Од свекрвата дознала за тајните на идниот сопруг,се омажила, а потоа вака се одмаздила

Една Полјачка по име Мила на порталот „Квора“ кој служи за исповед и откривање на најголемите тајни и трауми на луѓето го објави своето искуство што го имала со сопругот и неговата мајка пред бракот.

Мила раскажа како нејзината свекрва која не ја „мирисала“ од првиот ден откако се запознале, вечерта пред венчавката ñ открила што правел нејзиниот иден сопруг во врската.

„Свекрва ми, која е горда жена, почна да ми кажува како мојот иден сопруг ми бил неверен за време на врската, па дури и 2 месеци пред венчавката. Помислив дека само се обидува да ме испровоцира. Меѓутоа, кога почна да навлегува во детали, кажувајќи ми колку пати ја видел неговата поранешна девојка, која не ја преболел, дека 3 пати биле на одмор додека мене ми кажа дека мора да оди во Германија, навистина се сè совпадна “, напиша Мила.

Таа потенцираше дека пред свекрва ñ се обидела да остане присебна и гледала да ја игнорира.

„На крајот, вака ме дотолчи:’ Бидејќи кој знае кога ќе добие дете со тебе, очигледно не можеш да забремениш, да ти кажам дека на едно од тие патувања Маргарет остана бремена. На крајот, таа абортираше зашто тој ñ вети дека засекогаш ќе остане со неа’. Ми зовре. Заминав и си помислив да почекам да се венчаме, а потоа да ги уништам сите. Шестото сетило ми кажуваше да направиме предбрачен договор и тоа беше најдоброто нешто што ми се случи. Се венчавме, и по 3-4 дена успеав да дознаам сè од него. И лудата свекрва била во право, напиша Мила.

Потоа го контактирала својот адвокат со кого се договорила за следните чекори и одмаздата започнала.

„Прво, по еден месец, го шокирав со информацијата дека сакам развод. Си мислел дека сум ги преболела сознанијата за неговото блиско минато, зашто така изгледав, а всушност глумев. Потоа ја барав или куќата во која се вселивме или 50 проценти од парите што ги има, а имаше солидна сума. Дури од инает му го барав автомобилот, но на крајот се премислив за него. И успеав во сè.

По 4 месеци, официјално се разведовме, тој се врати кај неговите родители, а јас ја добив куќата. Самиот си е виновен, а јас бев подготвена да остарам со него “, изјави Полјачката на порталот „Квора“.

Извор: objektiv.rs