Ова се 10 најсмешни прашања кои децата некогаш им ги поставиле на родителите

Детската фантазија е бескрајна, и тие треба внимателно да се сослушаат, бидејќи во нивната фантазија и размислување се кријат многу искрености и мудрости.

Се сеќавате ли колку пати сте останале збунети и сте морале добро да размислите пред да одговорите на прашањата кои вашето дете ви ги поставило?

Така, еден татко неговото дете го прашало зошто е деснорако. Таткото бил збунети, па го прашал дали навистина му го поставил ова прашање.

-Прашањето ме збуни, останав неколку моменти размислувајќи за можностите. Мојата жена збунето му одговори: Едноставно затоа што си таков, напиша овој корисник на Редит.

После оваа ситуација, овој татко се запрашал какви се искуствата на другите родители? Направил анкета во која учествувале корисниците на социјалната мрежа Редит, а ние ви ги пренесуваме најдобрите одговори.

-Јас лично не се сеќавам, но мојот татко редовно ме потсетува на тоа. Сме се возеле во автомобил, јас сум имал околу 7,8 години. Застанавме на црвено светло на семафорот и јас одеднаш сум го прашал: “Татко, дали бричена горила изгледа како грдо бебе или и понатаму личи на горила? Тој се уште се смее на ова прашање”.

-Доколку го отвориме прозорецот кога внатре е ладно, а надвор топло, дали топлиот воздух влегува внатре или ладниот воздух излегува надвор? – детето кое го постави ова прашање има 6 години.

-Како се вика простор помеѓу игличките на чешелот?

-Од каде доаѓаат мислите? Немав одговор на ова, напиша еден татко.

-Кога ги учев своите деца да пливаат, омиленото прашање кое ми го поставуваа беа “кога ќе научиме да дишиме под вода?”.

-Кога мојата баба и соопшти на фамилијата дека повторно ќе се мажи, мојот роднина, кој има пет години, праша зошто. Таа му одговрила дека навистина и се допаѓа идниот дедо и дека тој разговара со неа и додека е со него, таа не се чувствува осамено. Тогаш тој додаде: А зошто едноставно не купиш папагал?

-Што е она? Дали е утро кога се будиме? Што е планета? – Сето ова праша одеднаш, а потоа се стрча да глуми супер херој.

-Во една прилика едно момче од 10 години ме праша од чиста мира: Дали диносаурусите имаат гради?

-Мојот мал брат еднаш ме праша: Зошто имам пар очи ако гледам само една работа? Сега би ми било полесно да му објаснам, но тогаш беше прилично изненадно и импресивно прашање за дете од 4 години.

-Среде вечера, без никакви најави ниту контектс: Како ти си се чувствувала последниот ден кога си била дете? Богатството на детските мисли и фантазија се секогаш инспиративни.