Ова момче е родено со ретка клетва: Единствено што не смее во животот е да ги затвори очите (ВИДЕО)

Ова момче е родено со ретка клетва: Единствено што не смее во животот е да ги затвори очите (ВИДЕО)
Ова момче е родено со ретка клетва: Единствено што не смее во животот е да ги затвори очите (ВИДЕО)

Секој ден за него е нова битка.

Кога Британецот Лијам Дербишајер се родил, лекарите на родителите им рекле дека ќе живее само шест недели.

Лијам е роден со синдром на централна хиповентилација, пореметување кое влијае на дишењето, познато како Ондинина клетва.

Во август 2020. Лијам станал полнолетен и за 21 година никогаш самостојно не спиел, бидејќи постои опасност дека нема да се разбуди.

Неговата болест донела бројни предизвици за семејството Дербишајер која заедно со лекарите и негувателката води грижа за момчето Лијам.

Секоја вечер родителите Ким и Питер мораат да го приклучат на респиратор, бидејќи во спротивно може да по.чине. Лијам има и ош.тетување на нервните завршетоци во цревата, го победил ракот како дете и има аутизам.

“Ова е неверојатно ретко заболување. Лијам е првиот пациент на кој дијагностицираф централна хиповентилација кога дојдов во оваа болница пред 12 години”, рекол докторот Гери Конет од болница во Саутемптон.

На семејството не било лесно. Покрај секојдневната грижа за Лијам, потрошиле огромни пари на сметки за електрична енергија за апаратите да работат непрекинато, како и да се инсталираат светлосни аларми во случај да преку ноќ снема струја, за Лијам да биде сигурен додека спие.

Ондинината клетва се однесува на мит за Ондина, водена нимфа која имала неверен љубовник см.ртник. Тој се заколнал дека секој негов здив кога ќе се разбуди ќе биде доказ за неговата љубов, а бидејќи бил неверен, таа го про.колнала кога ќе заспие да заборави да диши.

Погледнете го видеото во продолжение и дознајте за што всушност се работи: