Овој човек имал среќа како ретко кој има во животот: Станал милионер буквално преку ноќ

Овој човек имал среќа како ретко кој има во животот: Станал милионер буквално преку ноќ
Овој човек имал среќа како ретко кој има во животот: Станал милионер буквално преку ноќ

Џошуа од Индонезија станал најсреќниот човек но во истовреме и се стекнал со огромно богатство поради приказната која ја раскажа тој, односно неодамна во неговата куќа преку покривот му паднал огормен врел камен тежок 2,2 килограми.

Се утврдило дека тоа е метеорит стар 4,5 милијарди години и дека е еден од најзначајните кои некогаш се најдени на планетата.

Тој го продал за околу 1,5 милиони евра, и како што изјавил, дел од парите ги искористил да изгради црква во своето село, пренесува порталот Индекс. Тој и сопругата, како што тврди, сакале уште една ќерка покрај трите деца кои веќе ги имаат, а ова му било знак од вселената.

Џошуа, кој во животот досега изработувал ковчези, многу се уплашил и изненадил кога го виделе каменот кој му го пробил кровот и упаднал во неговата дневна соба. Каменот бил многу жежок, раскажал Џошуа, па така тој и неговата жена со помош на мотики го изнеле од домот.