Неверојатен гест по само три недели познанство: Дадилката донира орган за детето што го чуваше

Кирстен Мајлс (22) од Њу Џерси завршувала факултет, па затоа прифатила да биде дадилка за да си ги плати сметките.

Џорџ и Фара Роско барале добра дадилка во многу тежок период за нивното семејство. Имено, нивното најмало дете, деветмесечната Талија, се разболела. На бебенцето и било дијагностицирана билијарна атрезија, што предизвикува стаза на црниот дроб, а третманите немале најдобри резултати.

Семејството чекало донација за црн дроб што одговарал на Талија. Чекале и чекале, но времето поминувало. Лекарите им рекле дека Талија можеби нема да го прослави својот втор роденден ако наскоро не добие црн дроб. А, тогаш се случило нешто неверојатно …

За три недели, Кристен многу ја засакала Талија, а потоа донела емотивна одлука. Таа сакала да биде тестирана за да види дали нејзиниот црн дроб одговара на Талија. И тогаш стигнале добрите вести, дека нејзиниот црн дроб одговара а Кристен веднаш решила да разговара со семејство на Талија за понатамошна постапка.

Отпрвин, тие помислиле дека дадилката не ја разбира сериозноста на ситуацијата, бидејќи дарувањето на дел од орган не е како дарување крв. Ова вклучува долга операција, закрепнување и одреден ризик. Но, дадилката знаела многу добро што прави и колку целата ситуација е сериозна.

Целата процедура траела 14 часа, Кирстен поминала една недела во болница, и излегла од болница со лузна од 12,7 сантиметри, но за неа тоа било мала жртва за ова бебе да преживее. За среќа, операцијата поминала добро и двете брзо се опоравиле.

Кристен спаси не само еден живот, туку и целото семејство. Таа ја заслужува секоја пофалба.

Извор: Женски Магазин