Одбил да стане во автобус за да седне бремена жена: Некои му велат “Браво”, дел го критикуваат

Само мирно го гледала во очи.

Интересен момент се случил во еден автобус во Англија.

Во автобусот влегла бремена жена, барајќи со својот поглед слободно место. Бидејќи не го видела, застанала покрај еден маж, кој имал околу 35 години и за кого проценила дека би можел да стане.

Кога забележала дека тој не реагира, а ја погледнал и видел дека е бремена, го прашала љубезно дали може да стане.

Тој уште покултурно и рекол дека не може, после што започнала да плаче.

Мажот потоа и објаснил со два посилни аргументи зошто ја “искулирал”.

“Јас се извинувам но имав смена од 10 стоечки саати на работа и нозете премногу ме болат. Не сум во состојба да стојам. Од друга страна, тоа што вие плачете нема да ја промени мојата одлука, токму како што е и ваша одлука да бидете бремена. Тоа е вашиот личен избор во кој немате право да вовлекувате непознати луѓе”.

Жената замолчела. Го гледала, свесна дека во исто време можеби е безобразен, но и малку повеќе и во право.

Се оттргнала од него и заминала до друга жена која веднаш и го отстапила своето место. Главниот актер на приказната ја сподели приказната на Редит, добивајќи за тоа противречни реакции.

“Апсолутно си во право и секоја чест. Во ред е да им се стани, но не и кога за тоа постојат твои објективни причини”, пишуваа некои.

Друга група луѓе жестоко го критикуваше.

“Што сега, кога пензионер ќе влезе во автобус треба да се правиме луди бидејќи тој избрал да е стар? Тоа е безобразно и неприфатливо”.