаат волците од нивниот плен и да ги изедат нивните остатоци.

Она што е навистина зачудувачко, волците го промениле текот на реките. Нивните канали се исправиле и стабилизирале а крајбрежната ерозија драстично се намалила.

Тоа се случило бидејќи влијанието на волците врз елените довело до експлозивен раст на дрвја и треви во близина на реките, што довело до нивно зајакнување. Географијата на целиот парк се променила, а сето тоа благодарение на 14 волци кои биле пуштени во дивината пред 25 години.