Од ова дете се одрече цело село, дури и неговиот дедо: Причината боли

Дека животот е навистина суров за некои, докажано е и со следната приказна за деветгодишно момче. Во случајот што беше осуден ширум светот, Луо Кун Кун беше избркан од селото кога жителите, вклучително и дедото на момчето, потпишаа петиција за „заштита на здравјето на жителите“ од „временска бомба“.

Имено, момчето се заразило со СИДА, па поради неговата болест станал натрапник во неговото село во Кина. За среќа, интервенираа официјални лица од Специјалното училиште Линфен во провинцијата Шанкси, единствени во Кина со услови за грижа за децата ХИВ-позитивни и нивно образование.

Кун Кун се зарази од неговата мајка додека тој сè уште беше во матката, но болеста е откриена дури кога имал пет години. Мајката и очувот работеле во други провинции, така што детето растело со неговите баба и дедо.

Бидејќи не сакале да го признаат во ниту едно училиште, а мештаните избегнувале контакт со него, момчето го поминувало поголемиот дел од своето време сам, играјќи во шума.

Од ова дете се одрече цело село, дури и неговиот дедо
Од ова дете се одрече цело село, дури и неговиот дедо

На состанокот на 7 декември минатата година, 207 жители на селото Шуфанџа (провинција Сечуан) потпишаа петиција во која се бара од надлежните органи „да преземат мерки за заштита и да го изнесат Кун Кун од селото за да го зачуваат здравјето на селаните и децата“. Во текстот се вели дека Кун Кун „предизвикува страв во заедницата“ и дека станува збор за „временска бомба“.

Сепак, судбината очигледно имала и други намери со Кун Кун, затоа што минатата година тој доби место во интернат во Линфен. Наставникот Гуо Ксиопинг, вели дека „доброто социјално и едукативно опкружување е важно за Кун Кун“ и дека „со помош на наставниците, тој станал поотворен и започнал подобро да се однесува“. Покрај тоа, тој редовно зема лекови против ХИВ од ноември минатата година.

Од ова дете се одрече цело село, дури и неговиот дедо
Од ова дете се одрече цело село, дури и неговиот дедо

„Кога започна на училиште, тој не рече ниту збор, но сега учи и зборува како другите ученици“, додава наставникот. Случајот со ова момче го привлече вниманието кон предрасудите поврзани со оваа болест во Кина, каде што многу пациенти се соочуваат со дискриминација до таква мера што се случува лекарите да одбијат да ги допираат.

Најновите податоци на кинеската Национална комисија за здравство и планирање на семејство покажуваат дека 497.000 пациенти се дијагностицирани во Кина од 1985 година, кога е регистриран првиот случај на оваа болест.

Извор: Женски Магазин