Неговата сопруга заборавила да се одјави од Фејсбук, па случајно ја открил нејзината најголема тајна

Еден случаен поглед му го нарушил сето она во кое верувал и за кое живеел.

За десет години колку што сме во брак, никогаш не сме се излажале еден со друг без разлика за што. Не лажевме дури ниту за најситните работи, и секогаш се залагавме нашиот брак да се темели на искреност. А потоа го открив тајниот живот на мојата сопруга која ме остави со скршено срце.

Вака ја започнува својата приказна Сет Мегов од Америка, кој за националните медиуми откри за предавството на својата жена со која е во брак од својата 19та година. Сет е денес самохран татко на четири деца а ова е неговата приказна.

Се започна типично за неверство – Криси се почесто излегувала и се подоцна се враќала дома. Му кажувала дека излегува со другарките. Покрај тоа, одеднаш ставила шифра на телефонот и престанала да ја користи картичката за плаќање и се префрлила на готовина.

-Беше толку очигледно, но едноставно одбивав да поверувам дека може да се случува такво нешто. Мозокот ме предупредуваше на сето тоа, но срцето ми кажуваше дека мојата жена никогаш не би ме изневерила и дека сето тоа е недоразбирање. Се борев сам со себе, вели Сет. Се обидувал да разговара со неа, но таа секогаш се навредувала поради неговата недоверба.

А потоа Криси направила кобна грешка – една вечер заборавила да се одјави од својот фејсбук профил. Сет ја искористил шансата и имал што да види – неговата жена имала повеќе паралелни врски, и тоа со години.

-Ете, така одеднаш и моето срце и мојата глава ја знаеја вистината. Бев скршен. Години и години чиста љубов вложивме во нашата заедница, а таа направи вакво нешто. Не ме заболи самиот физички чин на неверство. Таа на некој му го дала и своето срце. Тоа најмногу боли кај неверството. Јас бев целосно очаен бидејќи доколку таа, мојот најдобар пријател, личноста на која безгранично и верувал, не сметала дека нешто вредам, зошто некој друг би ја видел вредноста во мене? Целосно ја изгубив вербата во себе – вели Сет.

Засега, тој веќе година дена е самохран татко кој се обидува да го постави својот и животот на своите деца на нога.

Секако дека не бев совршен татко, маж, син, пријател, работник. Но се трудев и продолжував да се трудам. Од ден во ден давав се од себе. Некогаш е тешко, некогаш лесно, но најважно е да не се откажам, вели тој.

Сет во меѓувреме започнал врска со Сара Дејл, со која стапил во брак во мај оваа година, но започнал да води и блог за тоа како правилно треба да ги воспитуваш своите деца.