Нов скандал на озлогласената мајка: Ќерката во јакна и чевли фрлена во базен да ПЛИВА (ВИДЕО)

Инструкторка по име Шенон продолжува да ги шокира посетителите на ТикТок, како и на другите социјални мрежи и апликации.

Пред два месеци, Шенон изнервира добар дел од планетата со видео во кое фрла мало девојче во водата во базенот за да ја натера да се одржи на површината и да дише.

Сега отиде чекор подалеку – ја зеде својата ќерка, која беше облечена, и ја фрли во базенот со целата облека.

Девојчето се шокирало и почнало да плаче, а нејзината мајка цело време ја охрабрувала да продолжи така.

„Плачење = дишење. Ние сакаме нашите деца да ја држат главата над вода “, гордо напиша Шенон на ТикТок.

„Оваа жена треба да биде уапсена. Ова е чиста, па дури и јавна злоупотреба на детето “, гласеа бројни коментари.

„Овде нема ниту П од педагогијата. Детето не беше претходно подготвено “, заклучија некои корисници на апликацијата.

@whynot0818

1yo coat, shoes, regular diaper. What if you never heard your child cry again bc you didn’t prepare them with ##aquaticsurvival ##swimlessons

♬ original sound – 🌺🌻🌺🌻SQO🌺🌼🌺🌼